Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Во темава фали уште да се извадат ножеви и да почнеме да се бодеме меѓу себе.

    Криво ми е што на форумов не сум нашла една тема во која некој нешто разумно ќе објасни и ќе има мирна и културна дискусија. Да, форум е, треба да се изнесуваат спротиставени ставови, ама ова е бре, премногу.

    Не е важно што некои членови не сакаат да разберат некои работи, па одат со глава во ѕид, тажното е што ние кои сме ЗА абортусот не можеме да постигнеме еден обичен компромис со про-лајферите само околу една работа: Имајте свое мислење - тоа никој не ви го забрани, побогу, искажете си го - и тоа ви е дозволено, фала му на Бога, ама прекинете со осуди и со употреба на зборот УБИСТВО, аман за аман.

    Толку ли е тешко да дискутирате нормално? И не, не можам баш да се сложам со тоа дека никому не му е гајле за туѓиот живот, затоа што автоматски кога некој тука ќе побара совет или ќе праша нешто поврзано за абортусот, веднаш е бомбардиран од прашања. И тоа е во ред. Но тука, едната страна почнува многу „емотивно“ да ги доживува работите и да си става при срце, па почнува со осуди. Значи, прашајте си што мислите дека е релевантно за да поделите совет, кажете си го вашето мислење со ладна глава и без употреба на фамозното и љубеното„УБИСТВО“ и крај на приказната. Ете, толку е едноставно. Поддршка не ни морате да давате, тука сме ние - бесчувствителните за таа работа.

    Зауздајте се малку и смирете ги страстите. А со употреба на зборот „УБИСТВО“ можете да предомислувате некој ваш близок (не ме фаќајте за гуша веднаш, може и пријателка да ви биде) да не абортира, бидејќи тој човек ви значи.

    Ете толку. :|
     
    На tessie, anel, galapce и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    4.390
    Пол:
    Женски
    По тоа што не идеш во црква јасно ми е твоево мислење во постов ;) не ти замерувам пишувај што сакаш :) јас си го пишав своето мислење и тоа како изгледате од страно кога некој ќе прочита а не па во живо човек да ве сретне хахахха
    Какви све "луѓе" држела планетава хаха
     
    На cresa-jagoda и zalosna им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.587
    Ваљда знаеш колку глупости изнатресе, ама тоа сд ниски провокации.
    Во темава не станува збор за мене, него колку рисјански ти се однесуваш према некоја што абортирала? Ја знаеш случката со Исус и проститутката?
     
    На tessie, vitamina, Daydream и 9 други им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.803
    Допаѓања:
    325.324
    Пол:
    Женски
    Синки тие што идат во црква се по дифолт само чесни луге м? Немој не
     
    На SexiLy, ph.orhideja, MacenceEna и 17 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.587
    Тие не абортираат и немале секс пред брак. Најмногу се плашам од тие со крст на чело ама и ме интересира како изгледаме прочоисериве во живо...
     
    На ninja35 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Чедо Божјо немој да абортираш, затоа што ќе одиш во пеколот.:devil:
     
    На ninja35 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.047
    Допаѓања:
    134.563
    Мислам дека сме надвор од темата, може и порано имам кажано, кога свештено лице доаѓа на смртна постела за да го причести болниот и да му ги прости гревовите, единствен грев кој не го простува, без разлика на се е абортусот, или како што викаат чедоморството. Понекогаш простувале убиство на друг човек, ама абортус не. Тоа што кај нас од религија на Велигден знаеме дека се јаде месо, не е никој крив.

    Настрана религијата, некој погоре пиша не ми е гајле за твоето дете, бебе, плод. На такви луѓе никогаш за никој не им е гајле и тоа се вика себичност.
     
    На cresa-jagoda, zalosna, Pcelka94 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Da se nadovrzam na muabetov. Imam snaa za bratuched koja pred dvaesetina godini stana tolku mnigu religiozna toa e chudo. I na kjerka i koga nesakajkji zatrudni na 22 ne i dade da napravi abortus. A ona kolku e bezgreshna toa e chudo edno. (facepalm)
    @Pcelka94, izgleda ne si svesna shto napisha. Eve jas ne odam vo crkva ama rekov ne bi abortirala, no toa ne znachi deka imam pravo da se mesham vo tugj zivot i da popuvam. Strashno ej. Temava stana horor za chitanje. Ako nemate odgovor na prashanje na nekoja chlenka, daj bar ne ja navreduvajte odma.
     
    На CameliaMiller, theowndemon, slobodka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Се до кога мислите дека во темава некој на некого лично му се меша во брачниот кревет и неговите животни одлуки, ќе има препирања во темава.
    Затоа треба да се прифати дека овде се ПИШУВААТ свои МИСЛЕЊА и никој на никого не му се меша во одлуките, може глава да крши ако сака.
    @CameliaMiller како дежурен посматрач и цитирач во темава, за доброто на дискусијата, воздржувај се од цитирање на секој кој ќе напише СВОЕ мислење во темава, бидејќи трчаш да го негираш секој и правиш хаос. Ете по милионити пат те прочитавме едно те исто, дека си за абортус, отече веќе со постојано повторување, те научивме на памет. Исто и оние што поминуваат само да навредат некого на лична основа, мислејќи дека му го спуштиле на некој а всушност сами се спуштиле, воздржете се од себеистакнување и придржувајте се кон темата.
     
    На eloves, zalosna, Cka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Морам уште еднаш да се вклучам во дискусијава, бидејќи темава се претвори во дуел pro-life vs. pro-choice, па испадна дека тие што се за правото на абортус имаат нешто против оние кои се против абортусот, па дури дека ги сметаат за неинтелигенти, неписмени, зелени во главите и уште што ти не.

    Еве, да објаснам зошто не е така.

    За мене веќе кажав дека сум за тоа жената да има право на избор, односно да се одлучи дали ќе абортира или не. Што значи, апсолутно немам ништо против оние кои не го поддржуваат абортусот. Тоа е нивно право, нивна одлука и нивен избор, а јас токму и за тоа се залагам - секој да има право на избор. Така да, ако некоја смета дека секоја бременост треба да резултира со раѓање на дете, јас немам никаков проблем со тоа, ниту пак на таа жена гледам потценувачки на било кој начин. Секој треба да си одлучи за сопствената бременост, во согласност со своите морални и етички принципи и начела и својата животна ситуација.

    Според ова, јас не гледам зошто тие што се за абортусот мора по дифолт да бидат против оние кои се против абортусот. Сепак, прочојсерите го поддржуваат правото на избор, што не значи дека одобруваат абортус во секоја можна прилика и ситуација.

    Од друга страна, она што мене лично ми пречи кај противниците на абортусот е следново:
    • Користење на погрдни зборови и реторика, од типот на убиство, убиец, чедоморство итн.
    • Осуда и напаѓање на сите оние кои го поддржуваат абортусот или направиле абортус и нивно „закитување“ со разно-разни „епитети“.
    • Давање на некакви екстремни примери, од типот на девојка која на 20 год. се ебела со кој ќе стигне и направила до сеа 5 абортуси, онака од мерак, без трошка грижа на совест.
    • Ставање на грозоморни видеа и језиви описи на постапката за абортус, со која цел не знам, најверојатно да ги „свестат“ поддржувачите на аборусот и со грозоморие да ги „натераат“ да си го сменат мислењето.
    • Оправдување на абортусот во една ситуација, а осудување во друга и хипотетизирање, од типот „Јас никогаш не би абортирала, дури и кога...“.
    Ете, тоа е тоа. Не ми е јасно зошто ако сте против абортусот не можете да прифатите дека има и некој што размислува поинаку од вас и да го почитувате тоа.

    И стварно не ја разбирам поената од користење на екстремни примери - девојки кои абортираат по 5, 7 и 10 пати? Мислам дека никој нормален нема да оправда некоја таква - еве, ја сум за правото на абортус, но ова нормално, не го оправдувам. Но, сепак, стојам на тоа дека секоја жена треба да има право на избор. Ако некоја одлучила да абортира 10 пати, тоа е нејзино право и нема јас што тука да и изигравам морален судија. Нејзините животни грешки се само нејзини и одат на нејзина совест. Но, и цврсто стојам на тоа дека е подобро да абортира, штом е со таков ментален склоп, отколку да го роди и одгледува детето со таков памет. Ако одиме во другиот екстрем, еве, јас не оправдувам ни некоја која родила 7 деца, а нема услови да чува ниту едно од нив. Но, повторно - тоа си е нејзин избор и нејзин живот, и нема зошто јас да ја осудувам. Но, пак ќе повторам - што е поентата на вакви екстремни примери, кога тие не сочинуваат ни 1% од населението?

    Исто, не ги разбирам ставовите од типот - „Абортус оправдувам само кога..., но во спротивно, не го оправдувам“. Ако изнесувате ваш личен став, тоа е ОК и немам ништо против тоа. Но, ако го користите вашиот личен став за да ги осудите сите што немаат исто мислење како вашето, тогаш тоа воопшто не е во ред. Кој ви дал за право да бидете морални судии врз нечиј туѓ живот и судбина?

    На крај, нешто и за „теоретичарите“, кои изнесуваат секакви тврдења од типот дека абортус не треба да се направи дури ни во случаи на генетско заболување, силување или инцест. Знаете како викаат - „Во теорија, теоријата и праксата се исти, ама во пракса - не се“. Многу е лесно да се теоретизира за некаква ситуација во која самите лично не сме се нашле, да се изнесуваат хипотетички ставови и да се осудуваат оние кои со спротивни размислувања. Не сакам на никој да му посакам некоја од овие ситуации да ја искуси на своја кожа, па да го видам дали ќе постапува онака како што тука теоретизирал, туку едноставно сакам да ги замолам оние со ваквите размислувања да размислат 2 пати пред да пишат вакво нешто, затоа што, едноставно, не можеш со сигурност да твдриш што би направил во ситуација во која никогаш не си се нашол.
     
    На anel, eloves, An-na и 15 други им се допаѓа ова.
  11. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    Јас само да кажам нешто од моето семејство, не се работи за мој став туку само изнесување на една случка.
    Свекрва ми има три деца. Маж ми, кој има и брат и сестра. Госпогава сакала да ги абортира и мм и золва ми. За мм со цел памет што го нема кревала тешко да го загуби прокрварела и не отишла на лекар мислејки ете биднало. За золва ми се спремала за абортус но свекор ми не дозволил.
    Двете деца кои таа не сакала да ги роди сега мака мачат со стерилитет, а таа секојдневно плаче за внуци, била стара и немала да ги дочека, ништо не грешела за да нема внуци. Ништо? хмм ок.
    Единственото дете што и било сакано сега и го загорчува животот.Карма ли е што ли е...
     
    На cresa-jagoda, kjukli, eloves и 4 други им се допаѓа ова.
  12. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Леле, доста се забегало од темава, и пак истото па истото... До утре ние да си вадиме очи тука, ќе има такви кои ќе се 'сексуваат'( ако зборот на Е не смеело да се користи ) и ќе си носат одлуки за "своето тело", зошто она 'страно тело' кое Има потенцијал во иднина да си биде Свое посебно и засебно Тело и мнооогу повеќе од само тело - СЕ НАОЃА ВО ТОЈ МОМЕНТ ВО НИВНОТО ТЕЛО!
    Ми боди очи само тврдењето дека жената имала право на избор за своето тело - да, може да си ги зголеми градите, да си ја 'напумпа' устата, да се фризира како сака, но да одлучува за абортусот Би требало заедно со тој со кој го направила ( освен исклучоци ) кога од одредени причини го нема или не го знае дотичниот, тогаш би било пожелно да се консултира со некој близок од доверба и пожелно и психолог.
    Пред да продолжам , само да ви напоменам дека ова е МОЕ ЛИЧНО МИСЛЕЊЕ и со своето ПРАВО НА ИЗБОР на зборови си пишувам на јавен форум, не се однесува на ниедна членка од овде!!!!
    Е сега кога го разјаснив тоа, ќе кажам уште еднаш дека сум ПРОТИВ абортусот, а не СУДАМ НА ДРУГИ за нивните избори и одлуки. И не сум со два аршини, од било какви причини да е направен за мене претставува (да не користам одредени зборови кои навредувале - ќе кажам спротивното на ИЗБОР ЗА ЖИВОТ) .
    И секако, со сегашната напредната медицина може да се види дали 'плодот' е 'дефектен', и според таа проценка да се 'исчисти' од матката таков плод е ок за накого, но кога не би можело да се види истото пред да се роди, ако е такво 'дефектно' родено и не чини сега ај да го убиеме, е убиство, а ако Истото се направи пред истекот на тие 9 месеци е тогаш Не Е!!??!???

    Ај поздрав!!!
     
    На kjukli, eloves, m.i.g и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Еве јас одам во црква, верник сум, но го делам мислењето на @CameliaMiller и не го сметам абортусот за убиство, зашто реално и не е, да не навлегувам пак во истата проблематика.
    Многу пати имам кажано дека доколку не дај Боже ми се случи несакана бременост додека не завршам студии, т.е. додека сè уште финансиски зависам од моите, не сакам да имам деца. Тоа е заедничка замисла со партнерот и така и ќе биде додека не застанам малку од малку на свои нозе.

    Нормално, тоа не значи дека се сексам кога и каде стигнам без внимание - пред сè друго, најпрво сум за заштита од несакана бременост, а абортус како последна „опција“.

    Нека не ми го прости попот абортусот како грев - нормално, ако некогаш се случи да абортирам; јас и онака одамна престанав да верувам во квази поповите низ нашите верски објекти.
    На крај краева, никој не умира безгрешен. А мене Бог нека ми пресуди. :)
     
    На Doozy, anel, ph.orhideja и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Па затоа постојат испитувања,бре луѓее!Доколку медицински се утврди дека нема посериозни деформации зошто да не заслужи тој фетус можност за живот?Законот е релативна категорија.Кога постојат права за децата,животните и други категории се прашувам зошто да не постојат и загарантирани права за неродени деца?Право на живот!
    Не секогаш абортусот го гледам како крајно и нужно решение.на крај краева ,постојат и служби за посвојување кое што го сметам за помало зло отколку абортирањето.
    Во моите очи секогаш ќе биде попочитувана онаа мајка дури и да има 3 различни деца од тројца различни татковци отколку оние другите кои ја решаваат сопствената грешка и неодговорност како да вадат обична мрсна флека од облека ,ама битно пред народот се многу чисти и поштени!Аха да ,ама подобро на лицето да стават маска на успешни и реализирани жени ,никогаш не признавајќи го сопственото каење на себеси а,камоли на друг!
    За крај, постои огромна разлика во искажувањето на негативна критика и осудување така да тврдењата дека осудувам со моите постови задржете си ги за себе!
     
    На zalosna, Abeja, Pcelka94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.587
    Ќе се воздржам кога јас мислам дека ќе треба.
    И не е СВОЕ мислење кога ќе кажеш - глупача, мрсулка, на деветнаест абортирала, шо е ова абортус од аздис.
    Јок, ти тука не збориш за СЕБЕ.
    Збориш за некој друг.

    Малце разлика има, а?
    Мене ми е гајле за тебе. И гајле ми е за сите родени. (ова го мислам - да, се грижам :) )
    Не ми е гајле за тоа дали ќе раѓаш или не. Ќе ми биде гајле само ако побараш совет и мислење.

    А сама да ти се замарам дали да раѓаш или не, и да ти се мешам во твои избори? Никогаш.

    Може мислам дека одредена личност е тотално неспособна да биде мајка, никогаш нема да и речам - абортирај. Исто како што никогаш на некоја што сака да абортира, нема да и речам - раѓај, грев е.

    Тоа не е себичност, туку почитување на туѓото право на избор.

    @joy1 по мое мислење не треба клуч, тоа ми е некако детски :) Доволно е чистка на офтопици.
     
    Последна измена: 11 октомври 2015
    На eloves, tessie, anel и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    WoW овде се зборува дека ти одобруваш да се роди дете од ИНЦЕСТ!
    Како ќе му кажеш на детето од инцест: Овој ти е татко ама и дедо ти е или Овој ти е татко ама и вујко ти е!
    Немој ти се молам сега да кажуваш за некои си испитувања, де ај врати се и види што одобруваш.
    Де молим те да не те учам најверојатно знаеш што е инцест па така лагодно одобруваш. Важно плод е на инцест, ама и тој е плод и не смее да се абортира па ај ќе раѓаме. (facepalm)
    И за какво право на живот зборуваш за тој плод????????
     
    На anel, kukla21, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.803
    Допаѓања:
    325.324
    Пол:
    Женски
    Темава треба да оди под клуч некое време,бидејки незнаете да дискутирате како луѓе.
    Нај на крај што ви е гајле кој ,колку и зошто абортирал?
    Се изјаснивте дека сте против и сеа не туку барајте оправдувања зошто и како.

    Светии Марии на овој свет не постојат да ви биде јасно.И тие што одите и тие што не одите во црква сите носите по некој грев на душа.Дали е абортус,лага,превара исти сте/сме сите.
    Кој не напраил ништо против Бог прв нека мавне со каменот.Амен.

    Недела е и врне.Напијте се кафе и остајте ги лугето сами да донесуваат одлуки за своето тело,брак или врска.
    Оф топик сум ама стварно потековте веке :^)
     
    На LUCERKA, anel, duffi и 22 други им се допаѓа ова.
  18. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Незнам што толку се чудите и се шокирате?По светов постојат примери и на такви деца здрави,прави и нормални,не мора да значи дека сите се дефектни!За разлика од некои иако имам конзервативен став во однос на абортирањето во однос на децата кои се плод на инцест имам полиберален став и сфаќања.Во овај случај сметам дека е многу полесно да му објасниш на детето кој му е татко а,кој мајка отколку на дете кое е посвоено од геј пар!
     
  19. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Може сум досаден ама заради оние што сакаат да прават забуна и да шират невистини, ќе повторам пак...Прекинувањето на бременоста не се вика убиство, ниту чедоморство... едноставно се вика, прекинување на бременост..
    И глупост е поврзувањето на верските чуства и црквата со тоа кој што мисли за абортусот...и што излегува од тоа? Ако си верник си против а ако не одиш во црква си за абортус, а ....тешка глупост.
    Да не има и некоја конекција помеѓу подржувачите на абортусот и месојадците ? или веганите? :lol:
    Еве еден линк, кој сака да прочита што е чедоморство
    http://vecer.mk/chedomorstvo-smrt-od-majchina-raka
     
    На anel, bittersweet, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Не ви се смачи бе луѓе??? Дај оладете, сите сте во право на свој начин ;)
     
    На LUCERKA, kjukli, Ninichka и 4 други им се допаѓа ова.