Не е воопшто тешко да се абортира, сите приватни и државни гинеколози вршат абортуси. Не го удираат јавно тапанот дека е можно да се изврши и наводно се против тоа, ама прават. Со сигурност го тврдам ова. На државно околу 8 000 денари било, а за приватно немам информација.
Нема никаков проблем, само мора советувањето да се помине мислам. До 12 недела како и претходно и сега може, само нели, те тераат да си ја преиспиташ одлуката, чунки дома пред на абортус да тргнеш не размисли...
Да, ама инаку размислуваш на 18, а после на 25 ќе се каеш за тоа што си го промислила. Абортусот значи да се убие невино и неродено суштество, се гасне еден живот, а абортусот може да предизвика сериозни проблеми, па после тупај си ја главата за цел живот. Секоја чест на родителите кои би дозволиле нивната ќерка да абортира. Дали сега или за 3-4 години ќе треба да и поможат за да го изгледа детенцето, исто и мажот, па не им менува ништо. Нема да ја попречи детето во ништо, ако е решена да заврши фак. ќе заврши по секоја цена, а помош ќе има од сите страни...
Ме мрзи од ново, извини. Ако не сакаш да абортираш не мораш. Остави не нас грешните сами да си одлучуваме за себе, океј? И ако сакам да абортирам нема мајка ми да ја прашам, сигурно.
Па нормално што сакате правете, убијци на деца. Некој се мачи цел живот за деца, а вас Господ ви дал и викате грешка било и ги убивате.
+++++++++++++++++++++++++++++++++++++ Превод: крст крст крст крст, за да не те фати нашиот блуд. Попрскај нè со света вода...ќе ни мине. Ваљда.
Ова ми личи на =КАПИНА= проста жена што немоше да има деца ап плука п се живо што е за абортус оди скриј се негде и не се појавувај
Некој цел живот се мачи да заработи за леб а некој троши огромни суми на ку*ви. дали тоа значи дека нив треба да им заббраниме да го прават тоа затоа што имало гладни? Што им врши работа на тие што немаат деца ако некоја друга роди или абортира? Постои ризик да умре човек во сон, дали сите треба да бидеме нон стоп будни? На крајот на краиштата нешто на што сме сите сведоци овие неколку год, постои можност да се умре и при породување, значи ли тоа дека не треба да рагаме? Не е убиец оној што ќе абортира, туку оној што ќе роди а детето цел живот ќе страда. Многу е лесно да кажеш на друг роди ама ај роди ти. И најголемиот апсурд, оие кои најмногу се против абортус немаат ниту едно дете. И она што најмногу ме изиритира што нарекуваш некого убиец, со кое право?
Не можеш вака да размислуваш. Во принцип и јас не го подржувам абортусот и делумно се согласувам со работите што ги имаш спомнато погоре ама некогаш има и некои други причини кои ние од одма не ги гледаме, а битно први сме за судење и навредување. Полека, секој си е свесен и одговорен за своите постапки.
Значи, крадење одобруваш и оправдуваш, ама абортус - никако! Добро е, сепак имаш некакви морални вредности - колку и да се испревртени.
Не е Кaпинa сигурнo oнa пишувa пoинaку, a и oткaкo јa блoкирaa нa фoрумoн вчерa се зaчлени тукa сo другo име јa видoв вo темaтa зa ивф. Не мoжеш дa не јa препoзнaеш.
i da go mislish toa, ne e ubavo da osuduvash. sechiv zivot da e na tapet turen ima za neshto za koe da se osudi moze,. sigurno i tvojot. i jas sum protiv abortus ama ne velam taka. shto ti ako ne moesh da ostanesh bremena mislish ne moze nekoj da pochne da zbori-koj znae sho praela ovaa se drogirala se ova se ona pa sea plache po deca. znachi ne taka. edno e da imash mislenje drugo e ubiec da narekuvash.
Дали некој ќе направи абортус или не е негова лична одлука, немаме право да се мешаме во судбините на другите луѓе. Сигурно од чиста мирна нема да абортира некој.
Не е убиец оној што ќе абортира, туку оној што ќе роди а детето цел живот ќе страда. Ете јас родив дете, во тој период околностите беа добри, но подоцна тргна на лошо и моето дете сега во моментов страда поради тоа. Јас убиец ли сум??? По твојата логика јас сум лоша мајка, сум донела дете на свет и тоа сега страда. А онаа мајка која абортира оти утре нема да може да му купи точак и комјутер е добра мајка, грижлива, светица. Или пак таа треба сега да се одрече од некои удобности и свои лични планови, па има право да крене рака на чедото во својата утроба. Епа ајде да не раѓаме оти утре може ќе трпиме за леб. Така не им се приоѓа на работите. Треба да го почитуваме и вреднуваме човечкиот живот во сите негови фази и форми!!! Животот пред се. Бидејќи никој од нас не знае утре што го чека! А нероденото дете во утробата е исто толку човек колку јас и ти. Само е малечко и незаштитено. Од нив ли се плашиме? Срам да ни е!
И од чиста мира абортираат, верувај ми. Абортираат деца кои со намера ги правеле, па после се предомислиле. Абортираат деца во кои чука човечко срце, си го цица палчето, уринира и способно е да го слушне гласот на мајката. Но тоа некако не се вклопува во нивните планови за животот и може и комшиите да им се смеат оти постарото дете веќе има 14 години, па што ќе речат луѓето!
Затоа што кога дознала дека е бремена, веројатно мислела што понатаму, м? А ако не мислела, туку избрзано донела одлука... епа не е за дете чување! Скоро секој може дете да роди, малкумина се навистина родители. Ти си на темава тотално неедуцирана, ама тука ни бог не може да ти помогне. Мене еднаш така, одам по пат си викам дек да абортирам, па пишав во ЖДМ, ми напишаа клетви и молитви, AMINNNNN ++++++ и се премислив. Се е до аминот! Имам едно прашање. При ИВФ се прават 5-6 ембриони, од кои секогаш бар пола ги уништуваат. Дали убиството е исто врз ембрион од епрувета и ембрион во матка? Иста старост, исто се!
@compassion Не навлегувам во твојата матрејална состојба ниту можам да судам за тоа што си направила лоша проценка кога си се мажела, само не знам од каде ти правото да ти судиш на другите а својот живот не си го оправила. Наместо да ги осудуваш другите кои од разни причини не сакале да рагаат што е нивно право, добро е да се погрижиш за своите, како што сама рече страдаат затоа што сте во лоша матрејална состојба.Наместо да им држиш предавање и навредуваш оние кои абортираат од причини кои им се познати ним, погрижи се да твоите имаат подобар живот. Кога реков дека се за поголема осуда оние кои свесно рагаат а знаат дека немаат услови отколку што оние не сакаат да родат воопшто не мислив на такви како тебе кои имале па сега немаат, туку на одредена категорија грагани кои штанцаат деца како на подвижна лента а немаат ни кров над глава. Тоа не можам да го разберам како им е дојдено до секс и за тоа се способни а за работа не се. Државава можеби ни е сиромашна не викам не, ама дека може да се заработи за нормален живот може, дали на црно или на бело ама во глобала може. Значи, не осудувајте ги другите па дури и да вашиот живот е идеален, секој најдобр си ја знае својата ситуација и што може а што не.Заради таквото размислување родипо секоја цена домовине се полни а сите знаеме како живеат тие деца таму и на што се се изложени. Но за нив никому не му е гајле па дури ни на ваквите душебрижници како тебе. Ете некоја ве послушала и родила и што сега? Сте ги виделе тие деца? Гајле ви е како живеат? Пиете кафе разни Ајфони, Ајпеди, имате дома? Па треба ли сега некој да ви суди зошто вие тоа го имате а некои деца страдаат?
Od kaj znaes pa ti deka malkumina se pravi roditeli ?? I sto znaci za tebe prav roditel ? Onie sto prvoto ce go abortiraat od sto nebile spremni za rajgajne a vtoroto ce go rodat ??