Таблетите за абортус не се регистрирани кај нас и не употребуваат во ниту една клиника.Каде ги даваат не знам да ти кажам,веројатно некаде ,,на црно". Отиди си на лекар,ќе те испрати во соодветна устанува.
@CameliaMiller Еве прочитај: http://hera.org.mk/wp-content/uploads/2012/02/medabortus_mkd.pdf @ph.orhideja Ме интересираше само, бидејќи читав дека и во Србија ги донеле оваа година, па мислев и кај нас случајно да не ги имаме. Не ми се верува дека дури и за ова сме уназадени децении наназад. Таблетиве се користат уште од 80те во Франција, а денес се користат во цела Европа, САД, Канада, па дури и во Кина. Дури и во некои од нив повеќето абортираат со таблетиве наместо со киретажа. Јас се надевам дека никогаш во животот нема да ми притребаат, ама колку е неправедно што сме лишени од ваков медицински напредок. Разгледував мислења низ форумов за таблетиве, и повеќето или не слушнале за нив или ги мешаат со Норлево и сличните. Тоа е толку тажно, зашто баш ние сме тие кои се засегнати од ова, а не знаеме ништо за тоа. Како да живееме во некој изолиран свет кај што не трујат со анти - абортус кампањи, го сведоа абортусот на ниво да се понижуваме и да молиме за нешто што треба да биде НАШ избор, да бараме нешто што насекаде низ светот се практикува, па дури и во Босна и Србија, но не, во нашата Чудесна Македонија, мора да се уназадуваме, никако понапред да одиме.
Строго го осудувам абортусот и лично тоа го сметам за убиство и најголем грев за една жена. Колку и да се штитите секогаш има можност за бременост при сексуален однос и тоа сите го знаеме и многу е неодговорно да се рече дека било по грешка или непланирано. Бебето е подарок од Бог и без разлика колку е малечко, тоа е живо внатре во вас. Оној глупав рок од 3 месеци бременост за абортус затоа што тоа уште не личи на бебе (така сум слушала) не го менува фактот дека убивате свое дете, невино суштество кое не барало да биде создадено. Се извинувам, знам дека постов изгледа сурово за некого, ама ова е мое мислење.
Тогаш и дечко ти или маж ти убива дете со секое др*ање или со секое свршување надвор од тебе. Ако спермата ја ставиш под микроскоп ќе видиш како мрдаат сперматозоидите од кои може да настанат многу слатки мали дечиња. Кога ќе се олади спермата вие веќе сте извршиле масоно убивство. Зошто тогаш воопшто да свршуаат надвор или во кондом, зошто не го испочитуваш бога кој го споменуваш кој рекол да се има односи за да се има пород а не за да ти уживаш, зошто се е*ете ако не сакате да родите(ова е според твојата логика) Епа ајде ти рагај кој те брани. Се е тоа ок, ама филозофирањето од типот дека е тоа убиство, дека жените не треба да абортираат бла, бла, бла стварно ми одат на живци. Па добро бе луге, во 21 век ли треба животот да го поминеме во рагање еден куп деца кои ќе живеат во сиромаштија и ќе не можеме да им понудиме основни работи за живот.
Dobro be se slushash li shto zboruvash!? Ponapred da odime za abortus???? shto e ponapred za tebe? sekoj mesec abortus dovolno napred ti e!? dali ti uopshte si svesna kakvi bolki mozesh da imash od tie apchinja i kakvi posledici isto taka!? neka tebe ne ti se veruva kako vo ovaa chudesna makedonija nema apcinja za abortus a mene skroz mi se veruva shto prochitav od ovaa chudesna makedonka.
Кога веќе идеш контра, барем оди контра со аргументи. Ако апчето е толку лошо, како што мислиш ти, ајде објасни ми тогаш зошто во Франција, што е далеку поразвиена држава од нашата, го користи од 80-те? Или зошто, ако е толку лошо, го имаат прифатено повеќе од 50 држави во светот, во дел од кои над 50% од абортусите се изведуваат токму со апчето? Да, свесна сум какви болки и последици може да има, а ако се потрудеше да прочиташ барем еден мал дел од линкот што го оставив горе, ќе сфатеше дека апчето е безбедно и ефикасно. Тоа што го напишав не се бљувотини, туку се медицински ДОКАЖАНИ факти. Едно е да имаш твое мислење, но друго е што кажуваат фактите. Тоа што мене не ми се верува е зошто ви е толку тешко да се информирате. Без навреда, но кога ќе слушнам од жена дека абортусот, што треба да биде нејзино право и избор, треба да биде забранет, епа исто ми е ко да слушам маж од 17 век. Ќе се согласам со @Strumka22. Не осудувам никого поради ставот. Ако мислите дека абортусот е убиство - во ред. Меѓутоа не можам да оправдам како си земате со право да ја критикувате секоја жена дека не го сака своето дете доволно па затоа решила да абортира. Извинете, меѓутоа сите жени на светот ги немаат истите можности за одгледување дете. И да, тоа не значи дека ако некоја решила да абортира дека нема чувства. Ако го сметате за убиство, едноставно не го практикувајте, ама не им пречете на оние кои сакаат да имаат право на избор.
@Freya123 Јас мислам дека си ме побркала со онаа особа на која јас и реплицирав, мојот став е контра сето она за што ме обвинуваш. Ајде да бидам попрецизна, јас се залагам за правото секоја жена да одлучи сама што ќе прави со своето тело. Ми се гади кога некој се повикува на господ и на грев, а не го почитува ни самата основното начело да се води љубов за да се створи живот а не да се сврши илити доживее оргазам, бог го боли.... за тоа дали ти ќе доживееш оргазам или не. Глупо е во 21 век да измислуваме топла вода и да коментираме што е живо а што не. Ако веќе одиме во крајност и спермата е жива и има милиони сперматозоиди во едно свршување, зошто тогаш залудно да се уништуваат толку многу потенцијални животи. Секогаш тежината и вината се префрла на жените а мажите ништо.
Freja vishe ne znae shto zbori. se nadevam deka nema nikad u zivot da gi proba tie apchinja i da oseti takva bolka.
Jas sum zapoznaena so ovie tableti . Mi gi ponudi doktorot koj ustvari prv mi kaza deka sum bremena so prvoto bebe .. I da , na crno se . Rece da nekazuvam deka mi pokazal takvi tableti , bidejki ke mu napravam problem . Mi gi prodavase za 100e . Ne gi prifativ , nekako ne mi bea sigurni , go rodiv bebeto
Не не, не те обвинувам, напротив се согласувам со тоа што го пиша и затоа те тагнав. Значи ќе кажам пак, ЗНАМ што зборувам затоа што за разлика од тебе ЧИТАМ и се ИНФОРМИРАМ. Ако не ми веруваш, можеш слободно да провериш на Гугл или во најмала рака да го прочиташ линкот што го оставив горе. Најлесно е да се каже што како, да се нападнат и критикуваат други, и да се верува дека нашето мислење е вистинското. Среќа, постојат милион извори за информирање. Да, и јас се надевам дека никогаш нема да ги пробам, ама сакам да ги има тука за да им помогнат на оние што ќе им требаат.
На црно се затоа кај нас уште не се регистрирани тие лекови. И јас би се сомневала на твое место и разбирам зошто многу жени тука имаат таков став кон таблетите, а тоа е затоа што никој никогаш не не информирал дека во светов постои таков медицински напредок. Во секој случај, мило ми е што си се одлучила да родиш
Sekako , samo mm i drugarkata so koja bev na doktor znaat za ovie apcinja . Mi objasni covekot i kako deluvaat , rece deka ke iskrvaram i tolku . Ama nie sepak se odlucivme da go gledame bebeto pa toa ne e vinovno sto se naslo vo mojata matka neli jas mislam deka , namesto da se vrsat operacii i kiretazi , podobro bi bilo da se registriraat ovie lekovi , za onie na koi navistina im treba ( neli ima bremenosti , kade plodot nesmee da se zadrzi ) zosto zenata da minuva niz operacii i kiretazi , kade sto ima i rizik povekje da nemoze da zacne . Ne sum citala za ovie lekovi , neznam kolku se bezbedni , ama mislam deka donekade se podobri od kiretaza .
Никогаш нема да бидеме 100% спремни за тие апчиња, ни ние, ни која било друга земја во светов. За да биде така, сите родители треба да ја развијат свеста за здрави избори и превенција кај децата. Општа свест за здрави навики треба. А, не забрани. Забраните се контрапродуктивни. А не сите го можат и го знаат тоа. Преголем идеалист сум кога е во прашање нов живот, сакам големо семејство и не сакам да пишувам општо лично мислење на темава што за некого е болна, никого не сакам да повредам за мој избор што доаѓа од лична желба, би било нефер и лицемерно на крајот сите живееме со сопствените одлуки и доста ни е тоа. Навратив тука затоа што вчера гледав еден филм, го има на стриминг на сајтовиве, романски е, се вика „4 месеци 3 недели и 2 дена“. Спојлер Изгледајте го ако мислите дека жената не треба да има право на избор за оваа работа и ако ве интересира што се може да се случи со жена која се соочува со таков проблем среде ригорозниот режим на Чаушеску.
Која има искуство и знае, нека пише дали после Законот за абортус е тешко жена да абортира и дали се вршат абортуси на црно?Слушнав дека еве малолетни абортираат во ординации гинеколошки и не знам дали е тоа точно и дали е можно на црно да се направи такво нешто?
Ne sum 100% sigurno so i kako no znam deka postoi abortus seuste zatoa sto mojot ginekolog koga mi kaza deka sum bremene(a pritoa bese zapoznaen so slucajot deka tatkoto ne saka da go prifati) me prasa dali sakam da go zadrzam bebeto ili sakam da abortiram,,,,po nekoja logika ako kazav DA kje abortiram sigurno toj kje go izvrsese abortusot ili kje me isprate tamu kaj so sigurno kje mozev da abortiram...
Хахахахаха ме потсети темава на турскине серии, женине кога ќе дознаат за бременоста и кога ќе си речат " Леелееее како е можно да сум бременааааа". Секој си има избор тоа е точно пошто не му знаеш што ситуација ќе те најде во иднина ама повеќето искрено си го бараат со сила. И најмногу ме нервира кога ќе си постават прашање Како е тоа можно?
И јас кога лани бев бремена со третото матичната ме праша - и сега шо планираш, дали ќе го задржиш...јас бев цела . Нормално дека ДА. Ама зборот ми е чим те прашува ти нуди избор..