Можеби Погрешно си го интерпретирала мојот пост. Јас пред се го осудив немањето на свест што може да донесе незаштитениот секс со партнерот.. пред се Штрковите веќе одамна престанаа да носат новороденчиња.И не баш на секој може да му се случи непланирана бременост освен ако не си силувана и тоа го наведов.. Ако немаш финансии и основни услови за живот за себе а не пак уште и за дете или од некои други X причини и каприци не сакаш дете верувам дека секој нормален и разумен човек ќе се обиде да го спречи истото.Така би се намалила и епидемијава од абортуси.
Јас абортирав заради малформација на бебето и тоа во 25 недела тогаш ми открија.Кога дознав цврсто бев решена дека ке го родам без разлика какво и дае.Но кога седнавме да разговараме со мажми и да одлучиме сватив дека тоа дете нема да има живот туку само кесе мачи и која мајка сака да гледа чедото како и се мачи и цел живот да го гледа како билка и решив дека така е најдобро за сите но највеќе за него.И не несе чуствувам како убиец бидејки моето дете нема да се мачи и страда кесе чуствував виновна ако го родев и што немаше да можам да му приуштам се што му треба,нели сите знаеме со каква посебна нега се одгледуваат таквите деца.Немој да збориш нешто што немаш осетено на своја кожа.
Од твојов пост што треба да заклучиме? Дека си против или си за абортус? Некако си контрадикторна, прво ги повикуваш тие што се против абортус да ти одговорат, па внесуваш емоции за абортус од здравствени причини. Велиш познаваш деца со даунов синдром, но само им се воодушевуваш, сочувствуваш со нив, ги сожалуваш истовремено восхитувајќи им се. Но дали познаваш дете/човек со посериозни физички и психички проблеми, како што е ментална ретардација? Дали знаеш низ што поминува тоа или неговото семејство? Тоа се деца кои живеат во некој свој свет, семејството немоќно да им помогне и излечи, услови за домашна нега нема, штитеници се на заводи специјализирани за такви дијагнози. Не знам што е поголемо убиство, дали раѓање на такво дете и осудување цел живот да го помине по болници и други установи или да прекине бременоста, барем во наши услови кога може да се утврди дијагноза, за разлика од пред 20-30 години.
Понекогаш се фрапирам од човечкава бездушност. Да сакаш намерно да абортираш затоа што телевизорот во дневна ти е постар модел а ,не најнов модел на плазма (метафорично кажано) е абсурдно до крајни граници. Моник најискрено се надевам и ти посакувам во скора иднина една детска насмевка во твоите прегратки.
Mnogu ste cudni so mislenjata.Od kade vi e toa pravo da im sudite na drugite i da se mesate vo necii odluki.Dali ste svesni deka mozete uste poveke da mu oteznete na toj sto pobaral pomos,koj patem i doziveal traumi koi ne e dolzen da vi gi objasnuva.Tuku lesno e da povredis nekoj.Znaeme vie ke bidete dobri majki,imate dobri uslovi i mazi koi vi garantiraat sigurna idnina, ama ne sekoj go ima toa.Ete namesto toa dete da pati vo disfunkcionalno semejstvoto ili pak majkata sama da go gleda spored vas kolku ednostavno neli,se odlucila na ovaa odluka.Taa moze i so svojata odluka da cini dobro, ako psihicki ne e dovolno jaka da go donese na svet toa bebe koe ke strada.A koj ne go doziveal toa stradanje i iljada pati se zaprasal zosto postoi ako nema atmosfera za negovo odgleduvanje ne znae.I kolku samo slucaevi ima na majki koi ne se posveteni na svoeto dete,so tek na vreme popustaat i ne mozat da gi zadovolat ni primarnite potrebi na deteto,ama izgleda vie mislite po sekoja cena da rodi koga ne mislela.Ete si ima svoi pricini i toa e vo red,otkolku samo da go rodi.Pa taa so samo ke go rodi i ke go zanemari cini pogolemo zlo. Jas sum poveke protiv otkolku za abortus,no ima nekoi situacii kade toj e najdobro resenie.I tie ne gi osuduvam.So samoto toa sto si seksualno aktiven postoi rizik,pa i da korisris kontracepcija ako malce ti zadocni stravuvas,kolku sakas sigurna bidi.Edinstveno apstinencija e sigurno.Sekoj si ima pravo na izbor i verojatno dobro razmislil.Ne znaci deka posle toa avtomatski ke se kae ako taa ne se pronaoga kako majka ili znae deka toa dete samo bi stradalo.
Nema da se namali. Sekoja zabrana obratnoproporcionalno deluva na svesta na lugeto. Samo ke ima poveke abortusi vo rizicni uslovi. Tie gi ima i sega a zamisli togas. Inace mnogu dobro ti go protolkuvav postot. Nisto licno no mi deluva na apsolutna nezrelost,od aspekt sto se osuduva necie pravo na izbor,do stepen na narekuvanje cedomorstvo.
Ако не им е мил животот и здравјето нека одат,што друго да речам,ако толку се палат на забрани.Бравос ,алал да им е...И баш ова говори на незрелост како клинец кој ја зема колата на тато иако нема возачка дозвола.Тогаш е*****се и слободно абортирајте..многу мудро и паметно.Немам зборови! Ги земате вашите права ама уништувате други! И сакале вие или не да признаете абортусот е убиство.
Дека сте сите вие против абортусот толку сочувствителни и емпатични кон ембрион или фетус кој воопшто и не е во вашата утроба, не верувам воопшто, ве гледаме низ други постови. Често се нема осет кон луѓе со вистински болки и проблеми, па сега демек многу ве допрело па оттаде толку драматично и болно го доживувате абортусот. Мене може ќе ми биде болно ако абортирам, пример, а може и не. Но дека тебе како незасегната воопшто треба да те интересира, никако. И не те интересира вистински, ниту те боли за абортираниот ембрион, ама шанса е да се покажеш како подобра личност во моментот, и тоа затоа што си во подобра ситуација можеби. Во иднина може да дојде ситуација каде ти ќе изгубиш здрав разум заради неочекувани проблеми па ќе го малтретираш своето дете, а таа што абортирала да биде далеку подобра мајка од тебе. Затоа гледајте си го вашиот двор, од нечиј абортус ни ќар ни зијан имате.
Не можам да разберам дали се работи за неукост или од инает, како може фетусот, особено во раните недели од бременоста да го нарекувате дете...или да користите термин чедоморство...уште малку и фаќањето на спермата во презервативот ќе ја наречето убиство од заседа... Или...не сум знаел дека форумов е преплавен со калуѓерки, професорки по етика и светици....па главна разонода им е делењето совети, поучувањето и осудувањето на оние развратнички што се осмелиле да се е*ат ама при тоа не ги запазиле стандардите за безбеден секс и сега наместо да бидат машини за раѓање, тие станале убијци на деца....абе човек да се крсти со раце и со нозе...како да сме во 15 или 16 век. Мислев дека вие женскиот пол знаете да бидете посолидарни во однос на ова прашање, особено кога некој ќе побара помош и ќе праша за совет ама вие (еден дел) сте биле леле мајко.... Работата ми е таква, секојдневно да имам контакти со дисфункционални семејства и 99% од тука присутните немаат престава колкава е таа бројка во Македонија...причините се различни, од алкохолизам, наркоманија, коцкарство, прељуба, ран брак, обично аздисување...бројот на несреќни деца во нашата држава е преголем а мислам дека добар дел од тоа се должи на заостанатите размислувања, срамот од околината, паѓањето под влијание на останатите и многу фактори кои немаат врска со реалноста а крајна цел е да се наведе жената дека е подобро детето да роди какво-такво отколку никакво.... И на крај би порачал...Бидете си господарки на своето тело, тоа е само ваше, ни на вашиот маж, ни на дечко, ни на шефот...вие решавате што ќе правите со него, затоа што утре вие ќе се носите со последиците на вашите одлуки, никој друг....и кога сакате да раѓате или да абортирате, промислете добро и со својата глава а не само со главата на мажот, семејството и комшиите....
Ај ве молам информирајте ме дали после 3 абортуси има шанси за повторно да се забремени? И до која недела се прави абортус? Не знам баш ништо за оваа тема а ми се потребни овие информации. фала однапред.
Абе тука нема точен одговор. Со забременувањето никогаш не се знае. Може да се забремени, теоретски... ама не можеш да знаеш како телото (многу често и психата) ги поднесило тие 3 абортуси, дали се направила некоја промена, физички во самата матка или хормонски. Кај сите различно, се разбира. Можеби и ако се забремени, ќе мора дополнителна терапија... а може и да си се фати сосема нормално. Ако е за тебе, или за било кој друг, најдобро е доктор да провери и да каже каква е состојбата во матката, и да се испитаат хормони. А инаку најдобро е да се изведи до 12 недела за да не остави поголеми последици.
Пак јас ќе се замешам ама сега од друг аспект... Незнам за кого прашуваш, не е ни важно....разбирам да се случи една несакана бременост, па ајде и втора...ама трет пат... Тоа веќе му доаѓа како немарност, несериозност....освен нели ако е од некои здраствени причини ама и да е од тоа, треба да се престане да се обидува. Сигурен сум дека и матката трпи последици, организмот шокови, психата потреси кои може еднаш-два пати да се санираат ама кога ќе прејде во навика....не знам...
Само да те поправам, нема епидемија на абортуси, само повеќе се зборува за нив сега, не е веќе толку табу тема. Мислењето прво ти е полно со осуда, и само да те информирам, плодот не е засебна единка, колку сакаш ти романтизирај го. Нема способност без матката ништо да стане. И да, баш ме интересира колку поддржуваш раѓање на плод кој е резултат на силување, од страна на таткото на бремената.
Испаѓа дека вие "слободоумниве" сте ограничени во самите ставови, демек двојни аршини било ако во еден случај се оправдува а во друг не. Е како да не. Не се двојни аршини туку се реално размислени, немора да значи дека во секој случај мора да бидеш стриктно ЗА или ПРОТИВ, зашто да се ограничиш за едно кога има случаи каде што може да се оправда абортусот тоа е факт. Треба да има простор за разговор и разбирање а не, јас во секој случај сум "За" или пак "Против". Јас општо гледано сум против абортусот знам дека немам право никому да се мешам у одлуки, ете неможам да ги сфатам како посегнуваат по абортус из чиста мира (познавам такви) а тие што мораат (силување, психичко и физичко малтретирање, медицински причини итн.) можам да ги разберам и сфатам, муабетот ми е дека и во двата случаи е жално и трагично, абортусот сам по себе ми е бизарен и крај. Не знам како некој го сфаќа толку едноставно како муабети од типот кај да идеме на кафе денес.
^ Taka nie slobodoumnite go sfakjame abortusot, ej cekaj da odam da abortiram pa ke se dogovorime vecer za izleguvanje. Taka za se sme, sto na um toa na drum, da nema takvi kako vas, glas na razumot, ke nema pred koj da se zasramime.
Секако дека станува збор за двојни аршини. Штом се тргнува од ставот дека абортусот е убиство, тогаш абортусот би требало да биде толериран само во случај животот на мајката да е во медицинска опасност (некој вид на убиство во самоодбрана), сите останати причини би требало да спаѓаат во категоријата на „чедоморство“, без исклучок. Мислам, фетусот не е крив што татко му ја силувал мајка му, нели и тоа има право да се роди? Се спомна и физичко и психичко насилство- бебето не ја тепа мајката, зошто тоа да умре затоа што таткото пие? Следејќи ја реториката на дел од мислењата, испаѓа дека абортусот треба да се забрани само во оние случаи каде зачнувањето се случило додека жената своеволно уживала во сексот. Или со други зборови- „Сврши кога имаше секс? Епа сега да си го родиш!“
Дали сериозно мислите дека некоја абортусот го сфаќа како да е ништо? Дека не си ја чука главата што да прави и откако ќе се направи работата? Толку ниско и никакво мислење имате за нашиов женски род? Мене не ми се верува дека жена го сфаќа абортусот како одење на кафе, освен ако не е психопат, социопат итн... Па мислите дека вас ќе ви каже дека се кае, дека и било тешко, дека едвај донела одлука или низ што поминува? Никоја од вас не се става на туѓо место, гледате само од своја гледна точка, јас сакам бебе, и сега зашто јас сакам секоја што абортира е нечовек. Премногу осудување за жал, јас не би се дрзнала да се мешам или да осудувам за толку лична работа, секоја жена знае лично за себе низ што поминува и што и се случува, а нам најлесно ни е од страна да си судиме и оговараме. Човек кога ја чита темава да помисли дека секоја втора од ќеиф си абортира, како да е најлесното нешто на свет, а верувам дека е една од најтешките одлуки што може да се донесе.
@Bridget И што со муабетов демек ако си ЗА и си само ЗА и никако ПРОТИВ егото задоволено ќе ти биде? Јас едно кажувам таа запнала друго си тера. Ти ме прочита уопште што сакам да кажам? Секој случај е индивидуален и за секој случај треба разбирање да се има, сакаш да кажеш дека ти лично би оправдала ако некоја си абортира на секој 5ти месец? Ок ако така очигледно не си у реду ни како некоја совет што може да даде а и воопшто како особа. Не знам дали ќе ми "поверуваш" aко ти кажам дека јас лично знам такви на кои не им е уопште гајле за тоа што абортирале по 5ти пат не треба да ми кажат се гледа во однесувањето во начинот на комуникација и начинот на кој си живат живот. Друго кој рече дека ги осудувам јас не сум никоја да ги осудам си кажувам мој личен став у однос на тоа и каква мене би ми била релацијата со тие ликови.