Луѓе што го пробале велат дека треба многу малку да се стави во спротивно ја мрси косата, тоа е масло, нормално дека ќе ти ја мрси. Еве колку треба да ставиш, ако имаш пократка коса и помалку и треба рамномерно да распоредиш низ косата. Инаку маслото може да се става на мокра или сува коса ама волку малку.
Јас го користам ова маслово на сува коса и не ми ја мрси,ама не ставам многу.На прсти малку го подразмачкувам и поминувам низ косата,не ставам само на врвовите туку така по должината на влакното од некаде. Многу убаво мириса и не е тешко и лепливо како силиконски капки,па да ја затестува коста туку така некој убав сјај и дава,ама затоа треба да се внимава при нанесувањето и да не се претерува. Кратко време го користам,така да за долгорочни ефекти врз квалитетот на влакното ќе напишам понатаму.
Мислев да си нарачам преку мајка ми гел за туширање Tropics XXL 750 ml. и ми вика коа ке го дотрошиш стариот... Whatever..
Маслово врска нема. Плус убедена сум дека е исто како капките со зелено капаче,само обоени се во жолто. Си знаат тие маркетинг логика,жените одлепуваат на нов производ. Јас не забележувам никаква разлика со наводново масло.
Се забележува разлика, барем кај мене. Капките се само за врвовите, а ова е за цело влакно. Плус со ова масло косата е посјајна и лесно се обликува. Ова посебно за кратка коса.
Целосно се согласувам ! И мене одпочетокот ми беше познат мирисот, за подоцна да сватам дека се работи за истиот производ односно серумот за коса во зелено паковање
Mене новово масло за коса ми е прекрасно,истото го мислев и јас дали е истиот продукт како и капките. Но,според мене не се исти. Густината е различна, косата многу помека ми ја прави и не ми ја мрси.. Како и да е ефектот не ми е ист како и со силиконските капки. Барем мене различни ефекти ми дават,што знам Патем,да прашам тие што се зачленети дали може да се плаќа во пошта ? И дали парите исто стигнуваат наредниот ден? Спојлер И оние кои сакаат да ги гледаат каталозите кои ќе излезат наредните месеци повелеле линк : http://www.borarola.ro/2012/07/catalog- ... pania.html Излегуваат многу порано во споредба со нашите тековни,моментално ги има до новогодишните каталози на линков и ќе има преубавиииии нови работи! Едвај чекам
Прво прашање: Дали од минатиот број веќе се испратени производите, имам нарачано па пријателката често заборава да ми каже дека се стигнати, да знам да не и досадувам? Второ прашање: Од новиов број http://www.avon.com.mk/brosura.htm маскарата Color Trend на стр. 201 дали е добра или не ја бива? Се мислев да ја нарачам сега ама не знам дали ќе се погоди. Едит: сега видов дека е новитет.
*Прво прашање:Сјаевите од новиот број http://www.femina.mk/out/?id=ba6ee29945 ... rosura.htm на -6-7 стр добри се? *На 40-41 стр.се спрејови за тело? Ако некоја го има пробано дорбо мириса 3-от? *На 64-67 сјајовите ок се? И да...и на 72-73 ми се допаѓааат ... *Алката со привезоци (стр.136) и ланчинатаа... Веднаш нешто ке си нарачам! Извинете јас многу се расприкажав...
^ 1. Го имав овој нанапред розевиот ама одамна беше, не знам како сум го нарачала, многу светкав беше. Додуша таков се носеше тогаш. Али во секој случај да, квалитетен. 2. Не знам колку се добри овие спрејови (пошто не се дозодоранси) ако прашуваш за мирис тогаш 3, 5, 7 нема да згрешиш. 3. Немам ваков нарачано. 4. За накитот изборот е твој-дали ќе ти се допаѓа или не. Туку некој да ми кажеше за производиве??
А освен спрејови нема и дезодорански или пармеми од 3? Знам дека немаде и некогаш го имамм пробано амаа незнам каде,само ззнам дека беше прекрасен,прекрасно мирисаше...
http://www.avon-cosmetice.com/brosura-online Oвде ги има унапред неколку брошури .Nезнам од која земја се ама се истите брошури како кај нас
Ако мислиш на кампања 12, сигурно се стасани, а овие маскарите од колор тренд мене лично не ми се допаѓаат, супершок се прекрасни.
Дали некој го има пробано овај третман против мозолчиња со 2 % салицилна киселина? Како делува, дали сте задоволни? (овај десно)
Леле ние малоумни, како не сме забележале?! Па баш тоа не ти е индикатор дека се работи за истиот производ?! Ако е арганово масло,баш природно,тешко дека така ќе го прикриеш со синтетички мирис... И не,не ставам само на врвовите,ама секако дека не ставам на коренот. Нема да се убедуваме сега,ако не ми одговара,не ми одговара. А авон,фала богу истите формули им се за сите креми,млека за тело и сите колекции, само ги менуваат боите и мирисите,ја менуваат амбалажата од евтини до луксузни производи и толку е работата,се останато им е добар маркетинг и автосугестијата на купувачот кој мисли дека ако платил скапо купил подобро. Само на планет спа колекцијата е поинаква и онаа за проблематично лице, се останато е исто. Ању за зрела кожа,поим си нема,иста е формулата со солушнс производите,кои пак се исти со авон кер производите.
Solutions i Avon care па баш и не се исти. Јас на пример ја користев сината крема од solutions, ама ја снема откако ја сменија амбалажата и како замена ја нудеа портокаловата, ама на мене не ми одговараше. Порачав од care ама тие па ич не ми се погодија. И се согласувам за Planet spa, преубава колекција, особено путерот за тело со минерали од мртво море и ноќниот лосион за тело од маслиново масло што беше, ама и него одамна го нема. А за мирисот, знај дека секоја линија има ист мирис, а дека се исти не се исти. Како може на пример и шампон и балсам и серуми и капки да мирисаат исто и да бидат исти, те молам Кај може да речеш дека оти мирисаат исто, шампонот и капките се всушност еден ист производ? Сепак, во едно ќе се согласам со тебе. Мојата и твојата кожа или коса, не е важно, не се исти и затоа има различен резултат кај сите п.с. и нема потреба од сарказам и навреди