Да, го имам јас и прекрасен е,навистина ги испакнува усните па кај јас така си имам големка,па и не баш(средно ,малку накај голема)уста па и ова ко индијцине ахахах,не се шалам,прекрасен е и омекнува а и испкнува и им дава некоја природна боја на кремасто малку,но не се забележува многу,го штедам којзнае дали некогаш ќе го дадат повторно
Морам да ја пофалам маскарата,ја купив уште пред месец,ама никако да почнам да ја користа. Сега буквално на сите ја препорачувам Презадоволна сум од маскарава, па и дека е водоотпорна....немам зборови.
Имаш право, и јас сум многу задоволна и на сите што сум ја препорачала и ја користат, сите се задоволни. Сега испадна нова, драма се вика, има убаво четче, откако ќе ја пробам ќе пишам коментар за таа.
Моливчињата за очи се преубави а потоа и спрејовите за тело..Парфемите некако скапи ми изгледаат па не купувам многу.Во принцип убави работи има Спојлер Не ми се свиѓаат што има ланчиња,алки,ташни и други такви глупости.
Користам многу производи од Авон, но еве ќе ја издвојам линијата за коса, особено серумот за суви врвови Advanced Techniques - го користам со години и немам намера да го сменам а скоро пробав некој од шампоните и регенератор, исто добри се. Од парфемите, се сеќавам дека го имав Унгаро виолетовиот и преубав ми беше! Сега имам некој од Рис Витерспун за секојдневна употреба добар е...инаку не е нешто спешл. За тие цени, има супер производи!
Сакам сега да земам маскара од авон ама да не биде тоа некоја од колортренд линијата,туку некоја од другите на авон,може да ми препорачате..?
Си купив пред еден месец оној спрејот Avon Naturals Body , виолетовиот , многу убаво ми мириса, освежително, имав комплет, спреј, млеко за тело и гел за туширање. Гелот го истрошив сеа само 2-те ми останаа
Заборавив ад напоменам со исклучок на супершок ја имам користено преубава е само некако многу сива ми ги суши ептен трепките,ми ги зацврструва скроз ко со лак за коса да ми се правени и ме нервираат инаку добра е..
Да ја пробав јас. Убава е, ама мене поубава ми беше онаа со смирувачки ефект, во стаклено шишенце што е. Ептен ми одговараше на кожата, ама не покриваше баш многу. Онака средно. А и матот е добра сега за сега, покривна е и кожата е некако свиленкаста, мазна
Додуша го порачав третманот за коса од Ферги да прашам дали некој го пробал пред мене Имаат добри шампони против првут од А.Т.
Еве на овој мисли. Потхранувачки третман со мароканско арганово масло кој не се плакне за сите типови коса. И да, јас го имам, убав е.
Дневниот, матирачки крем на Солушнс го пробал некој? Добар е да речеме за мешање со пудра пред да се нанесе на лице? Затоа што Менхетен црната пудра е многу густа, па обично ја разредувам со крем за лице, ама не знам каква текстура има овој крем
^ Jас го користам ноќниот гел,мислам дека единствена разлика е тоа што дневната е кремче,а ноќново е гел Мене ми е супер,дава мат ефект што е најважно и не ми се мрси брзо лицето,поточно т-зоната. Јас не би ти препорачала со пудра да мешаш,прво викаш дека пудрата е густа а ова дава мат ефект така да незнам баш колку би ти било паметно со ова Како кремче за нега на лице е супер,за ова ти што бараш јас би ти препорачала да земеш попрво подлога за лице која е по хидратантна/мрсна за да ти ја разреди убаво пудрата Јас би ти препорачала ова да го земеш на есенс: Спојлер Не е повеќе од 150 ден. дури и ова е многу мислам дека .. Повеќе ова би ти одговарало за мешање и разредување на пудрата Aко не грешам имаш мрсна кожа,така да ова на есенс ќе ти годи одлично . Али можеш и дневново кремче да го пробаш исто чим и ноќниов гел врши работа супер мислам дека и ова би било исто така (ова зборам само за нега на лице,не во врска со пудрава).
Ова третманот од ферги,пижува може да се нанесе и на мокра и на сува коса,ај јас стваив на сува и косата мрсна,а инаку ставив на цела коса не само на врвовите...Правилно ли го ставам?Има некој пробано,ја мрси ли косата?