Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Епа за да не се случи несакана бременост треба да се користи заштита, и ако вие треба да одлучувате дали ќе родите дете или не, тогаш треба и да одговарате што убивате ембрион/фетус, кој потоа ако не биде убиен ќе прерасне во бебе. Инаку ако се докаже татковството се определува алиментација, само што многумина прават се за да не ја платат.
     
    Последна измена: 6 октомври 2016
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.799
    Допаѓања:
    325.255
    Пол:
    Женски
    Mn jaki mazista
    Se ostavate zenata da odluci
    Vase e samo da go piknete neli?
     
    На Bender Rodriguez, ALISA0000, Kaetana и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    За да го пикнеме ние прво треба да добиеме амин од вас.
     
    На baba Rada, HUNK и meckicka им се допаѓа ова.
  4. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    580
    Чинам нема ништо потажно, а потем и поодвратно жени гласно и афирмативно да изнесуваат проабортус тези. Згора на тоа да им биде за тоа аплаудирано. Секако, главно се работи за жени заслепени од бркање феминистички идеали. Не помалку тажно е маж кој што молчи и не презема никаква акција и само кимнува со глава на ваквите ставови. Човекот сака да стане Бог, во сите свои слабости, а всушност станува едно гоолемо промашување. Абортусот од просто „ќе правам што сакам со моето тело“ однесување, е ништо повеќе од обид да се легализира сопствениот грев. Сопствениот блуд. Стрмоглаво бегство од одговорноста.
    Бебето и во утроба и надвор од утроба е бебе. Само што надвор од утроба ни го цица млекото и ни го јаде лебот.
    За што се во спротивно, сите напори на родителите во изминатите девет месеци, сите потресувања и бдеења над здравјето на родилката, сите прегледи, сите адреналинско скокови кога ќе се види бебето на снимките, па неговото срце, па неговото движење во стомакот на мајката, што се подготвува да пречека светот? Само еден целосно развиен ембрион? Множество на клетки? Навистина, според зборовите на еден филозоф, човекот е осуден на слобода. Гледајќи што се прави со таа слобода, убедена сум дека ни најстрашното цунами не може да не измие од нашата одвратност и од нашето беснеење.
     
    На missswety, Јаневски, QueenP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Не сме само ние кривии и мажте се криви и тие одлучиле да г убијат со самото тоа што го отфрлиле и рекле абортирај.
     
  6. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Не сите мажи кои го отфрлиле бебето рекле дека тоа треба да се абортира, а и ако рекле тоа не значи ништо, жената е таа која одлучува дали ќе убие ембрион/фетус или не, а ако реши да убие целата вина оди кај неа.
     
    На HUNK му/ѝ се допаѓа ова.
  7. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.155
    Допаѓања:
    50.546
    Пол:
    Женски
    Против абортус сум и секогаш ќе бидам. Бебето не е виновно за ништо за да му го уништуваме животот, виновни ќе бидеме ние што не сме биле внимателни али бебето не тоа има право на живот и неможеме да му го скратиме тоа. Решение не е абортусот тоа може да биде опасно, може да дојде до разни компликации од коишто подоцна никогаш не би можеле да имаме деца, па дури тогаш ќе велиме ех требаше да си го задржам детето, ама сега е доцна веќе.
     
    На HUNK, Јаневски и Sashko1992 им се допаѓа ова.
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ако тој не е спремен да биде родител, ако не се познаваат дволно луѓето зар треба инсистирање само од стрна на девојката?
    Да, има такви мажи што не користат заштита и после бегаат од жената и детето... Имало и ќе има, ама тој човек нормален ли е? Има ли совест? Некој современ, паметен, културен човек би направил ли така на девојка? Не, туку така би направил само некој тежок сељак и болен во паметот... Сепак...
    Дали мажот е крив, дали финансиите се криви, дали стамбено прашање е криво, сепак жената си одлучува за своето тело.
     
    На AnaKlarc и joy1 им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    А бебе зачнато при силување? Силуваната е крива? Да одгледува бебе од силувач? Да, бебето не е криво ама кога ќе праша за таткото... Секоја жена има право да прави што САКА СО ТЕЛОТО..
     
  10. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.155
    Допаѓања:
    50.546
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl Јас мислев за во врска кога се двајца, а за слиување не напишав коментар.
    А да секој си одлучува што сака да прави со телото.
     
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Само продолжи да се тешиш дека целата „вина“ оди кај девојката која абортира. Кога фраерот на веста дека ќе биде татица реагира со зборовите „Не ме интересира што ќе правиш, тргај се од мене, не сакам повеќе да те видам“, што мислиш ти, тоа не е еден вид абортус?

    Еве, девојката и да сака да го задржи детето, знаеш ти што значи во Мк дете родено вон брак? Имаме и „прекрасен“ збор за тоа дете- копиле. И немој да мислиш дека на некој фаци ќе им биде незгодно така да го ословуваат, стока народ сме ние. Комшии, роднини, соученици. А најинтересно ќе биде што татица ќе се извади зошто нели, колку треба да си кретен да шутнеш бремена девојка? Не, не, 100 % не е негово! Аааа па тој е така фин дечко, од добра фамилија, сигурно би ја направил вистинската работа и би ја оженил кога тој стварно би бил таткото! Не бе, којзнае чиво е детето, курвана со кого се не се е*ела. А за животот на мајката нема ни да коментирам- во средина каде со едни очи се гледаат разведените жени, што останува за оние кои родиле вонбрачно дете...

    Да ги тргнеме термините курва, копиле и реакциите на глупиот народ на страна, ти знаеш дека бебето треба да јаде, треба облека, пелени, лекови, така? Каде е количката, креветчето, релаксаторот? Тие трошоци се премногу за некој кој има ок плата во Мк, а што ако девојката е студентка, невработена или работи за минимална плата? Кој ќе ги покрие трошоците околу бебето?

    Ама битно „вината“ е во девојката...Односно, да, виновна е што се заљубила во кретен кој ја оставил на цедило кога и бил најпотребен.

    Да сумирам:

    Машкото несаканата бременост ја „прекинува“ со откачување на бремената девојка додека женското несаканата бременост ја „прекинува“ со медицинска постапка. Разликата е што момакот е пречекан со тапшање по рамо и „Уф, добро е, брат, се спаси!“ додека девојката е нарекувана убиец.
     
    На Bender Rodriguez, Mishela, fighter и 18 други им се допаѓа ова.
  12. ***Starfish***

    ***Starfish*** Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Целосно се согласувам со тебе, тоа можат само да си го велат и да се тешат оправдувајки се пред сопствената совест.
     
    На joy1 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  13. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Поентата е да не дојде до несакана бременост, а нема да дојде само ако се користи заштита.
    Баш добро што ги напиша сите овие работи, дека девојката ќе ја нарекувале курва а детето копиле, или кој ќе ги покриел трошоците околу бебето, бидејќи девојките најчесто размислуваат за ова откако ќе забременат, а пред тоа не се грижат многу дали имале секс со или без кондом.

    Дете не се прави без дозвола на жената, освен ако не станува збор за силување, така да како што напишав и претходно, ако не сакаат жените несакана бременост и приморан абортус, треба да инсистираат мажите да користат заштита при сексуален однос.

    Вината е целосна кај жената затоа што таа е бремена, и таа одлучува дали ќе абортира или не.
    Плус има една неправедна ситуација за која никој не зборува, кога некоја жена реши да абортира, а мажот е против тоа, таа не сноси никакви последици, а ако жената реши да го роди детето, а мажот го отфрли и не го признава, тогаш тој мора да плаќа алиментација, кај е тука рамноправноста?.
    Затоа според мене ако мажот мора да сноси последици и да плаќа алиментација на дете што не го сака, исто така и жената треба да сноси последици што убива ембрион/фетус, кој таа не го сака.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.799
    Допаѓања:
    325.255
    Пол:
    Женски
    Sasko znaci stvarno go tupis so denovi
    Ok svativme kolkav maz si

    Protiv abortus si a vo isto vreme nit se zalagas za kondom nit odgovornost sakas da prevzemes
    So takov ne bi bila vo vrska pa makar posleden da si na planetata

    I prestani da razubeduvas
    Eden den koga ke fatis sifilis ke posakas ne kondom cel vo najlon da go obvitikas ama kasno ke ti bide.
    Mozebi i togas ke i reces ti si kriva trebase kondom da mi reces da stavam

    Mi se gadi od vakvi placipicki na koi zenata za se im e kriva
     
    На Priroden, Dust, Bender Rodriguez и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Пишувам со денови , бидејќи некои уште не можат да ми ја сфатат поентата, а меѓу тие очигледно си и ти.
    Јас повеќе пати напишав дека женските треба да инсистираат машките да користат кондом, ама никаде не напишав дека машките секогаш треба да чекаат женските да им кажат дека треба да стават кондом, баш напротив мислам дека машките треба да бидат свесни дека треба да користат заштита и не треба да чекаат некој да им го каже тоа.

    Сепак во реалноста има многу несвесни машки, па затоа кога тие забораваат или не сакаат да користат заштита, женските треба да инсистираат сексуалниот однос да биде со кондом, а ако и при инсистирањето машките сеуште не сакаат да стават кондом, тогаш женските не треба да прифаќаат таков секс.
    Ама колку што има несвесни машки, толку има и несвесни женски кои прифаќаат секс без заштита, и затоа се случуваат несакани бремености, а потоа и приморани абортуси.
    Затоа треба да се подигне свеста и кај машките и кај женските за да не доаѓаат женските во вакви ситации.
     
    Последна измена: 7 октомври 2016
    На zalosna, HUNK и jasbi им се допаѓа ова.
  16. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    е стварно ме иритираат некои работизашто до абортус да дојде...на денешно време толку превентивни мерки има за користење и од женска и од машка страна...толку мн информираност за се,а и зашто да се обвинува било кој дали е женско или машкото-двајцата де виновни ако се дојде до бременост...Затоа постои Не..Против абортус сум ,заштити се на време не се кај после тоа....
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    А ти знаеш дека не постои 100% заштита освен апстиненција, така? Кондоми, пилули, спирали- кај сите нив постои реална можност за бебе! Статистички, кај кондомите постои 3 % шанса за несакана бременост, кај анти-беби пилулите со секоја пропуштена пилула значајно рипа ризикот за несакана бременост (од 30% до 80%) додека кај спирала процентот е најнизок, 1 во 100 но тие не се препорачуваат кај жени кои се уште сакаат да раѓаат.

    Заклучок:
    1. При секој пенетративен секс секогаш постои шанса за бебе
    2. Несакана бременост може на секој од нас да му се случи, без разлика колку се внимава!
     
    На MilaP и joy1 им се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.799
    Допаѓања:
    325.255
    Пол:
    Женски
    A kondom ne puka?
    Norlevo sekogas uspeva?
     
    На blackwave, MilaP, pandelka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    И заштитата не е секогаш 100 % сигурна. Може кондомот да пукне, може пилулата да не дејствува, може 300 работи да се десат. Како може вакви рсзмислувања во 21ви век? Ко стари луѓе размислувате.
    Аууу тоа срамно нешто е, ауу каков абортус (facepalm)
    Ок, против абортус сте и овој Сашко напна, ама никогаш не вели никогаш... Не знаеш иднината што ти носи... Може ако некогаш ви дојде јајцето на газот, ќе сфатите дека секоја жена има право што сака да прави со телото и никој не е достоен да ја нарекува УБИЕЦ...
     
    На *sisi*, blackwave, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  20. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    јас сум женско и да сум за да си одлучиме самите за себе што со нашите тела...имам две деца и ниту едното не е несакана бременост....И не сум со заостанати сваќања,едноставно би сакала да се чуваат денешниве млади на секаков можен начин макар кажале некому и НЕ...а инаку сум за наше тело наша одлука сепак и да се роди и да не се роди бебе најголемата одговорност а и последици ние ги сносиме