Работата е мешање во туѓи животи. Како некој си дозволува да се меша, суди и нарекува некого убиец? Секој има право да одлучува за својот живот, тело, иднина.
Епа едно е да гледаш во ембрион во сад за кој не знаеш дека ако се врати во матка ќе се "фати", а другиот го гледаш веќе во матка и слушаш како му чука срцето. На некој му е тешко можеби и мажот што прави безобразна "селекција" и ејакулира повремено во вц, и жали за потенцијалот кога ќе пушти вода... Ама нели, кој како ги гледа работите. На тој замрзнат ембрион и да му направат трансфер, не се знае дали ќе дојде до имплантација. Статистички шансите се далеку и од 50%. Додека веќе имплантиран ембрион е 100% вгнезден, и шансите да се роди дете од него се каде - каде поголеми. Во однос на тоа однесување и пишување по форумов (форуми), јас лично би избрала зборови како да кажам што мислам, би дала мое мислење и искуство, без во ниту еден момент да навредам некој. А според мене, и да имам не знам си каква мака, ако имам решено, понајмалку ќе ми е гајле што некој на форум ќе ми рече. Синкир ме заболе мене за некоја Х персона што мисли, или го заболе некој ако јас не мислам дека треба да абортира. Дајте малце да не си придаваме толку значење. Форумот е место каде што си разменуваме мислење, дускутираме, дебатираме, ама одлуки како - дали да абортирам ич па не се бараат на форум. За твојот офф: родив дете, ама на забар ми е сто пати пострашно да се појавам. А најголем зафат што сум имала на забар е обично поправање заб... И јас си мислев дека додека родам некој ќе измисли некоја магија за најбезболен начин, ама ете, телепортацијата е сѐ уште само во стар трек...
Океј, заклучивме дека доживувањето на ембрионот секому е различно, мене чукање на срце не ми е некоја голема работа при одлука за абортус - затоа е тотално беспредметно понатаму да се објаснуваме. Е сега - за второто. Многу е важно за некои личности. Посебно за оние кои немаат кому да се обратат и пишуваат тука. Пред некоја година, едно момче прошталното писмо си го напиша на форум на Кајгана и се самоуби. Сакаше на тие кои непосредно пред настаните зборуваа со него да им остави писмо, што мене ми вели дека навистина немал кому да се обрати и се обраќал на анонимен форум. Затоа никогаш не би си дозволила дирекно да осудам некого - не знаеме кој стои од другата страна на мониторот, ниту во каква психичка состојба е. За офф-от: ај дур јас се одлучам, можеби ќе најдам сурогат или комплетно 9 месеци во “епрувета“ нешто вака :
Мислам дека е околу 50 евра, ама не сум сигурна. Ако сакаш ке прашам подетално, ама @joy1 најверојатно знае, таа ни е медицинар, бар ке моѓе да те упати и советува.
vo privatnite kliniki bese 9000 vo drzavna so kartonce okolu 3000 ako te interesira bilo sto od pishi mi lp
jas sum 16 pred 3 nedeli imav odnos so deckomi bez kondom + imav menstruacija veke mi bese pri krajot toj svrsi nadvor od mene dali e mozno od nekoja mala kapka da sum bremena se plasam menstruacijata mi bese na 18 mintiot mesec do 22-23 malku mi kasni mozno e da sum bremena? kakvi apcinja se pie protiv toa
Денес е 12ти, значи треба да добиеш за околу една недела, ако арно те разбрав Не паничи, не прави си стресови
Зошто брзате со сексуални односи? Не можам ни да замислам како се чувствуваш додека чекаш да добиеш. Сега може нема да си бремена, но што ако следниот пат ти се случи? А голема е веројатноста да ти се случи, бидејќи ни контрацепцијата не дава 100% гаранција, а камоли незаштитен однос. Запрашај се дали вреди? Може ли психата на 16 год. дете да поднесе толкав товар? Зошто не уживаш во животот без вакви стравови и притисоци. Запознавајте си ги карактерите, личностите, не вашите тела. Ако твојот дечко те сака, тој ќе те чека. Не мора да докажуваш љубов со секс. Тоа е сосема друга работа. Ако не сака да чека, нека си оди, тогаш не те цени доволно. Можеби си била љубопитна и си пробала, но тоа не мора да значи дека сега не можеш да престанеш. Одлуката е твоја и само твоја. Ако се прашуваш кога една девојка би била спремна за односи, мојот одговор би ти бил - тогаш кога е спремна да чува бебе. Бидејќи, абортусот е многу штетен и ризичен особено кај млади девојќи кои сеуште не родиле. Плус на сето ова стави ги и сексуално преносливите инфекции кои дополнително комплицираат. Затоа душо мила, те молам размисли, за твоето здравје се работи и за твојата иднина.Ако ти треба разговор и поддршка, слободно пиши ми во инбокс Позз
Se slozuvam potpolno so vas se pronajdov do nekade vo vasite zborovi pa resiv da spodelam sto se sum preziveala I kako se custvuvam Imam 19god a na 15god se omaziv I veke bev trudna mi se rodi prekrasna kerkicka se gordeam so NEA Nemozam zivotot bez NEA kako I site roditeli bez svoite DECA pominavne niz Mnogu teskotii kako sto kazavte. Ne e lesno da se stane majka na 15god no so pomos na roditelite uspeavne. Prerano zapocnav da plovam niz bracnite vodi napocetokot mi bese interesno no Sega mi e Mnogu tesko dodeka moite drugarki se na fax jas sedam doma I cuvam dete se nerviram placam po celi noki denovi me faka depresija kasno svativ deka Ne bilo se taka podmackano vo zivotot ama toa e sto da se pravi sekoj ziveee I se bori za najmilite....I da se navratam na temata ABORTUS...pred 2 meseci ostanav trudna po 2 pat neplanirano I se resiv za ABORTUS go storiv toa sama bez nikoj da znaj abortirav vo 5 nedela najtragicno bese sto nosev bliznaci :'( Mnogu se kaam I tesko mi e spreciv da se rodat dve prekrasni angelcina nikogas nema da si prostam ubiv 2 nevini sustestva :'( ama zivotot odi ponatamu toa sto pominalo Ne se vraka Da se trudime vo idnina da Ne GI poftoruvame istite greski I GI zamolivam momentalnite I idnite majki dokolku se odlucat za ABORTUS ubavo da razmislat po dobro voopsto da Ne ni pomisluvaat na toa no kako sto kazavte IMA Mnogu okolnosti Koga nekoj e. Primoran da go stori toa znam nekoj ke me osuduva mozebi nekoj ke me razberi kako se custvuvam I kolku mi e tesko...:'( ubava nok
Дефинитивно сум за абортус... Мене не ми дозволи мм да абортирам, останав трудна кога најмалку сакам, воопшто не сум подготвена, по цели денови сум напната, нервозна. Стигнав до 7-от месец, не чуствувам никаква љубов кон ова дете и не прекинав да му пререкувам на мм што направи таква грешка. Многу луѓе ке ме осудат, но никој не знае колку е тешко, по цели денови плачам, неможам да се помирам со месеци веќе :'(
А зошто да е тешко? Како не можеш да прифатиш дел од себе? И јас не сакав, не бев спремна ама го прифатив, вака или така реков ќе го гледам
Неможам да се помирам бидејки мм не ја почитуваше мојата желба. Му реков не сакам дете, а на него му беше битно бидејки тој сака. Плус имам 18 месеци дете, незнам што ке правам, овие 7 месеци ми се пекол, а кога ке се роди со две мали. Мислам дека никогаш нема да му простам на мм, сепак одлуката за дете треба да биде на двајцата партнери, не само на едниот нели?
Кога ќе се роди тоа мало невино ангелче и кога ќе го земиш во раце ќе свтиш дека твојот сопруг бил во право и тогаш ќе му простиш... замисли со првото да беше бремена со близнаци? како ќе ги изгледаше? тоа е дар од бога се ќе си се нареди ... ќе си ги порасниш и ќе бидиш многу благодарна.замисли како му е на жените што неможат да забременат, а копнеат по бебе ... ти ја имаш таа можност и немој да му се лутиш на мажот ... биди среќна што имаш дете,сопруг што те сака и сака деца со тебе ... и детенце на пат ....