Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.111
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Не, не ти верувам, мислам дека претеруваш за да докажеш некоја своја поента. По 5ти пат, сигурно, сигурно и над десетина такви познаваш.;)
     
    На tessie, Bozica1980, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  2. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Не десеттина, ама една не е доволно да ти го докаже спротивното дека постојат и такви?
    И верувај не сакам никаква поента да докажам нит имам его нит па нешто ме задоволува стриктно да се држам до нешто. Поентата ми е да се земе све у обзир кај таа личност па после мислење да се даде.
    Ти викаш да не се генерализира а ти си таа која генерализира и вели дека не верува дека има таква што не и е гајле што абортирала ете има и една да е што ја познавам сигурно не е баш таа единствена на светот, логика
     
    Последна измена: 10 октомври 2015
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    6.633
    секој има право на своја одлука.ако жената не го сака детето не може никој да ја натера да го задржи.
    погоре членката спомна дека сопругот ја малтретирај,ја изневерувал па затоа се одлучила на абортус.
    јас ваков човек не би можела да погледнам а не пак да легнам со него.
     
    На tessie и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    @Naussica не, не се двојни аршини туку уклучување на мозок, размислување..колку и да звучи бизарно затоа што и бизарна е целава тема земено како поента да, за убиство нема оправдување но во практика од убиство до убиство има разлика и според судски норми нели прв втор трет степен итн а и еве практично пример да речеме дали би сочуствувала со убиец кој искасапил намерно некој и убиец кој пошто му ја силувале 5 годишната ќерка го убил педофилот. Исто е? И самиот суд има помала поголема казна од убиство до убиство има разлика и за секој индивидуален случај се дава мислење а не ограничено од старт да сум ЗА или ПРОТИВ
     
  5. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Ако продолжат ваквиве дискусии и ставови на членки кои се служат со зборовите УБИСТВО, УБИЕЦ, ЧЕДОМОРСТВО и слично, верувам дека ќе донесат закон да се судат мајки кои абортирале од причини кои не ги оправдуваат оние кои се про-лајф настроени.

    Жена на жена толкав непријател да си биде, вакво нешто не сум видела до сега. Мажи да беа на наше место, поддршки ќе фрчеа на сите страни. Тука, уште на клада што не почнале да се спалуваат некои луѓе... :x
     
    На anel, ph.orhideja, mimiiiii и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Абе како да ви кажам, не ве прави подобра мајка ако сте против абортусот и ги вреѓате жените што абортирале или сакаат да абортираат.
    Нит па Господ ќе земе да ви ги чита постовите тука па ако се трудите 2 години да забремените, еве баш сега ќе ви успее. Оти сте против „чедоморството“ што другите жени „без совест“ го прават.

    Луѓе, дај бе не брцајте у туѓи животи.
    Многу ми е глупо ова „ако е ваков и ваков случајот ондак сум против, ама ако е онаков е тогаш сум за.“
    Абе битно ли е од што причина се абортира?
    И таа причина од „аздисаност“ што велите, е доволна причина.
    Не го сака детето. Друго не е битно.
    Ни условите кои ги има да му ги пружи, ни топлиот дома, ни тоа што вие не можете да забремените, ни апсолутно ништо.
    Доволно е да не го сака детето. Си се сака себе си повеќе, и тоа е сосем во ред.

    Наместо поддршка да сме си една на друга, ние ќе се кудиме и вреѓаме тука, дали нешто било праведно или не, а уопште не не засега нас. :^)
     
    На anel, vitamina, tessie и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Како се гледа по однесувањето? Како треба да изгледа жената која абортирала во однос на онаа која не го направила тоа? Да си напише на челото, да се завие во црнила, да добие огромна трансформација ментално и физички за да можете вие совесните што е можно повеќе да се наситувате? Солзите и се пропратено со маката е за дома девојко, за надвор насмевката треба да блеска на лице дури и кога внатрешноста ти вришти, затоа што никој нема да ти помогне, може само да си гледа и да си има темичка плус за оговарање и осудување. Сите овие страници наназад го докажуваат истото, за жал.
     
    Последна измена: 10 октомври 2015
    На ph.orhideja, tessie, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Малку офтопик ама во контекст на болдираното
    Nasim_SNL810.jpg
    (од скеч на Saturday Night Live)
     
    Последна измена: 10 октомври 2015
    На anel, tessie, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Tи на вакви даваш поддршка? Секоја чест нз што друго да ти кажам.
    Абе види вие како "неограничени" многу тешко поднесувате поинакви ставови дали тоа ве прави контрадикторни?
     
    На zalosna и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  10. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Зошто да давам или да не давам поддршка?
    Да не дојде таа мене да ме праша дали смее да абортира?
    Битно е да не ја осудувам, и да не се лупам у груди дека јас сум подобра личност од нејзе, бидејќи не сум абортирала.
    Сакам да кажам дека нас не не засега, и секој си има право да си прави што сака со животот.
    Не е мое, ни твое, ни ничие, да се осудува како требало, зошто требало.

    Јас како „неограничена“ се разликувам од тебе како „ограничена“ знаеш по што?
    По тоа што не се замарам кој што прави во животот.
    Не одам на некој да му кажам „епа шо си се ебела ако не можеш дете да растеш?“ како што вие правите, кој директно, кој индиректно. :D

    И утре кога јас ќе абортирам, нема да дојдам од тебе да барам дозвола.
    Ти нема да ми го растеш бебето што не сум сакала да го родам.
    И нека е од аздисаност.
    И нека е по 5ти пат како што тврдиш ти дека имало жени на кои абортирањето им било како идење на кафе.
    Нема ти да го растеш, бидејќи ти не поддржуваш абортус.
     
    На anel, vitamina, tessie и 10 други им се допаѓа ова.
  11. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Во Кривичниот закон и во криминалистичката терминологија, терминот УБИСТВО како и терминот ЧЕДОМОРСТВО се наменети и стриктно се однесуваат на противправно лишување од живот на човек или дете....и никако
    поинаку и ништо друго...
    Фетусот во телото на жената не
    може да биде убиен...затоа и
    постои стручен термин,
    ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТ.
    Така да сите што ги користат
    горенаведените квалификации,
    убиство и чедоморство, сакаат
    единствено да удираат по совеста
    на оние што на оваа работа имаат
    поинакво гледање од нив....
     
    На anel, tessie, Bozica1980 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    А мислиш дека јас идам и кажувам на некоја дал да абортира или не? Став можам да кажам нели? Или по секоја цена мора ЗА да бидам пошто у спротивно сум против целиот женски род. И не не мислам дека сум подобра, секој случај е индивидуален и единствено можам само да размислам дали ќе бидам блиска со таа особа или не, ништо повеќе.
    Вие феминисткиве целиот женски род го оправдувате со све психопатки и не знам какви глупачки и после јас и сличните на мене генерализирале и биле ограничени. Добра логика нема што (y)
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Интересно, дали некоја абортирала или не, требало да биде пресудно дали таа личност ќе ти биде блиска.
    Ај ондак, сум требала јас и мајка ми, и тетка ми, и братучедка ми, и најдобрата другарка да си ги испишам од листа на живи. :D

    major facepalm. (facepalm)

    Oти бре психопати и глупачки?
    Оти некои немале пари да го оддржуваат?
    Оти други немале ни кров свој над глава?
    Оти трети биле силувани?
    Оти четврти не сакале да се реализираат како мајки?

    А знаеш ли шо е психопат уствари?
    Онака, терминолошки?
    Или небитно шо значење има, битно е да се употреби како навреда ?

    Дискусијава не води никаде очигледно. :D
     
    На anel, tessie, naturally и 5 други им се допаѓа ова.
  14. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Си има секој избор и право што сака да прави, ама 3 абортуси да направиш треба старно да си болен во паметот (facepalm) Ајде што е ризично за здравјето на жената, па и толку бебиња да носиш на душа...стварно секоја чест на паметот, чувствата што ги немате и осетот што ви е во минус...
    Нема шанси да не сте слушнале за контрацепција (ако не сакаш дете, купи и употребувај).... освен ако не живеете во некоја пештера и по цел ден се сексате, и после одите на абортус.
     
    На zalosna, cresa-jagoda, m.i.g и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    ^^^
    Со закон забрането не е, значи треба морално да ги осудиме. Ако не ги оправдуваме кажи, како треба да се однесуваме со нив? Еве да речеме познавам некоја која имала добар дечко, работа и услови да изгледа дете, ама решила дека не е тоа што го сака, несреќна е, и во план и е наредни 5 или 10 години да студира или да шета низ светот па затоа абортирала. Како треба јас и останатите блиски околу неа кои на пример сме против абортус, да се однесуваме со неа според тебе?
    Да ја отфрлиме, да не ја дружиме веќе, да ја збориме по комшии, како?
     
    На vitamina, tessie, MacenceEna и 6 други им се допаѓа ова.
  16. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Да, одредувам дали ќе ми биде блиска некоја која абортирала по "5ти" пат знам колку можам да сметам на неа колку е сериозна и колку можам емоционална поддршка од таква особа да имам.
    Ете ти чист пример за психопат некој што абортира 5 пати и не чуствува грижа на совест. Психопатија е кога не сочуствуваш, кога не чуствуваш вина за одредено дело кое си го направил а не е во морални норми.
    Како сакаш ма, твој избор. Ја за мене кажуем. Можам да си имам критериуми за пријатели нели? Или ваш совет е све живо и диво пријател да ми биде.
     
    На zalosna и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    ^
    Добро еве тебе те прашувам, запознаваш нова колешка, се зближуваш, ја почитуваш и како човек и како работник, и после одредено време дознаваш дека имала абортирано, и тоа замисли од "аздис". Ме интересира како ќе реагираш?
     
    На vitamina, tessie, naturally и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Ќе се смеев на ова, ама некако и да се смеам тешко ми паѓа. :D

    Де бре жени, мислите некоја што се решила на тој чекор, не се предомислувала по 150 пати по дома?
    Жена за фустан еден дали да го купи или не размислува недела дена, а не па за абортус.
    Од многу што е среќна за бременоста, сигурно не решила да абортира.

    Мада, ваквите како тебе со вакво размислување, и подобро нека се држат подалеку од жени кои абортирале или ќе абортираат.
    Подобро за нив да немаат луѓе околу себе со волкаво ограничено размислување како твоево. :)
     
    На anel, tessie, naturally и 5 други им се допаѓа ова.
  19. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Е, тоа е трагичното што некоја повеќе за фустан се мисли, отколку да раѓа. И самата си кажа не се ваѓај сеа дека некоја и да си абортира од аздис би ти била најбоља другарица ете секоја чест уште еднаш на твоето слободоумно размишљање.
    Еве една порака за слободоумниве за крај
    be-open-minded-but-not-so-open-minded-that-your-brains-fall-out-quote-1.jpg
    Ајт позиќ
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Напишав пост и го избришав од кога ми излезе последниов коментар.:x
    Мојата другарка или познаничка да абортирала од било кои причини и јас да не се дружам со неа. Каде живеете вие, под земја!
     
    На LUCERKA, ph.orhideja, tessie и 11 други им се допаѓа ова.