Како сакам така ќе ги викам, нели демократија е ова, што те засега како ги викам. Кој речник? Гуски, мочли, ебење? Аии порфавор, сигурно тоа се единствени зборчиња на форумов кои ти бодат очи? Сите тука ич не навредувате, не употребувате такви зборчиња, ама сега бидејќи ги напишав јас како поборник против абортус одма ви сметаат. А што те здоболе јас како сум нарекла некого, да не цитирав некој од вас и му реков ќути ма гуско една? Ај не хиперболизирајте, кажете си ваше мислење а не мене да ми кажувате кој како нарекувам. Или како Миле коа му кажа на Тошо-ти ќе ми кажеш како да се поздравувам со другари.
Абе коа нема некој аргументи фаќа кривини и прибелешки од тој тип, речник, дијалект, начин на изразување да можеше гласот да се слуша и у која интонација ќе ти кажеа да збориш пошто ако збориш у алт многу грубо звучи а сопран полиберално и почустветелно. Ахх брееејј.
Па се гледа дека само за тоа намина во темава, да се рчнеш, да кажеш што кој како треба, кој како смее а како не смее да се изрази. Мене па повеќе ми е срам да поминам вака во некоја тема и да се истакнам, притоа директно навредувајќи некого и да бидам комплетно офтопик. Седи, не бегај, ќе спржиме нешто
Исто како и вие кои што сте против абортус за оние со спротивно мислење користите УБИЈЦИ, ЧЕДОМОРЦИ. Таква е темата сензитивна, на речникот мора да се внимава. Самите вие сте со многу јака совест, би требало да ви е јасно...
Може неки сокич, грлото ме гребе а скара исто може, јас па ставив зејтин во тавче, мислев да спржам нешто.
Познаничка моја има абортирано од баш никаква причина. Со дечко, со пари, со се', на двесет и пет години. Причина: од што сакала уште да поживее. Еве ја сега две-три години подоцна, сингл е, шета со некои сингл другарки: преку лето во Грција, во зима Банско; се замара со диети, три пати неделно оди на зумба да се покаже дека продуктивно го користи животот; случајно сестра ми и го скрши вештачкиот нокт и оваа фамилијарно ни се лутеше една недела. Тоа е нејзиниот прекрасен живот. Никаков потенцијал, ниту амбиција, ама затоа детето би и било терет. Зашто таа вечно ќе остане дете кое се плаши од одговорност. Дали и се мешам во нејзината одлука, секако дека не. На никој не би се мешала и не би осудувала, ова е само мое гледање на работите. Друго што сакав да кажам, сериозна причина во тоа детето да се изгледува без маж, па и не гледам. Жени ли сме ние или квачки? Знам многу деца израснати со самохрани мајки, па се супер. Сакам да кажам дека многу морални вредности се изгубени и жените трчаат по лажна удобност. Сите сме толку недораснати. Профил на жена која абортирала нема. Не можам да кажам таа е таква и таква, пошто реално и не ме интересира. Не би се нашла никогаш помеѓу малските оговарачки или да покажувам некоја со прст ради нејзиниот избор. Нејзиното тело, нејзин избор, таа ќе си живее со тоа.
Традиционалното општество наметнува ставови за оние кои ги немате и ве тера да прифаќате нешто што не сакате и ви го отупува мозокот што при донесувањето на одлуките прво си викате што ќе рече околината, па после вие. И после има цел живот ништо не е погодено, ама битно да кажам јас за другиот и неговиот живот.
Мене ми се чини дека некој не се сексувал доволно заради штознам, лични стеги или слично, па сега сака да ги казни гуските што редовно се сексуваат (зборот ми е крш), и што е бе лошо да се сексуваш на 19 години? Па сега ете им казна, нека раѓаат на 19 како казна за премногу сексување. Но, да не бидам премногу очигледна дека ликувам за нивното неозбилно сфаќање на сексот за разлика од мене што си бев поштена девојка со крстот на чело а тие гуски и чавки, ќе кажам дека премногу сум загрижена за ембрионот зачнат во нив. А @Abeja ?
Најчесто читано нешто ми е: пих, така ги убиваат бебињата, а толку луѓе има што не можат да имаат деца. Не е крива бремената што сака да абортира што некој нема деца океј? Јас па познавам жени што родиле 4-5 деца, а немаат ни за едно - не само пари, туку ни желба да им обрнат внимание. Познавам и мајки на 2 деца, чии деца сами седат на улица од 3 години. И такви што наместо да им читаат приказни на децата, оговараат со комшиките, и гледаат турски серии. Познавам мајки кои си ги млатат децата, познавам мајки кои си ги родиле и напуштиле. Дали заради овие примери треба секоја жена да биде преиспитана кои и се мотивите што воопшто раѓа? Дали е глупача ако роди, а нема кај да живее, нема работа, нема маж, нема време за детето? Или, битно е да се роди, до таму ви е вас гајле, а откако ќе се роди, ху керс. Многу бре си судите, ради некоја што е зелена (арно што абортирала, замисли таква мајка, кое сирото дете заслужува) сите се вакви и онакви. А онаа што после 3 деца, четврто абортирала, не можам да ја обвинам. Не би ја обвинила ни ако го роди, ама се праша ти кога дозна дали има услови да го исчува? Или роди ме мајко и фрли ме на буниште работава.
Не не премногу е ин изразов се плашат ликовиве да отстапат од него у спротивно нема да бидат кулл Со став без став гајле ти е битно он/она "модерни" сфаќања има yeaah.
Јас сепак не би била толку сигурна во тврдењата да бев на твое место со оглед на тоа дека не работиш во завод за статистика па, со сигурност да тврдиш дека не е зголемен бројот на абортуси во земјава. Абортусот го имало и во некои поодминати времиња но,не во такви размери како што е денес.Резултат на модерните сфаќања и стандарди ,за жал! Значи бебето се носи во утробата 9 месеци и не треба да се негира неговата уникатност и индивидуалност кога претставува единка со специфична ДНК структура и геном.Значи зборувам за периодот на зависност во тие 9 месеци а,не периодот потоа. И да ако те интересира одговорот на прашањето ДА подржувам плод на инцест ,(познати се и такви живи примери на деца)од една причина што тие не се виновни на каков начин се зачнати па за да ги сносат последиците на нечија монсруозност!
Како бе така? Како можеш да знаеш ти што се случува со некоја личност, можеш да објасниш или не? Кои модерни сфаќања? Знаеш ти дека бабите наши абортирале, или не? Ебате модерното, 100 години уназад нешто што е правено (не така тајно). Не е работава кој колку е модерен. Абе јас ич не сум модерна бе душо. Ич. Не следам трендови, не се облакам по последна мода, не разбирам силиконски муцки. Знаеш која е разликата? Не сум алапача и ме заболе што прави Стојна. Ако сакам јас никој не ми пика прсти во моја манџа, не пикам во туѓа. Ќе те разберам само ако ти океј на тебе да ти го разглабаме твојот интимен живот и да ти кажуваме што треба, а што да не правиш. Ама пошто твојот интимен живот не го разглабаме, зошто мислиш дека ТИ имаш право нечиј туѓ - на форум, или пострашно по дома да разглабаш? И не само за ова, генерално не го сфаќам моментот за што било да се разговара, за било какви избори на една личност. Само прости, малодушни и безобзирни луѓе можат да дискутираат такви интимни, туѓи проблеми. Од каде знаеш дали не работам во зс? М? Фино, фино, далеку да е од тебе, да треба ти да родиш плод на инцест, или генерално силување, ќе видиме колку нема да абортираш.
Мислиш дека имањето сопствен став и донесувањето одлуки без да дозволиш некој да ти влијае е тренд и кул, шта речи?
Абе све тоа е свето. Се надевам дека членката има желба да научи нешто, па еве и едно линкче, нека скокне надоле до The Biological Cost of Incest.
не е само тоа прашање, плодот има голема веројатност да биде со разни неправилности како што е случај со децата што се створени помеѓу роднини до трето колено.... тука е и проблемот со мајката што ќе го роди и цел живот кога ќе го гледа ќе знае дека е плод на инцест.
Ама ајде нели ја занемаруваме мајката, можда свршила док водела љубов со брат и. Упс, пардон, се ебела, сексала, ширела нозе, се курвала и тако даље. Со еден збор свршила док ја рокал брат и бе. Како не ми текна. Него, што правиме со плодот? Не е ли животче како и она што е направено со рандом странец у дискотека?
Додека им берете гајле на неродени деца, чисто онака да ве потсетам, оти гледам колку сочуствувате, помогнете и на една мајка за атер на децата. Во темата донираме на којтреба има повик на Зорица, самохрана мајка на две деца. Уште и треба помош. Знам дека е оф топик, ама еве, гледам се грижите па...