1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Авенија на љубовта (Алфа)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 20 јули 2014.

  1. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Епа, новела е, има куп глупости, хаха.
    Ама држи пажња.
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Па ајде не е лоша, за разлика од турските глупости („част изузецима“ :) ). Глумците се преубави речиси сите, ама во процесот на „тегнење“ на серијата до 179 епизоди, колку што читав уфрлуваат уште неколку нелогични глупости, ама сега што да правиме...
     
  3. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Завршува за две недели, има 160 епизоди.
     
  4. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Нели се 179? Така барем на нет видов? Или интернационалната верзија се разликува од бразилската?
     
  5. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Така е, интернационалната има 160, а бразилската имала 179.
    Кој гледа овие денови, што се случува откако го пуштија Жоржињо, а Нина остана во затвор?
     
  6. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Охо, многу се случи:
    - Жоржињо не сакаше да излезе без Нина, па платија и за неа кауција
    - Туфао ја фати Кармиња дека парите не ги дава на децата, потоа и направи финта - и даде прстен со дијамант, и таа веднаш излезе, отиде го продаде и потоа отиде парите да му ги даде на Макс, па Туфао и тука ја фати - а таа као се вадеше дека се задолжил кај лихвари, па морал да ги врати (и паднало жал демек)
    - Макс и предложи на Кармиња да избегаат со бродот. Кармиња демек се согласи и Макс и се пофали на Лусинда. Вечерта кога се качи Кармиња на бродот, се вовлече и Лусинда. Кармиња го издрогира Макс, потоа дојде Луцио, со секира го искршија бродот и го оставија сосе Макс да потоне. Ама Лусинда го спаси со појаси за спасување и потоа ги спасија некои рибари. Крајбрежната стража го најде бродот и сите претпоставија дека Макс е загинат.
    - Макс отиде, ги зема сликите и се појави дома, кога го видоа сите ќе попаѓаа во несвест :). Кармиња кога го виде, кога списка...
    - Потоа Макс ја виде Кармиња како бега преку балкон, се стрча по неа и ја врза. Се врати дома и на Ивана и даде една кутија, вика ова е подарок од мене за сите вас. Као излезе нешто да земе и си отиде од куќата. Ивана го отвори подарокот и внатре беа сите слики на Кармиња и Макс и тоа урамени. Сите ги видоа, почнаа да пискаат, во меѓувреме Лелеко ја ослободи Кармиња, се вратија во куќата и - шок! Туфао и се пушти - што е ова, ти и Макс заедно! Ама колку ми беше мерак!!! Знам дека сега уште една ситуација уфрлуваат со која ќе „тупат“, ама важно сликите ги видоа сите!


    Иако знам дека е теленовела, можеа да направат ДНК на Жоржињо и на Агата и ќе се видеше дека се од ист татко, па и да не е Макс, ќе се знаеше барем дека и Агата не е од Туфао

    Од другите приказни вака нешто поинтересно беше што Иран ја запроси Дебора и таа се согласи. А ја запроси со комбе со разглас :))
     
  7. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.640
    Пол:
    Женски
    Вчера не бев во можност да ја гледам епизодата.Да не беше последната?Бидејќи денес не ја даваа серијата на Хајат плус...Што се случи вчера?Дали Кармиња го уби Сантијаго?Дали и' простија сите?Што се случи со Лусинда?Се венчаа ли Монализа и Туфао,Нина и Жоржињп,Иран и Дебора...?Ако не заврши вчера, зошто денес не ја прикажуваа серијата?
    Една епизода пропуштам и како теле во шарена врата сум сега:drunk:
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Заврши, и јас не ја гледав, последната ќе ја гледам на интернет.
     
  9. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Заврши!
    Многу работи се испослучија во последната епизода, ме „отепаа“ од плачење :)
    Нина нели им јави каде е местото каде го држат Туфао и полицијата трга накај нив. Ама Сантјаго, едниот киднапер, Нина, Туфао и Кармиња тргнаа накај еден спортски аеродром. Кармиња му се спротистави на Сантјаго, му го зема пиштолот и пукаше во него и во киднаперот. Дали ги рани или ги уби, не разбрав. Сите беа на распит за убиството на Макс и излезе дека Кармиња го убила делумно во самоодбрана, делумно да ја спаси Нина. Лусинда ја ослободија, и раскажаа дека не е крива за смртта на мајката на Кармиња. Потоа беше, ја посети Кармиња и и кажа дека ќе ја чека да излезе од затвор. Ивана се спои со Силас, Иран беше со Дебора, Туфао со Монализа, Оленка со Адауто. Адауто имал демек траума од мал, до голем цуцал цуцла и Оленка као му помогна да ја преброди траумата. Уште кажаа дека кога требало Адауто да шутира пенал, некој му шепнал: „цуцла, цуцла“ и заради тоа промашил. Трите жени на Кадињо беа кај Џими, Кадињо не го пуштаа да влезе, тој се качи преку прозор, влезе и го удри Џими. Жените се одушевија и му се вратија.

    После три години ја пуштија Кармиња, Лусинда ја чекаше и Кармиња отиде со неа на ѓубриштето. Една година откога ја пуштија, дојдоа Жоржињо со Нина и со нивното едногодишно детенце, демек и простија на Кармиња, и тука ептен се изнаплакав. Со Нина се гушнаа дури, а Жоржињо и допушти да го фати за рака!

    На крај ги дадоа сите на стадион, играше Дивино, беше 1:1 и на крај направија пенал. Адауто рече дека тој ќе шутира, шутираше, постигна гол, сите во транс и така заврши, среќно и весело :)
     
    На simonna.a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.640
    Пол:
    Женски
    ЛЕЛЕЛЕЕЛЕЛЕЛ СМОТАНА ЈАААААААААС!
    Леле шо пропуштив мачна душааааа....каде можам да ја видам епизодава?
    Мора да ја има некаде?
    Каде?
    КАДЕ ЈА ИМА ЕПИЗОДАВА?
    ОВА МОРА ДА ГО ВИДААААМ....;(
    :D
     
  11. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Да ти ја пратам во порака да ја гледаш на интернет?
     
  12. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.640
    Пол:
    Женски