Како не може да се нарече живо суштество во првите 3 месеци Па животот започнува со самото зачнување, со самото зачнување веќе е одреден полот, бојата на очите, косата и останатите особини на ембрионот. Во текот на тие први 3 месеци (за кои ти велиш дека сеуште не е живо суштество) почнува да му чука срцето, најдобар доказ дека станува абор за живо суштество, почнува да се развива мозокот, нервниот систем, очи, ушите
Тврдоглаво си стојам зад својот став : Да абортусот е убиство . Зарем во ова време кога има толку начини да се заштитиме од несакана бременост да го убиеме сопственото дете ?! Никој нема право на тоа , ако сте одлучиле дека сте доволно зрели за да имате секс тогаш сигурно дека сте доволно зрели да имате дете. Абортусот би го оправдала само и само во случај на инцест !
Имам читано нешто во ,,развојна психологија,, дека после 3 месец плодот започнува да личи на човечко суштество! поточно тоа сакав да го кажам! Но ја прифаќам твојата критика, најверојатно лошо се изразив или згрешив... Сепак подржувам абортус ако тоа е павилно решение и ако за тоа се согласува мајката на плодот!
Шо не ке прочитам од таканаречени ванаби светици. Ако некоја имала секс за една вечер и ете се десило останала бремена, и шо сеа треба да се венчаат и да го задржи детето? Сега знам што ќе речете... "Зошто имала секс за една вечер??" И ќе ја обвинувате дека секс за една вечер е лошо, кај и бил умот.. А сите тоа го правите!! На секој може да му се случи такво нешто, што не ни сметам дека е лошо ако не се прави често! Или ете користеле заштита, пукнал кондомот. Затоа мољам ви се, гледајте малку пореално на работите, абортусот убиство, сигурно. Треба да се внимава и да се користи заштита, али све може да ти се деси во животот. И не може да делите, или сте за абортус или не сте. Не може да оправдувате абортус само во одредени случаи. Ако било инцест или силување тогаш не е убиство, а ако се десила грешка, тогаш ако се абортира убиство е. Ма немој? Сеа убиство е или не е? Ако убијам некој во самоодбрана не е убиство, а ако убијам некој со намера убиство е? Исто е, а ваше е дали ќе осудите или не.
Јас лично не би направила абортус (имам 21 год) но го поддржувам абортусот, секој си знае како му е во врската, во животот и никој не може да ти каже што да правиш. Кога веќе си бил способен на имаш секс,треба и да мислиш и на последиците кој век сме сега треба да се заштитиш самата има начин и средства. Добро, се прават и несакани грешки ама и за тоа има решение освен абортусот. Тоа е мое мислење поздрав
Јас сум категорично за не, и сеуште неможам да си простам за та што ми се случи, што морав да го извршам тој грозен чин. ми утврдија вонматерична бременост на лев јајцевод кој ми го отстранија лапароскопски...луѓе, душиче мало ...еден месец а веќе на ултразвук гледаш кај што му чука срцето..и тоа не е живо...никој неможе да ме убеди...ккао што можат да се е..т така ќе можат и да ги трпат последиците...додека бев во државна , една крава , се извинувам на изразов, ама стварно се згрозив, во 5-ти месец и текнало дека не го сака..алооо...незнам, несакам никој да навредам ама мн работи видов...и се надевам дека следниот пат, со Господ напред, се ќе биде во ред....позз
да не си грешка малку, дури во 7-ма недела се појавува срцева реакција, значи месец ипол требало да бидеш
http://tvoebebe.com/BREMENOST/n5.php Срцето на бебето е формирано и чука уште во петтата недела (што е крај на 1-ви и почеток на 2-ри месец од бременоста). Само што е рано да се слушне на ехо.
Znaci bev 6 gestaciska nedela a toa znaci deka ne bev mozebi ni mesec, i licno vidov srculeto kako mu cuka , zatoa postedetese od komentari vo vrska so toa...p.s. se gledase so ultrazvucna sonda.....
Па убиството е убиство и кога е и кога не е инцест. Мислам- разликувате повеќе видови на убиства??? Оправдани и неоправдани??? Извини xstrongerx ама ова не е тврдоглаво стоење на ставот. И за сите кои стојат на ставот дека абортусот е убиство, чедоморство, а од друга страна оптравдуваат абортус ако бременоста е плод на силување, зарем сите разликувате видови на убиства? Некаде погоре прочитав став дека абортусот е убиство, ама ако е последица на силување детето ќе ја потсеќало мајката на стресот и затоа е оправдано. Па зарем само за еден стрес би го оправдале убиството??? Преиспитајте си го ставот. Абортусот е легитимно и со Закон заштитено право на жената и семејството. Велите „Абортусот не е средство за контрацепција“, точно е, ама нема стопостотно сигурно средство за контрацепција. И кога кое и да било такво средство потфрли, абортусот е опција која е право на секој човек, дадено и со Закон ако сакате. Абортусот е медицински потфат кој е секогаш нејнепосакуваната опција, и никоја жена (стабилна, одговорна...) не би го направила без да ги има обзир сите други можности. Никој на форумов нема право да ги нарекува тие жени неписмени, дека не се современи и не знаат за контрацепција. Да не се сексаат ако не сакаат деца!!!???.... еееееј, браво бе!!! па не сме сите богови, тука, што да се прај... Демек сите вие не се сексате освен кога правите деца??? Во кој век живееме бре? Јас имам едно дете, скоро 5 годинки. Со мажот ми се пазиме со „прекин на однос“, како заштита од бременост. КОга моето дете беше годинка и некој месец, бевме на одмор и зедовме кондоми, пааа за да сме поопуштени, на одмор сме демек. Користевме Durex, ни пукна и напрајвме дете. Во 11 години со мажот ми само тогаш (тие неколку дена) користевме кондом, и баш тогаш се деси. Абортирав три дена после каснење на циклус. Тогаш дознав дека постоел мини-абортус, кој на таа гестациска возраст е дозволен. Помалку бил ризичен за мајката (не е како киретажа, туку со в шмукување со специјално цевче). Си отидовме дома со мажот ми, некако се чувствував ослободена, и ден денес се сеќавам на тоа како на немил настан кој сум го преживеала, ама не сум се покајала ниту еднаш. Тогаш, во тој период, среде тие околности (да не ги објаснувам и да досадувам, ама ако има потреба ОК)сум ја донела таа одлука и сеуште си ја почитувам.
Едно големо НЕ за абортусот! Не сме Господ, па да одредуваме кој ќе живее, а кој ќе умре! Тоа е бесмислено!
здраво, незнам дали прашањево ми е за во оваа тема, се надевам ке има некој да ми одговори. дали некоја има вршено абортус во Ремедика и дали знае што е тоа инфективен скрининг што го прават таму?Дали тој скрининг е опција или мора да го направат дури и ако пациентот несака? Фала.
Абортус-не. Не осудувам никој ако го направи тоа,али според мене е убиство... Едно малечко суштество не е должно да пати заради некоја наша непромислена одлука... А и секој доаѓа со некоја причина во нашиот живот па и бепчето.. Не би можела да абортирам, ако го напраам тоа мислам дека до крај на живот ќе се каам и ќе се прашувам какво би било бебто!
jas licno ne go osuduvam abortusot sekoj ima pravo na svoj izbor i odluka imam slusnato deka sega imalo nekoja inekcija sto predizvikuvala porodilni bolki i se poroduvas porano ovoj vid na abortus bil mnogu po siguren i so pomali sansi za komplikaci ama posle 4 mesec od bremenosta kolku e tocno jas neznam do sega ne sum bila vo takva situacija
Јас сум против абортусот. Не се тоа само безначајни фетуси, туку се идни личности - единствени, со гени кои нема да се повторат.
Koj veli deka abortusot ne e ubistvo . Videte i sami i procenete http://www.youtube.com/watch?v=Ov-Q-XbQ ... r_embedded. Videte go i ova i poveke razmislete http://vimeo.com/12261423
Јас сум против абортусот, само кога ќе помислам дека некои парови воопшто не можат да зачнат, а некој ги убива, грозно
Не дај Боже ни да дознаеш! На една моја пријателка во скоро мислам дека беше почеток на 7-ми месец на ехо утврдиле дека бебето нема бубрези и мораше да го абортира. И како што ми кажа таа со некоја голема игла уствари низ нејзиниот папок бебето го усмртуваат директно во главата. После тоа и ставиле провокација за да се породи ( ова и беше втора бременост па можеше да направи компарација) и ми кажа дека и било многу потешко од породувањето со првото живо и здраво за среќа бебе бидејќи овој плод не е жив и не ,,туркал,, за време на породувањето.... Е сега малку да бидам офф топик - знае ли некоја цена за абортус на почеток на бременоста (5,6 7-ма недела) без разлика дали е Клинички центар, Чаир или Ремедика, Систина, Св.Лазар??.... И истиот ден ги пуштаат дома да си одат или седат во болница како и по породување??