Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.803
    Допаѓања:
    325.324
    Пол:
    Женски
    Како побогу на дете-плод на инцест ке му објасниш дека дедому истовремено му е и татко???
     
    На bittersweet, CameliaMiller и Daydream им се допаѓа ова.
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Не сакам да одам во крајност ама еве пример:
    Трудна си од татко ти и го родиш детето, ај објасни ми како ќе му кажеш кој му е татко, живо ме интересира бидејќи јас не знам.
    Едит: Оф топик е знам ама нека ми објасни како ќе го изведе тоа, па метете после.
     
    На MacenceEna, bittersweet, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.582
    Ти стварно поим немаш за тоа што го зборуваш. Најмал проблем е да му објасниш на детето.
    Поголем е проблемот дали ќе родиш дете со способност да распознава, што било.

    Конзервативните ставови до сега се покажале како порозни во секое општество.

    И да, не е помалце заебано да му објасниш на детето дека дедо му истовремено му е и татко, а и тебе ти е и татко и сексуален партнер, од да му објасниш зошто има двајца татковци, на пример.
     
    На MacenceEna, bittersweet, vitamina и 6 други им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    На вакви теми никогаш не може нормално да се дискутира.

    Лично, никогаш не би абортирала. За мене зборувам. Би се чувствувала како да скратувам право на живот. Не осудувам никого и не се мешам во право на избор. Туѓа матка, туѓа одлука. Не нарекувам други жени убијци и чедоморци и такви глупости.
    Ама да кажете дека е само фетус и не е суштество, па и не е баш така.

    Имам другарка чија мајка во последен момент одлучила да ја роди. Сигурна била дека сака да абортира, но се премислила. Искрено, животот без неа би ми бил многу празен. И на нејзиното семејство исто така. Да, можеби ќе имале друго дете ако ја абортирала, ама не е исто, нели?

    И сега ќе скокнете како е ова глупав пример, па како оние кои се за живот се заостанати и осудуваат, ама примерот е реален и е факт. Од што напаѓате дека другиве осудувале жени што абортираат, не сте свесни колку вие самите осудувате нечие право да мисли поинаку.
     
    На compassion, Abeja, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Историски гледано дете на инцест не е нешто ново и табу,би можело да се рече дека во некои историски прилики тоа било и пожелно и практикувано.Е сега тоа што на некои од нас тоа им изгледа невозможно ,запрепастувачки или незнам ти како се должи на нивната неинформираност.
    Можат да се земат за пример потомците на кралските династии ,пола од нив се резултат на бракот меѓу први братучеди. се со цел влијанието и моќта да се задржи во рацете на нивните семејства.Еве неколку примери
    Клеопатра била мажена со нејзиниот брат,Фердинанд од Хасбурзите со неговата прва братучеда па,дури и Дајана и Чарлс беа во крвно сродство.Немам што тука повеќе да објаснувам!Отворете гоогле и просветлете се!Аман!
    И кога браните некој свој став бранете со аргументи како во случајов.И јас можам да напишам многу лесно дека некоја треска глупости ,ама нивото на интелегенција не ми го дозволува истото!
    Одите до крајни граници доста агресивно и нападно,посебно некои членки кои постојано ги цитираат и повикуваат членките кои не делат идентичен став со нивниот!Која ви е целта?
    Мислите дека ќе ме разубедите?Ме прашавте дали подржувам дете на инцест ,ви одговорив и ви набројав примери.Многу мразам да се повторувам и се што сакав да кажам на оваа тема е веќе кажано од моја страна.
    Одите до екстремни примери се со цел да победи ставот на одреден табор на темава!Од секое правило има и исклучок !Со еден исклучок немам намера генерално да го менувам гледиштето за одредена работа!
    Во формирањето на генотипот кај еден ентитет (збирот на психо-физичките карактеристики)најзначајна улога игра факторот на случајност кој го одредува компонирањето на гените,.Децата на инцест не се по дифолт дефектни!
     
  6. MargaritaD^2

    MargaritaD^2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    Шостори глупости бреееее: еј сине\ керко знајш дека јас и ти имаме ист татко мојот татко е и твој ко со ме напрае мене така и тебе , а ако сакаш по 20 год ако е жив и уште го служи оти по одамна ги служеле многу години нека ти напрај едно и тебе и ке се пренесваме од колено на колено ние сме либерални по тој став. Глупости ,глупости .ако било нормално немало да го наречат Инцест.
     
    На kukla21 и Pcelka94 им се допаѓа ова.
  7. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.124
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Женски
    Ако веќепочнуваме со примери од секојдневието, еве јас ќе кажам еден сосема спротивен. Имам комшии кој веќе имаа 2 деца. Жената остана трудана по трет пат, сакаа да абортира ама во последен момент се предомислија. Испадна дека се близнаци. Што да кажам, очигледно тоа е една од најлошите одлуки во нивниот живот. Луѓето од солиден живот станаа буквално социјални случаеви. И на изглед целосно пропаднаа од куп обврски и плус трошоци. Ете еден пример за непланско семејство. Значи колку и да го роматизирате бебето, мора пред се за се размисли за натамошниот тек на неговиот живот за животот на веќе родените деца и за вашиот живот. Колку радост , наспрема колку одрекувања. Планско семејство е клучниот збор во едно општество.
     
    На CameliaMiller, Emy867 и andromedae им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Не знам, мислам дека кога родителите ќе ги погледнат тие деца не си велат 'ех, подобро да ве абортиравме, повеќе пари ќе имавме'.

    Пак зборувам за себе, да не мислите дека кажувам што други треба да прават. Радост спрема одрекувања, добивки спрема трошоци... нема тука математки. Живот е.
     
    На MacenceEna, kjukli, Ethrnity и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.124
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Женски
    Живот, ама животот не е само романса, неопходно е реално да се гледа на приликите и можностите што ги имаш. Не е фора да изродиш 10 деца и послем да се чудиш што да им правиш за ручек или да ти умираат на банална болест зошто не си во можност да ги лекуваш ( иако нашево здраство се декларира како бесплатно сите знаеме дека воопшто не е ). Се со разум треба не е само емоции кога станува збор за родителство.
    П.С. @LivingGlam извини, не ти се обраќам директно на тебе иако те цитирам, таков ми е стилот на пишување.
     
    Последна измена: 11 октомври 2015
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Читаш ама не разбираш!(facepalm)За таквите екстремни примери нагласив дека се исклучок!јасно ти е сега?!
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    @slobodka те разбирам што сакаш да кажеш. Затоа и реков во претходното мислење - секој со своите избори. Ама ваков избор носи огромна одговорност и не е во ред тоа да се негира. Океј е, може да одлучи да абортира ако смета дека не е способна да го одгледа и не е дојдено времето. Никој не смее да и’ суди. И искрено сметам дека овие законски процедури и пречки се претерани. Жена која донела таква одлука треба да одговара пред самата себеси, не е во ред да има општествена осуда и пречка.

    Сепак не е во ред да се зазема таков став 'еј овие конзервативниве, види какви глупости зборуваат'. Одлучува да прекине живот. Ајде веќе ако се фаќаме за терминологија 'не е убиство' - одлучува да превенира живот. Може звучи романтичарски, ама факт е од која страна и да го гледаш.
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Абе сега, и мајка му на Хитлер мислела да го абортира, па не го направила тоа.
    Сакам да кажам дека абортирањето е одлука во сегашноста, ситуацијата, психолошката состојба, спремност, созреаност, проблемите. Едноставно никој не може да предвиди дали моментално донесената одлука е добра или не, затоа треба да се постапува според дадената ситуација.
     
    На anel, vitamina, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Знаев дека Хитлер ќе излезе од негде во темава. :D
     
    На SexiLy, Sunshine.Sunshine, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  14. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.124
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Женски
    Е токму во тоа е целата расправа на темава, да не се осудува. Зошто има тука лица кој веднаш со осуди, дека оние што се ЗА абортус се убици. Не туку тоа е нивен избор и никој нема за право да ги нарекува така или било како погрдно.
     
    На CameliaMiller, Mishela, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  15. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Фала многу. Не е за мене, имам јас ќерка :)
     
  16. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Не
    Не е за мене пишав дека имам дете јас. Се согласувам до збор на пишаното. Си ја добив потребната информација па да не навлегувам повеќе. Тхенк ју
     
  17. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Се воздржував од темата бидејќи и така се е веќе кажано и прекажано, ама сакав само да кажам во врска со раѓањето на детенце со здравствени проблеми. Значи јас не сум ни ЗА, ни ПРОТИВ абортус, се зависи од карактерот на човекот, условите итн. Ама интересно ми е што на оваа тема има само ЕДНА членка што има детенце со здравствени проблеми и таа самата им порача на тие што се против абортус по секоја цена дека не знаат воопшто како е да се има детенце со здравствен проблем (значи зборуваме за поголем здравствен проблем). Треба прво да помислиме како ќе му е на тоа дете што благодарение на нас дошло на овој свет и секој Божји ден шета по болници или е избегнувано од другарчињата или сожалувано од роднини, комшии... Ние како мајки можеби во текот на денот и ќе најдеме начин да избегаме од реалноста, ама тоа болно детенце треба да живее со неговата болест секоја секунда од денот.
    Еве мој пример: Јас имам ќеркичка од 22 месеци што уште сама не оди (иако се е во ред со неа) и немате поим со колку прашања се соочувам секој ден во смисла зошто уште не оди, дали сте ја носеле на доктор, па голема е веќе... И колку сум плачела иако знам дека нема никаков проблем и прашање на време е кога ќе прооди. Не сакам ни да знам како им е на тие мајки што се соочуваат секој ден со болно детенце и колку и да се правиме мајки Терези кога ќе видеме такво детенце, факт е дека на крајот сите ќе си плукнеме во пазуви и ќе си кажеме: Не дај Боже такво нешто.
    Поентата ми беше дека додека не сме осетиле на своја кожа такви драстични примери како болно детенце, или дете како резултат на инцест или силување треба да не викаме оп, зашто ако не дај Боже се соочиме со такво нешто не еднаш, туку сто пати ќе помислиме на абортус.
    Лесно е да си дискутираме кога сме без деца или со здрави деца, ама дојди гледај го секој ден како се мачи и како се чувствува различен од другите деца, како секој ден му е предизвик, па тогаш ќе кажам дека ти го уважувам мислењето.
    Инаку, мислењето не е за никој посебно и сакам само да кажам дека единствено мислење што досега за мене е релевантно е баш од членката што има болно детенце (се извинувам што ја спомнувам, сигурно ќе се препознае). И дури и таа рече дека мислела дека се било во ред на контролите во бременоста, а после не излегло така. Е сега, не знам дали се изјаснила дали ќе абортирала да знаела дека ќе има проблеми или не. Јас сите што ги знам, а што имале проблем во рана бременост абортирале. А тие што родиле, родиле бидејќи не знаеле дека плодот е со проблем.
    За крај, се извинувам на долгиот пост и поздрав до сите .
     
    На Bender Rodriguez, anel, Abeja и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не знам како некои луѓе не разбираат дека секоја личност си е своја, секоја личност носи свои проблеми, свои мисли, свој товар, кои не мора да се исти како вашите. Не знаете кој со што се соочува, дали физички, дали психички. Не знаете навидум прекрасниот брак дали е навистина прекрасен, навидум прекрасната врска дали е навистина прекрасна, па и навидум најнасмеаната личност дали е навистина среќна. Поаѓаме прво од нас самите ама таа практика почна погрешно да се практикува. Ако сме ние среќни не значи дека и другите се. А и за секого среќата претставува нешто различно. Ако за некого е раѓањето на дете, за некого среќа ќе биде ако не го роди истото.

    Не сакам мајките и оние жени кои сакаат да станат мајки да се налутат, ама и на оваа тема сте премногу, сурово пристрасни. Не сака, не сака секоја жена да стане мајка. Толку е просто и едноставно. Не мора секое зачнато дете да се роди. Колку и да звучи свирепо, колку и да не можете да сфатите едноставно е така. Нема потреба од секакви зборови. Мислам, на што личи бре да нарекувате некого убиец, или да зборите дека некоја се ебела со кој стигне па затоа абортира? Какви зборови изначитав, треба да се засрамите. Па уште и ти @Ethrnity не' убедуваш тука дека инцест не е нешто којзнае што. Детето немало да има последици. Секако. Не знам дали се читаш што пишуваш. Јас се згрозив. Толку знаете да претерате некогаш само за да си ја докажете вашата поента на одредена тема. Страшно. Ама убаво пиша некој погоре, мислам @imelda беше, први сте за морализирање, која треба да абортира, која не треба, инцест не е страшно, детето нема да има последици, лесно ќе му објасните кој е кој, ама тоа само вака за пред монитор, а кога тоа дете ќе нема што да јаде, кога детето последица од инцест ќе се соочува со длабоки физички и уште подлабоки психолошки последици цел живот, вие нема да бидете тие кои ќе треба да се грижат за тоа туку само ќе гледате да ја фатите другата страна од улицата. Затоа е многу лесно да кажеме дека на пример не би абортирале плод кој е со деформитети, ама не знаете како е да се живее со такво дете. Многу е лесно да се кажат многу работи, се додека не почувствуваме на своја кожа, потоа веднаш, магично имаме друго размислување.

    Лично мој став, сега во моментов да забременам нема ни да помислам на абортус. Тоа апсолутно не доаѓа во предвид, воопшто не го ни ставаме како опција за која треба да се размислува. Со дечко ми сме разговарале за ова целосно отворено и сме свесни дека такво нешто е возможно штом имаш редовни сексуални односи, колку и да внимаваш може да те изненади некое гравче. Нормално прво ќе сме со илјада прашања без одговор ама знам дека и двајцата би се радувале премногу. Не сме деца, зрели сме, можеме да го поднесеме одговорно тоа, а и онака ние си планираме семејство за после 3, 4 години. И он и јас сме за тоа дека абортус не доаѓа во предвид. Дури и двајцата сме рекле дека ако отиде во мене и Норлево ќе се размислиме дали би пиела. Најискрено. Ама тоа е друга тема. Од друга страна, од денешна гледна точка велам секогаш дека јас никогаш не би абортирала, па што и да биде. НО, тоа сега го зборам, не знам како ќе ме наведе животот да размислувам, не знам пред какви искушенија ќе ме стави, не знам уште што ќе поминам и какви искуства ќе ме снајдат, можеби некогаш тоа ќе ми биде и единствена опција, за жал. Не можеме ни во најлошиот кошмар некогаш да претпоставиме што може да ни се случи во животот. Што се однесува за други луѓе, може кој што сака да прави, можеби јас ќе помислам дека нешто не е ок според моите принципи, секако дека имам право да размислувам или помислам нешто ама не значи дека и другата личност се води по истите тие принципи.

    И јас познавам девојка која абортира во шестти месец од бременоста, да, шестти само зашто се скара со свекрвата, раскинаа свадбата, се скара со идниот маж и сметаше дека не треба да раѓа затоа што за неа тек тогаш животот започнува. Конкретно муабетот беше дека летото планирала да оди во Охрид, па ќе неможела да се забавува, а и кој неа ќе ја сакал понатака со дете. Подобро сама. Знам за случај што сакаше да абортира трето дете само затоа што имале веќе два сина, имале за нив обезбедено станбено прашање, па кој ќе се замарал сега пак куќа да прави, многу обврски биле тоа. За мене овие причини ако се навистина само тоа причините се фрапантни, не можам да одречам, ама не се сите како мене емотивни, чувствителни итн. Не знам како се чувствувала девојката која раскинала свадба со дечкото со кој била 10 години заедно, можеби тоа влијаело премногу на неа, па се одлучила на абортус. Кога ќе го слушнеш ова во првиот момент остануваш со отворена уста ама после три секудни ќе си ја затвориш и сфаќаш дека не сите исто размислуваме. На сите мозокот различно ни работи луѓе, сфатете го тоа, за некого и јас сум може надвор од нормалата со некои постапки и ми се чуди ама тоа е, не можам да се сменам, тоа сум јас.
     
    Последна измена: 11 октомври 2015
    На eloves, zuto, anel и 16 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.041
    Допаѓања:
    268.582
    Прв болд - ја познавам историјата, донт ју вори. Познато е дека имало и робови, жените немале право да зуцнат и не биле сметани за рамноправни човечки суштества. Денес таквото размислување е запрепастувачко, невозможно и само крајно неинформиран и неизживеан човек може така да размислува.

    Втор болд - го одбранив мојот став со посочување на линк од студија (ахам, да, студија) за децата кои се плод на инцест. Не ми е чудно што не си ја забележала, океј е.

    Трет болд - не, не ми е ни намера тоа. Ама можам да докажам дека тоа што го поддржуваш е далеку од разумно и научно издржано. Ти држи си се до Клеопатра, јас живеам во 21 век.

    Четврт болд - не се по дифолт, не го ни тврдам тоа, затоа што знам дека не е така. Но, како што во самата студија пишува, шансите да родиш нормално потомство од инцест, па и не се така големи.
    Јас не прочитав некој да каже дека абортусот е исто што и одење на сладолед, ако некаде прочита такво нешто - посочи ми, те молам, па да се покарам малце со таа особа.
    Јас, од професионални причини, сум видела многу жени (а и девојчиња) кои абортирале. За овие 5 години - ниту една не го направила тоа без да и биде гајле. Сите до една страдале.

    Не затоа што им било криво што абортирале, туку затоа што воопшто се довеле во таква состојба. Абортусот не е лесен психички, а не знам овие погоре (душебрижниве) кај наоѓаат жени што абортирале по 5-6 пати, па и тоа им било така лесна одлука.

    Они така си претпоставуваат, и мене ми е тоа проблем. Таа осуда, без да си во чевлите на засегнатата личност, е грозна. Јас немам ништо против нивниот став - не се за абортус - океј, нека не абортираат, не гледам некој нож под грло да им држи за да им го земе плодот. Ама вистината не е таква каква што сакаат да ја прикажат, едноставно е, лажат и измислуваат.

    И ова за кое зборувам погоре, е ноторна глупост, лага и измишљотина.

    Да, одлучува да прекине живот и секако таа одлука не и е лесна, ма кои и да се причините. Не е лесно заб да ти извадат, а не во матка да ти брцнат.

    Јас барем, никаде никому не реков дека е прост затоа што не сака да абортира, ама да, просто е да зборуваш колку да кажеш нешто, и тоа не е ни став, туку оговарање.

    Има разлика, едноставно.

    @Daydream Да не го цитирам цело мислење, исто со мојов сме така договорени :) До пред 2 години скоро, се пазевме од бебе како луди, немаше теорија да раѓам. За сами себе немавме средства. И сега се пазиме, ама ако бидне на толку пазење, ќе си го чуваме :)
     
    Последна измена: 12 октомври 2015
    На anel, kukla21, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.803
    Допаѓања:
    325.324
    Пол:
    Женски
    На тие на кој инцесот не им е табу и им е нормален земете имајте деца со брат ви или татко ви тогаш.
     
    На kukla21, LUCERKA, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.