Прв пат го гледав 2010, летот од Сингапур до Истанбул 12-13ч лет, и само филмови гледав. Искрено воопшто не ми се допадна.
Се немам искажано за филмов мислам. ПРЕценет филм според мене. Ептен глупав без никаква поента. Можеби ги има најдпбрите ефекти кои некој филм ги имал, сепак не ми се допадна. приказната е за никаде и без никаква смисла. Мислам дека филмов својата слава му ја должи на Џејмс Камерон.
Го гледав првпат во кино филмов, ефектите ептен ми се свиѓаа и добра беше и самата приказна не беше лош, само што за еднаш да го гледаш интересен е али два или повеќе пати не е
го видов одма од кога искочи немаше ни 3-4 месеци го изгледав ама ми се свига добро филмче со премног фантазии ама супер е!!
Кога бевме 5 одделение некаде не однесоа да го гледаме во кино. Искрено џабе губење време, мене не ми се допадна..
Аватар е мојот омилен филм затоа што ги содржи повеќето мои фантазии. Имагинација без ограничување за тоа каков свет би можело да постои некаде на некој друг сончев систем,друга галаксија и се друго без кислород. Приказната е совршена,се си беше на место. Се прикажува себичноста на човекот со најубавите чувства на светот,и оние највредните работи. Настрана од сето тоа ефектите се само црешката на шлагот. Светот на Пандора е претставен повеќе од најдобро. Тој свет е мојот свет. Се е плаво навечер и свети,дури и луѓето се плави. А преку ден е природа зелена. Најубаво. И да, го имам гледано повеќе од еднаш и никогаш не ми е досаден. Филмот ме исполнува и тера да сакам да дознаам се повеќе за ѕвездите,секој ден се повеќе да ги гледам како светат во ноќта и се повеќе да и препуштам се на мојата имагинација. Совршенство
Прв филм кој го гледав во 3D. СОВРШЕН Е!!! Се е толку реалистично, ниеден друг филм го нема постигнато тој ефект. James Cameron повторно се докажа! P.S. Со нетрпение се чекаат вториот и третиот дел!
Да не беше некој да го гледа новиов Аватар да каже каков е? Најдов снимка, ама не знам дали има поента да се гледа без 3Д ефектот. Башка што многу е долг, 3 саати и овој, па засега ми отпаѓа од игра. Не знам што останало толку недокажано за да се протне во новиов и да има потреба да е толку долг... И не ми е јасно зошто и од Аватар ќе прават цела низа филмови, видов на tv time најава за дури три нови продолженија. Мене баш ми беше заокружен првиот дел, прекрасен таков каков што беше. Новиов би го гледала понатака чисто од љубопитство.
И третиот е снимен, ама ќе им треба 2 години визуелно да го скоцкаат. Мене првиот ми е супер филм, одлична приказна со позитивна порака, предобри визуелни ефекти, уникатни ликови, итн. Баш ме интересира двојкава, не се двоумам дека е супер.
Филмот заслужено доби внимание бидејќи претставува алегорија за она што им било направено на домородните народи, како и за она што и се прави на природата до денешен ден. И завршетокот со трансферирањето на свеста ми остави впечаток. Е сега, приказната е малку како копија на некои дизниеви идеи, визуелните ефекти можеби биле револуционерни, ама сум гледала за око поубави филмови. Прв впечаток ми беше оценка 7, но сепак на крајот се одлучив за 8.