1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Аватар: Патот на водата (Avatar: The Way of Water) [2022]

Дискусија во 'Филмови' започната од RainBow, 27 февруари 2023.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.030
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    https://www.imdb.com/title/tt1630029/

    Не знам што треба да се каже за филмов, веројатно ви е познат.
    Јас можам да кажам дека вториов дел ми се допадна и повеќе од првиот, во 3д беше предобро да се гледа.
    Морам да си признаам дека плачев
    кога гo ловеа и убија тулкунот, претажно ми беше.
    Исто и кога умре син му.
    Не очекував дека ќе е толку емотивен, ама баш ме погоди.

    Дали го гледавте? Како ви се допадна?
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.790
    Допаѓања:
    81.022
    Пол:
    Женски
    Во план ми е да го гледам, ама ете никако да издвојам време зашто прилично долг е. Само се мислам дали има поента да се гледа дома, без 3Д ефектот и мислам дека сепак подобро е да се гледа во кино. Без ефектите не знам дали би било тоа тоа. А јас дури се решам, ќе го тргнат од репертоар...

    Ептен ми се допаѓаше првиот дел и ме интересира како ќе продолжи приказнава понатака. Читав дека ќе има уште три продолженија, си најдоа крава за молзење, што убавко. :D
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.030
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Во кино дефинитивно, предобри се ефектите.
    На почетокот е малку развлечен, додека да тргне приказната, можел да биде малку пократок, ама па не иде тоа така.
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.790
    Допаѓања:
    81.022
    Пол:
    Женски
    Некогаш не смета кога е побавен, само тешкото е ете додека се реши човек да оди и да отседи три саати во сала. :D

    Ќе го гледам и ќе пишам, дефинитивно ќе биде во кино. Да го фатам додека сè уште го има.
     
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.786
    Допаѓања:
    122.396
    Пол:
    Женски
    Ми се допадна, но не ме воодушеви како првиот.Имаше непотребни сцени на почетокот.
    Само смртта на Нетејам мислам дека беше ту мач.Претажен дел.
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.374
    Пол:
    Женски
    Го гледав,и предобар беше.Ама како некој член погоре,се согласувам дека првиот беше подобар.
    Инаку,зошто во насловот стои 2023?:D
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.030
    Допаѓања:
    66.598
    Пол:
    Женски
    Зошто во 2023 го гледав, duh...:D
    Го сменив.
    Имаше навистина непотребни сцени, се расфрлаа со ефекти само.
    Му даде тежина на филмот тоа во спојлерот, едноставно мораше да биде така.
     
    На nextredstyle и Евроазија им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.989
    Допаѓања:
    159.197
    Пол:
    Женски
    Јас го немав гледано првиот и ја имав генијалната идеја да го гледам првиот, и одма да се облечам и да одам на кино за вториот. :D И на кино седам ко со шилци ама толку уживав овој пат еј. Не е само визуелно добра, дејството многу велат дека е ко да се повторва. Не ми е важно. Дава акцент на ликовите и character development шо јас се осеќав како да го познавам. Во еден ден пошто гледав двата филмој се осеќав како да растам со фамилијата. Ау па то плачење. Си плакав цел ден.

    10/10 ко ќе излези 3ка, пак од 1 во ист ден ќе прегледам.
     
    На Mishela, Евроазија и RainBow им се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.789
    Допаѓања:
    30.217
    Пол:
    Женски
    Го гледав и јас.
    Прекрасни сцени во 3Д е се предобро направено.

    Она што ми смета е што првито беше анти-насилство омаж на мир и слично. Овој праќа порака мораш да се бориш, без насилство ништо нема да се реши.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.206
    Пол:
    Женски
    Добар беше, aма нека не траат толку долго наредните делови.
     
    Последна измена: 4 април 2023
    На boomsleng и Elenpelen им се допаѓа ова.
  11. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    903
    Пол:
    Женски
    Нема потреба 3 саата, 2 се доволни. Првиот дел ми беше подлабок, бар јас така го доживеав, поемотивно.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Watermelon96

    Watermelon96 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2018
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    1.555
    Пол:
    Женски
    10/10
    И подолго да траеше ќе го гледав :D
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.790
    Допаѓања:
    81.022
    Пол:
    Женски
    И конечно го гледав. Better late than never. :sweat:

    Вака на прв поглед да, првиот дел личи дека е култен, дека е подобар, итн. Ама во вториот дел имаше подобар closure на ликовите и нивниот развој. Тајм-скипот мислам дека беше клучен, па и како се погоди навистина да има поголемо растојание меѓу двата дела, ептен реалистично го доживеав нивниот раст. Колку може да е реалистично де нели, ама мислам дека се разбираме. Ми се допадна, се утепав од плачење и јас, не би се повторувала со другите коментари.

    Е криво ми е што не го гледав во кино, мислам дека ефектите би биле одлично дополнување, ама имав гаден eye strain кога беше актуелен и шанси немаше да седам 3 саати во кино, тоа е...

    Инаку, @theowndemon баш ме насмеа со планот. И јас имав иста идеја, ама после ни светна дека ова се мошне солидни филмови за family night movies, па си го додадовме на листата филмови што би ги гледале со идните деца, па тогаш ќе падне некој квалитетен rewatch. Таман комплетно да подзаборавам што гледав, може за 10 години од сега ќе биде тоа, којзнае. :D
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.