Читам и неможам да се изначудам што СЕ се пишува Ова е тема ,,дали се поддржува абортус или не,, , а неколку дена се пишува за инцест за дефектни плодови...мислиш инцестот се дешава во секоја фамилија .. . Се абортира на црно на секој чекор, нема жена во одминати години и со постојан партнер и редовен сексуален живот која не абортирала, а овде чесни сестри спомнуваат убиства, чедоморства и секакви глупости. Дали навистина ВИЕ очекувате вашата мајка, сестра, комшивка, пријателка да Ви признае дека ,,вчера,, се чистела ???? И доста веќе со препукувања ! Кој сака нека си абортира и по 10 пати, кој несака нека си раѓа и готово ! Секој нека си изложи свое мислење и што има некој да ме цитира или да ме обвинува ???!
@LivingGlam значи заклучок, се зависи од сензибилитетот на човекот. Јас и ти како почувствителни, најверојатно, затоа вака размислуваме. Еве, уште не ми е јасен фактот како девојките паѓале во депресии затоа што се довеле до таа ситуација, а не зашто го извршиле абортусот. Мислам, тоа е и поентата на тоа што го напишав. Барем малку чувство да се имало за се', за она што би можело да се случи, за човекот кој би можел да созрее, па да те притиска совест да не си скратил нечие право. Ова баш како што цркаше мојот комшија пијаница на синот - Јас сум те направил, јас ќе те уништам. А оно, се нервирале зашто еден кондом не ставиле.
Па да, веројатно може да се направи таа разлика - дали се базираш на чувства или разумно разглабање на медицински факти. Па да дојде субјективно вс. објективно, иако нечие објективно не е и сечие објективно. @Magnolija, баш против таков став како девојките од твоето мислење ми беше целиот муабет. Кога абортусот станува честа пракса, се смета како нешто што нормално треба да се направи при несакана бременост и многу девојки не ја сфаќаат цела сериозност на одлуката.
Не знам дали само јас на друг начин ја сфатив реченицата на @CameliaMiller за тоа дека девојките, жените што абортираат, паѓаат повеќе во депресија заради ситуацијата што ги довела до абортус, отколку самиот абортус. Не дека не ги боли(психички и физички) самиот абортус, ама уште повеќе болат причините за тој абортус. Ситуациите се причина, а абортусот последица. Да не се биле тие ситуации, немало ни да има абортус. А штом паѓаат во депресии за причините, значи се каат и не им е сеедно и што дошло до абортус. Барем јас така ја сфатив членката. И нема тука ништо ни тажно, ни нелогично. Сите кога ќе ни се случи нешто лошо си правиме ретроспектива како дошло до тоа и живи се јадеме што не можеме да го вратиме времето и да постапиме на друг начин што не би довел до лоша последица. Да знаеме однапред "шта би било, кад би било" ќе беше многу полесно. Ама не знаеме и затоа ни останува само да се надеваме и да внимаваме да не се најдеме во таква ситуација. Поздрав до сите (се чувствувам како @Bender Rodriguez со поздравот на крај ☺).
Само ти го прочита постот, другиве скокаа зборови Затоа и си ја сфатила поентата, ама, за да се “докаже“ своето, и деца од браќа свои ќе раѓаме
Еве, пак ќе ја цитирам. И нема зашто да се лути, таа не го тоа кажала туку другите девојки. Кога веќе од професионални причини знае за што размислуваат тие. @CameliaMiller Мене ми е професија да знам да читам, пак. Овде ама баш нема никаква анализа, скрено значење. Си напишала како што е, твое професионално мислење, Нема потоа, не бев јас, ама вака е, онака е. Пошто си поупорна од Јеховин сведок на темава, барем валјда си научила досега да си ги изразуваш ставовите точно.
Tокму така и јас го разбрав, како што е напишано. Има такви девојки и за нив зборувавме. Нити прескокнав зборови, нити пробував да наметнам присилно своја поента. Од нормална дискусија ќе ја завлечкате за никаде. @CameliaMiller последниот коментар ти е ептен непотребен и нејќам ни да го коментирам. Изгледа ти не си читала и си прескокнала нешто. @promeneta да ти кажам што е тажно и нелогично: самиот чин на абортус многу девојки не го сфаќаат со сите негови последици. Го сфаќаат само како поправка на грешката што ја направиле, и нешто што најнормално треба да се направи после таква грешка.
Од оплодена јајце-клетка и фетус може да настане човек, тоа е вистинскиот факт. Но, истово не е 100%, дури и далеку од тоа е. Од 50-80% од оплодените јајце-клетки не успеваат да се имплантираат во ѕидот на матката и истите женскиот организам ги исфрла од телото, што претставува своевиден спонтан абортус. Во најголем број од случаевите, жените не се ни свесни дека биле бремени, ниту пак дека доживеале ваков тип на спонтан абортус. Ама, еве, да ги оставиме јајце-клетките на страна и да зборуваме за ембриони или фетуси. Спонтан абортус се јавува во 30-50% од случаите на бременост. Што значи, никој не може да тврди дека изјавата „од фетусот настанува човек“ е факт. Тоа никој не може да го каже со сигурност. Од некои фетуси настануваат луѓе, од некои не. А бројката на оние кои не го остваруваат својот човечки потенцијал не е занемарлива и не можеме да си дозволиме генерализации од типот „Животот настанува со оплодувањето“, бидејќи едноставно не е така. Оплодената јајце-клетка претставува потенцијален човек, во истата смисла како што и секој сперматозоид и секоја јајце-клетка претставуваат потенцијален човек. И ембрионот во првите месеци е исто така потенцијален човек, ништо повеќе. Можеби има срцева акција и (делумно) диференцирани делови на телото, но е далеку од човек во правата смисла за зборот. Можеме да речеме дека овој фетус претставува човек во подоцнежните месеци на бременоста, кога дури и да се роди предвреме, во дадениот месец, тој ќе успее да преживее надвор од мајката. Се останато е само потенцијален човечки живот, ништо повеќе од тоа. Изедначувањето на абортусот со убиство или чедоморство е само грубо искривување на реалноста на оние против абортусот, со цел оправдување на сопствената кауза. Видовме на темава дека се оди до секакви екстреми – па дури се оправда и раѓање на деца со генетски заболувања, како и плодови на силување и на инцест – се со цел некој да си докаже (на самиот себе, а ваљда и на нас останатите) дека абортусот е убиство и не е прифатливо решение во ниеден случај. Што се однесува до душата, не би сакал на оваа тема да навлегувам во дискусија за нејзиното постоење, како и тоа кога таа се јавува. Но, некаде прочитав реченица која се однесуваше токму на ова – Ако абортусот е убиство, тогаш најголем дел од рајот мора да е населен од страна на оплодени јајце-клетки и ембриони. Или можеби пеколот, бидејќи дотичните ембриони не се крстени, а сите знаеме што се случува со некрстените, нели? Но, да ја оставиме религијата и метафизиката на страна и повторно да ги погледнеме фактите. Фактите говорат дека шансите една оплодена јајце-клетка да преживее доволно долго за да се развие целосно, до новороденче, односно човек, се 50:50. Ако зборуваме генерално за било која работа во животот, за која шансите да се оствари се 50:50, никогаш не велиме „ова мора да биде така-и-така“. Во најдобар случај, велиме „ова можеби ќе биде така-и-така“. Или најчесто велиме, „шансите за ова да успее се 50:50“. Зошто тогаш абортусот да биде исклучок од ова здраворазумско правило? Зошто да велиме дека секој абортус е згаснување на човечки живот, кога шансите на оплодената јајце-клетка да стане тоа се само 50%? Сепак, потенцијален човечки живот и вистински човечки живот не се истата работа, нели? Спојлер: За LivingGlam LivingGlam, не сакам да помислиш дека имам нешто лично против тебе – напротив. Ти си една од ретките која успеа да си го изнесе своето мислење на темава без да ги навредиш неистомислениците, што е реткост и е за поздравување. Те цитирам бидејќи и ти ме цитираше мене, но моиве реплики не се насочени исклучиво кон тебе, туку во насока на општа дискусија на темава. Инаку, имам приметено дека се сложуваме и сме истомисленици на многу други теми по форумов, ама и на оваа на која не се сложуваме, не се сложуваме, ама како луѓе, на човечки и ненавредлив начин, за што ми е особено драго. Те поздравувам!
@LivingGlam се согласувам дека многу девојки се впуштаат во ризик без да размислат за последиците, бидејќи абортусот го имаат за опција. Меѓутоа, мислам дека таквите што мува не ги лази не се толку многу како оние што сто пати размислиле пред да се одлучат за абортус. И нормално дека ќе се нервираат и за тоа како се довеле до таа ситуација. Еве јас на пример, пред да почнам со односи бев строго против абортус. Кога почнав со односи и после првиот однос почна да ми касни циклусот, првото што ми падна на памет беше абортусот. Фала Богу не бев бремена, но знам колку размислував и се предомислував за тоа. Јас бев во врска 7 години со мм и не користевме заштита(не се гордеам со тоа). Единствениот пат кога користевме заштита, кондомот пукнал (тројански коњ беше ☺) и јас останав бремена. Не беше планирано, ама во ниту еден момент не помислив на абортус. Сакам да кажам многу зависи од моменталната ситуација и услови дали ќе се одлучиш или не за абортус. Сепак тоа е мое мислење, а ги почитувам и останатите мислења. Поздрав ☺
О да, токму така. Јас одлично се изразувам. Ако точно си ме разбрала, де кажи ми што мислел авторот (оти си професионален читач).
dragi feminki denes abortirav I sekako be mi bese tolku lesno da se odlucam posto neli toa e del od mene ...na mm ne mu kazav deka sum trudna ne zaradi to sto ne bese negovo (kako sto naglasi edna od feminkite) tuku poradi sto toj ne zasluzva I da jas odlucvam sto ke pram so moeto telo I mojot plod ne nekoj drug
Abortus e nesto stvarno losho ne sum sekako za abortus ama pa nemozheme da osuduvame nikogo shto abortiral edno bebence sto unistil eden zhivot bidejki nemozheme da znaeme bas konkretno vo kakvi uslovi se naogala majkata
Изчитав добри 15 страници последно темава и пак ништо не разбрав тоа па тоа едно исто па исто Сум имала и спонтан и намерен абортус и можам од искуство да кажам не е лесно да се решиш на абортус имам и дете со посебни потреби додека бев бремена никој не ме извести што плод носам тек кога се роди дознав и иако е живо се мачиме сите со него уште сум со истово мислење да ми кажеа пред да се роди ке го абортирав греота е за сите вака Абортусот бил и ке биде право на избор а вие што сте без ич искуство само се чукате во гради немојте незнаете што ке ви дојде на грб во тек на животот оставете секој нека си одлучува за себе
Абортусот секогаш мора да постои како опција. Тие кои не поддржуваат абортус, едноставно не абортираат. Во ниедна ситуација и заради ниедна причина. Тие кои сметаат дека абортусот е подобра опција, едноставно ќе се одлучат на абортус. Проблемот настанува кога првите го наметнуваат сопствениот став за сметка на вторите без притоа да се директни учесници или засегнати страни туку се форумски посматарачи и судии за нешто што на нив не се однесува ниту пак во иднина ќе им наштети на некаков начин.
Храбра жено.. А знаеш ли зошто?Бидејки не се плашиш да ја изустиш токму онаа за многумина болна,најболна реченица:Да ми кажеа....ке абортирав. Сигурна сум дека безброј жени во себе ја повторуваат мн пати во мн тешки моменти ама ретко која вака ке изусти.Сите они се плашат што ке кажат другите. Да се биде една жена и мајка е најтешката професија на свет.Мораш на грб да носиш мн одлуки,совест,грижи,непроспиени ноќи.Да проголташ сама мн солзи,да одговориш на мн прашања била спремна на тоа или не. Јас делумно те разбирам како е да живееш со дете со проблеми.Кој незнае нека не се доведува во ситуациа никогаш да дознае но и нека си ја зачепи муцката кога вели дека доволно е само да го љубиш неизмерно а другото ке се средело само по себе.
@lealealea Zal mi e sto si morala da pomines pokraj toa,te svakam i se nadevam deka za brzo ke zavrsis i so maz ti i ke pocnes nova strana od zivotot zasto go zasluzuvas i ti i sekoja zena.Nemoj da dozvolis nikogas da se osekas ni pak da dozvolis nekoj da ti go nametni negovoto mislenje deka si prekinala eden zivot.Glavata gore i ke ima podobri denovi a ti si mlada i ke bides majka koga ke dojde vreme za toa Luge dosta so navredi kon onie sto abortirale i go podrzuvaat abortusot i obratno,ve citav so denovi i kako majka na dete koe pocinalo,kako majka koga imala i spontan vo 20 nedela i dete so zdrastveni problemi mozam da kazam deka se zgrozuvam od nekoi mislenja.I jas kako @ALISA0000 ne znaev deka sin mi e bolen se dodeka ne se rodi,da napomenam deka site ispituvanja gi napravivme no ete nikoj ne kaza deka ke imam dete bolno od CF, znam kako e da zivees so bolno dete,edna nedela zdravo,dve vo bolnica,citas na internet strasni podatoci i iskustva od roditeli i znaes deka i ti ke go pomines toa..sekojdnevnata borba za egzistencija na lekarstva,terapii koi mora da gi prima a se mnogu skapi..ednas edna clenka duri i privatna poraka mi pisa deka e grev ako razmisluvam deka bi go abortirala toa dete koga bi znaela deka e bolno,bas na ovaa tema pisevme i kazav togas,kazuvam i sega nikogas ne znaes sto te ceka i sto ke postapis vo toj moment,mozeme tuka referati da piseme deka nikogas nema da abortiram no nikogas nemozes da tvrdis nesto ako ne go pocuvstvuvas toa na svoja koza. Moja drugarka abortira na 19 godini sega e veke majka na 2 godisna kerka,toa ne ja pravi polosa kako majka od onie koi ne abortirale,imase losa sreka sto moze da se sluci na sekoj eden kolku i da vnimava. Treba da svatite deka sekoja zena treba da prave sto saka so svoeto telo i da ne osuduvate,nikoj od ubavina ne otisol da abortira.Jas go podrzuvam abortusot kako izbor sto sekoj eden treba da go ima no ne i kako slucajot sto go znaeme so @monik55 so devojkata sto abortirase vo 5-6 mesec zasto do togas ne znaela sto da pravi.Si ima i za toa termin do koga zakonski e mozno da se napravi,zaradi zdrastveni pricini bilo dali za majkata ili bebceto moze i pokasno,vo toa ne navleguvam si ima za toa komisii. Pozdrav
Знаете дека јас абортирав во 25 недела заради малформација кај бебето беше тешко да се одлучам и јас мавав глава во зид и викав ке го родам без разлика какво и дае,но благодарение на повеќе членки на форумов кои ми пишуваа и лични пораки кои имале прекин на бременост со иста причина како мене,членки кои имаат деца со проблеми се свестив дека е најдобро да ја прекинам бременоста тешко беше да уште е тешко но со тек на време ке помине.И мене една членка исто како на @MilaP ми пишуваше дека треба да го родам како господ што ми го дал да не го убивам ,само едно ке кажам ова ни на најголемиот грешник нему го посакувам.А тие што им текнуваат да абортираат из чиста реда во 6 месец и тие што свесно прават бебе и после го абортираат им порачувам да си стават спирала и да сисе сексаат колку сакаат за да не убиваат невини души бидејки за дете најмногу боли не боли туку пече,се би дала сеа да се врати времето да беше се како што треба и сеа да сисе спремав за принцезата која требаше да се роди на божиќ али на сите нас кои го почуствувале ова не чекаат среќни денови.
Чекај, ја силувал? Не? Што зборуваш ти девојко? Како прво не ми се обраќај на тој начин. Второ јас зборувам за оваа КОНКРЕТНА СИТУАЦИЈА, а не генерализирам. Тебе ако ти е исто девојка да забремени при водење љубов (своеволно сакам да кажам) и при силување тогаш тоа кажува колку ти е размислувањето на ниво.
Значи ајде да премине човек преку тешките зборови кои паѓаат на темава, ама да се дрзнува некој да пишува лична порака за толку интимно и толку болно нешто, нешто кое само душата на таа жена го знае? Е богами многу е!