TOA treba vie maskite da go smetate kako vasa odgovornost ako ne sakate da ve vikaat tato na 17 god uklucite mozok
Dokolku e nesakana bremenost e mnogu loso i jas bev vo takva situacija samo sto ne bev vo brak i morav da abort. Pa ete sega sum vo brak i veke 1god.nemozam da zabremenam. Mnogu e tesko koga ostanuvas nesakajki bremena , a koga go posakuvas toa go nema.
Точно, ама има некои машки кои викаат дека не им е гајле за детето, и во таков случај жената е приморана да абортира, освен ако не планира сама да го чува детето.
Jas ne mozam da ve razberam od decata se zalite, pa ne e sporedba ama edno mace da najdes na ulica ke go zemesi ke se grizis za nego i ke go sakas. Jas sto da kazam mladosta i zdravjeto go ostaviv na fak. da giostavime parite sto se potroseni, 10 god bez rabota, na 32 god se omaziv, sega imam 36 god, mazot mi ina 50 god, aj kazete mi dali moite deca ke gi docekame da se zenat i dali vnuci ke docekame. Bidejki sme i dvajcata nevraboteni ne sakame da imame deca, nejkam od penzii i tie da zavisat, koga ke se vraboti nekoj od nas togas nejkam deteto da trpi nemastija, ako imam deca ke gi gledam kako sto treba Sram da vi e na vas sto se zalite za decata, vie ne ste dostojni roditel da se narecete podobri daj go na posvojuvanje, posvoitelite podobri roditelu ke bidat. Mace. da najdes na ulica ke go sozaliske go cuvas i sakas, a ne dete svoe dete.
a ti se smetas za dostojna a velis nesakas dete bidejki nemas finansii? sakas se da ima toa dete? zar ne bese neli dovolno da go sakas a se drugo ke dojde so tek na vreme? od kade znaes koj od kakva pricina se zali ? ete vsusnost i ti si slicna se zalis deka nemas finansi pa poradi toa ne ragjas
Мажите не се малоумни па да не знаат дали треба кондом да користат, и против несакани бременисти и против полови инфекции и болести... Зар треба да дојде до инсистирање работата? Ко тој да е ретардиран, па јас ќе застанам и ќе инсистирам... И крај краева дете е во прашање... заедничко дете. Не е само нејзино или негово, туку ОД ДВАЈЦАТА. Значи мажите треба да викаат: ако не инсистираш јас не ставам кондом, па на крај ти ќе останеш трудна и што сакаш прави... нема да сум јас труден...
I da napravam dete i vo ovaa situacija ke go rodam nikogas nema na drugo nesto da pomislam jas sum protiv abortus. Ama nie se kontrolirame so mazot, mislam za ovie sto se pomladi ako bile sposobni da ja pravat onaa rabota odnosno ako se dovolno emotivno zreli togas mozat i bebe da cuvaat. I da ostanam bremena i vo ovaa situacija ke go roda sepak Gospod Hristos si gi redi rabotite toj najdobro znae , mozebi toa dete sreka ke ni donese. Ama nie se kontrolirame so mazot za taa rabota kolku mozeme, a mojata mladost pomina vo stresovi za ispiti, i sega nevrabotena veke 10 godini, ne daj boze da si vo moja situacija. Mene ne mi treba setanje jas si sakam familijaren zivot, i otsekogas sum sakala mnogu deca ama ete taka trebalo da bide, barem edno da imame. Da znaev ne studirav ke si se mazev pomlada i sega ke imav golemu deca. Koga ke docekame da staneme baba i dedo i toa ne cinu.
Samo ke kazam .. cuvaj me gospode od glupi i prosti luge. Olgica pocekajte uste nekoja god. taman mt ke stane 60god i voopsto nema da ima potreba da se cuvate. I ti se molam kako samo ti da si zavrsila fax pa mladosta si ja izgubila. Jas i magistrirav pa ne se osekam nikade da sum izgubila mladost. A toa da ne sme vo tvojata situacija Pogledni naokolu ke vides kolku polosi sudbini ima od tvojata.
Не треба така да викаат мажите ама во реалноста постојат и такви луѓе, прават дете и потоа не преземаат никаква одговорност и воопшто не ги интересира тоа дете, а потоа жените кукаат и се правдаат како морале да абортираат бидејќи не можеле сами да го гледаат детето.
@Nurce26 незнам колку години имаш , ама јас на 20 имам две деца од две години разлика . Разбирам велиш не си спремна, ама нема што да се прави веќе е многу доцна за се . Ќе си го засакаш бебето што го носиш , веднаш кога ќе ги допреш тие малечки рачиња .. Е тешко е со две мали деца , ама ќе се навикнеш , јас успевам и дете у градинка да однесам и да средам по дома, и да зготвам по нешто и наоѓам време за себе и излегуваме со мм на кафиња на шопинг .. Ќе се среди ќе видиш @Olgica.bu финансиите не се секогаш пресудни . Јас и маж ми бевме средношколци кога останав бремена со првото . Ете го натаму наваму има 2 години , маж ми се вработи , детето е во градинка другото е сеуште мало , да потпорасне и тоа во градинка , здравје ќе барам и јас работа , макар и во маркет да е или бутик , колку да се мрда од дома . И да како што пиша џој некогаш е доволно само да го сакаш , финансиите доаѓаат и си одат .
A sto ako e nespremna treba sama da go cuva? Ne sekoj e spremen da se zrtvuva, sekoj so svoite svakjanja...
Па затоа напишав претходно дека женските треба да инсистираат машките да користат заштита, за да не дојде до несакана бременост и приморан абортус.
Малку оф топик ама во контекст на сигурен секс Фраерот и да не сака да користи заштита, ние девојките треба да сме попаметни и да кажеме „Не!“. Нема кондом? Ок, нема секс! Да, верувам дека кај мажите особено има огромна разлика меѓу сексот со кондом и оној без но ризикот кој доаѓа од некористење заштита сериозно не вреди за еден оргазам. Нормално дека едно е незаштитен однос со подолг партнер, човек во кој имаш доверба дека ќе биде покрај тебе и за кој знаеш дека е здрав но со нов дечко? Никако! Ајде, несаканата бременоста да ја ставиме на страна (добро знаеме кој цел живот ќе ги носи лузните на абортусот, и физичките и психичките), ама од кај да знам што правел тој пред да биде со мене, односно со кого бил. Не дај боже ама убаво викаше една постара реклама, сидата не бира по телефонски именик. Една глупава грешка и добиваш билет во еден правец. Тука е (како мааалку помало зло) и хпв-то. Точно дека не се сите типови високо ризично ама па мала работа ли е канцер или неплодност? А се тоа само зошто господинот не сакал да стави кондом! Не му било убаво со кондом, го жуљало , траел пократко? Јбг, ако не му чини, епа секогаш постои опција порно+ десанка Само уште ние девојките да имавме доволно силен карактер да му кажеме „Стави кондом или толку од сексот“ на дечкото што ни се свиѓа
@Nurce26 по твоите постови заклучив дека си лута, фрустрирана оти мажот постапил така со тебе. Кога ќе се ставам на твое место си велам во право си, како може мојот животен сопатник да не ја почитува мојата одлука. Се работи за царски рез, сите горе доле знаеме дека треба да помине време за друга бременост, сепак операција е тоа. Ама има случаеви и што не чекале толку поради ним позната причина. Слушај го твојот доктор, не прочитав дека ти кажал нешто во смисол телото да не може да ја издржи бременоста, затоа што ако има нешто он треба да те советува да ја прекинеш бременоста. Верувам се е ок. Расчисти со негативните емоции затоа што така му штетиш на бебето, а и себе. Има многу што не сакале бебе на почетокот па после велат никогаш животот немаше да ми биде ист без него. И не барај кривец цело време во маж ти, сфати го тоа како заедничка "грешка" сигурно имаш удел и ти, за секс се потребни двајца ако не се лажам со царски беше ризично и однос да имаш поради раната. Може сите имаме планови и приоритети, но не е како што сакаме, може тој живот ќе ни го смени животот, титула која вреди повеќе од сите титули.
А пази го воа еве девојката е заразена со хив и не му кажува или и сама не знае, се случува, болеста ја пренесува на дечкото и треба ли утре она да му се правда ти не инсистираше на заштита сеа гајле ми е.
Па темава е за абортус и бременост, а секако дека може да се случи и тоа што ти го велиш, не само девојката туку ако не се користи заштита и дечкото може да и пренесе некоја болест на неа. Али сепак женските имаат повеќе причини да инсистираат на користење заштита, бидејќи тие може да останат бремени и плус да добијат некоја болест, а за машките опасноста е само од второто.
Така е, ама жената го раѓа бебето, а не мажот, и ако мажот не го сака тоа бебе тој не треба да направи ништо, а жената ако не го сака ќе мора да абортира, тоа е разликата, затоа и постои зборот абортус и затоа дискутираме за ова во оваа тема.
Да, пошо жената го раѓа детето затоа и абортусот би требало да биде дозволен пошо во животот може да се случи се а и државата не е таа која треба да одлучува дали ние жените треба да родиме дете или пак не треба. btw. Нели постојат некој правни норми кај шо ако се докаже татковството тој мора да дава алиментација било да се во брак или не мажот и жената?