мене филмов ми беше досаден..ама па другарка што го гледала на 3д вика дека бил преубав...во 3д филмовите не се фокусираат многу на приказната туку на сцените па така да мислам дека беше безсмисено да го гледам така..
Воопшто не сум фан на научна фантастика,но филмов баш ми се допадна прекрасна приказна за љубовта која всушност и е необична па затоа и ме заинтересира.
Same here! Не знам што толку се трескаа луѓето од земја...Аватар па аватар. И реков ај да не бидам толку затуцана, да видам што е толку интересно. Очигледно, ништо...Ми здосади одма и ме мрзеше да го гледам
Доста лош. Но, пофалби за тоа како е правен и што технологија е усовршена за таа намена. own: Се обидов до сега 3-4 пати да го гледам. Еднаш првите 15тина минути, па само крајот, после тоа средина..и така уште малце ми фали целосно да го комплетирам. Вака без 3,D разочарувачки во споредба со тоа кое го очекував. Кај одредени актери глумата ич не ми се допадна.
најдосадниот и најглупав филм што сум го гледала досега !!!!! и да, како што спомнавте погоре, можеби би го доживеале поинаку доколку го гледаме во 3D, ама подобро би гледала друг филм во 3D отколку овој никогаш нема да го гледам повторно !
според мене филмот е легендарен, но само во однос на ефектите и навистина го оправдува буџетот, бидејќи Нави-те се толку реално изработени, а во однос на приказната не ми е ништо посебно (штрумфови си играат похахондас)
Се согласувам со првото-Ги оправдаа вртоглавите суми со неверијатните ефекти. Во филмот можевме да видиме цела една нова планета и модифицирани суштества-да кажеме Иначе се на се-филм од кој може да се извлече добра поука
Мене ми се допадна...премногу! Тие убавини на Пандора не можав да не станам воодушевена. Може приказната е скоро иста како на Покахонтас иако е прикажана во sci-fi верзија, презадоволна сум и со ефектите за таков филм
филмот не беше нешто посебно како што зборуваа сите.јас го гледав во кино и да ви кажам право се здрвив на столче бидејќи ми беше многу долг.
Го гледав филмот, и не е ништо посебно како што сите зборуваа. Убав е, не викам не, но сигурно би бил многу поубав ако имав услови да го гледам во 3Д
Ништо, ама баш ништо посебно. Очекував многу повеќе и се разочарав, а гледам дека такви се коментарите на повеќето тука. Незнам за вас, ама јас едвај издржав да го изгледам до крај.
Значи, во почетокот слушав многу лоши коментари за филмот и несакав ни да слушнам за него,но подоцна кога го погледнав ми се допадна
Самата приказна и не е нешто посебно но вреди да се гледа поради магијата која ја пренесува плавиот свет.Го гледав на LCD и навистина бев воодушевена од тоа како беше прикажано се,ах убавини. А и глумецот е преубав и некако супер се снајде во улогата иако пред овој филм не бил баш познат.Филмот трае доста долго но мене ми помина брзо времето.