Не знам како досега никој не отворил тема за овој прекрасен филм. Мислам дека нема потреба да објаснувам што се работи во Avatar, бидејќи сите го имаме гледано, или евентуално ако има случајно некој што не го гледал ќе види подолу во клипот. Инаку мене многу ми се допадна филмов и кога се емитуваше во кино Рамстор 2 пати бев да го гледам. Филмов искочи пред точно 1 година и 1 ден (18.деќември.2009) и е снимен во 3D. Многу ми е криво што не отидов во Бугарија или Грција да го гледам Avatar во 3D,а тогаш масовно се организираа тури специјално за AVATAR. Avatar е најскап филм некогаш направен и за него се потрошени 10 години и 500 милиони долари. http://www.youtube.com/watch?v=J9-IH3vogFk
И јас го гледав Аватар два пати во Рамстор и делиме мислење дека подобро ќе беше да го изгледав во 3D, ама тоа е, нашето државиче доцни со некои изуми. Првиот пат бев воодушевена, ама вториот пат за малку ќе заспиев. Ми се допадна филмот, не сум љубител премногу на sci-fi, но интересен, иако реално приказната е веќе видена и слушната. Но, ок, специјалните ефекти беа одлични и Zoe Saldana си ја сакам, па бев малку пристрасна. А и 10 години да работиш на филм, богами не е малку, заслужува аплауз. Знам дека се подготвува втор дел, се надевам нема да го у*акаат.
Бев на кино, го гледа и искрено, добив повеќе отколку што очекував. Баш беше интересен и ниту еднаш во тие неколку часа не помислив да ја напуштам салата. Е добро сега, не беше на газ да паднеш, но добро, просечно онака Уствари повеќе од просечно
прекрасна љубовна научна фантастика,ми се допаѓа и овој филм,но како и други што спомнаа 3д би завршило работа за подобар ефект кај нас,но изгледа за нас и 3д е научна фантастика
Покахонтас во модернизирана sci-fi верзија. Го изгледав само за да бидам во тек со дешавките во светот. Не ме остави рамнодушна, ниту пак премногу водушевена. Мислам дека да во 3Д сосема е друго искуството, али ајт...што да се прави?
изгледа само мене не ми се допага филмов Cите дома го гледаа,занесени,јас во првите 10мин брзо станав,несакам ваков тип на филмови
Изгледа сум еден од ретките кои се’ уште не издвоил време за филмов. Едноставно не ме зафати сета онаа прашина која ја крена зад себе, и не сум се решил да го пуштам. А ете го, си фаќа прашина на компјутеров. =)
Како не сум напишала во темава досега. За резил сум! Морам да промрчам за овој филм, мене воопшто не ми се допадна. Можеби затоа што го гледав на компјутер, па таа магија која се кажува дека се создава во кино, не ја доживеав. Тема што веќе неколку режисери ја имаат обработено, значи ништо ново и инвентивно, приказната за Спојлер добрите победуваат на крајот ми е веќе преку глава дојдена, ме нервираат филмови кои завршуваат и среќно си живееја... Се на се, очекував повеќе од овој режисер, за толку пари колку што потрошил на филмов, не вреди.
Добро е,не сум единствена што Аватар и личи на Покахонтас Сума сумарум филмот не е лош ама е веќе видено.Абе цртан филм Го гледав во Рамстор заради дечко ми,инаку не би го гледалА,нејќам такви филмови. Покахонтас ќе си ја гледам
Аватар го гледав дури сега и ми се допадна , ми го дадоа на епетен добра резолуција и сум ептен задоволна од филмот. Колку се само луѓето алчни и никакви, ќе уништеа цела популација за некој метал.....
Го гледав и јас на компјутер,се здрвив 2 и пол часа иако првите 30 минути беа досадни,не зажалив што го изгледав зашто навистина ми се допадна.
Досаден со големо Д. Може дека беше премногу исфорсиран па очекував многу повеќе од веќе видена приказна. Единствено му вредеа боите и природата, уште да имавме 3Д кино, уф уф убавини ама вака ништо посебно филмчево.
Мене баш ми се допадна филмов. На моменти ми бее досаден, но сепак приказната и се тоа ми беше интересна.
Многу беше досаден, мое мислење не требаше толку галама да кренат околу овој филм, со тоа само повеќе ги зголемија очекувањата на публиката...уште една фантастика плус, нисто особено..
Мене ми се допадна филмов. Не сакам вакви филмови, ама овој не знам зашто ми се допадна. Интересна ми беше приказната, како беше направен филмот... Ама сепак 3д е сигурно wayyyy подобро.
Како што кажа Трендафилка погоре, би било 100 пати поубаво да го гледавме во 3D ама државичката ни е таква.. Заостаната...... Инаку филмот ми се допадна, не беше кој знае што, сум гледала ли подобри ама и овој беше прекрасен