а и трајни се i'm in loveee Женски сакав да ве прашам што да користам како подлога за пудра...дали да земам подлога од авон и која ми ја предлагате ...или некој крем... и да ми дадете пример кој би бил поубав исто така од авон ..Фала однапред
мене ми траат многу ..користи и молив за усни.. па згора карминот ..така ке е поголем ефектот и трајноста
LBD го имам користено ама мене многу не ми се допадна... обичен сапун парфемиран малку... ама има и чудна миризба на рацете од после... еднаш го зедов и појке не... што знам можда е до мојот нос ... хехе
Јас за подлога размислував за таа новата на Луксе,но чекам некој прв да проба па да каже. Јас како подлога си ставам крема за лице.
А што крем користиш ако не е тајна? Јас го користам од Авон....онај со какао ... мммм многу убав е ...ама ко ке е топло ако ставам од него како подлога тешко мене ..ке светам ко елка.....пудрата ми ја сменува текстурата од кремов не знам дали некој има забележано ..и неможам да најдам таман подлога па реков да прашам
Nivea Soft за ништо не би ја менувала, јесте да е мрсна ама брзо се впива па ми врши работа кога брзам наутро.
@buba4e89 Јас ја пробав базата на Лукс и сум презадоволна вреди за секој денар. На блогот имам и рецензија ако сакаш за подетално.
Јас го имам и шампонот и балсамот и сум многу задоволна ми ја прави косата многу мека и лесно ми се расчешлува а и убаво мириса
Го прочитав Розе и сега ќе ја порачам и јас. Но сакам да те прашам јас користеше врз крема за лице или без неа? Може е глупо прашањево, но до сега не сум користела посебна подлога за лице.
Да да, база се нанесува секогаш после крема. Обавезно пиши дали ти се допаѓа базава, затоа што нормално на секоја кожа различно реагира, многу од девојкиве на форумов беа задоволни од течната пудра од Лукс колекцијата а мене не ми беше нешто посебно.
Прочитав дека имаш мрсна кожа, или комбинирана со мрсна т- зона. Јас баш оваа втората ја имам. Ќе пишам секако. Благодарам.
Некоја од вас ги има ли пробано тие маските за лице на Планет Спа? Конкретно некоја што не е пилинг, имаше една хидрирачка и една потхранувачка колку што ми текнува? Како сте задоволни?
@x.Daisy.x Мене лично turkish http://missbudgetbeauty.co.uk/wp-content/uploads/2013/08/IMG_6800.jpg & luxuriosly http://thumbs4.ebaystatic.com/d/l225/m/mE8PUVkis0NxFUeMdCJly5g.jpg највеќе ми се допаѓаат. Првата чисти и омекнува, се измива, а втората обновува и хидрира и се вади како "втора кожа" Сум ги пробала 90% од планет спа маските, ама само од овие две имам видено сериозен ефект, другите се онака колку да освежат лице.