Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Авон и нивната козметика

Дискусија во 'Лице' започната од lovely-girl, 15 февруари 2012.

  1. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Од авон најчесто порачувам спреј за тело,млеко за тело,такви работи.Имам порачано и гел за чистење на лице и не видов никаква промена.Инаку никогаш не би дала 300 ден за едно обично сјајче за уста.Или па 2 000 за парфем .
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    81.365
    Пол:
    Женски
    Дали некоја го има користено ова кремче?
    Видов дека е за комбинирана и мрсна кожа, ама ме интересира каков е по структура - лесен, погуст, дали светнува кожата по одредено време ... :?:
    Планирам да го земам ама ми требаат овие информации. :$
    [​IMG]
     
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    ^ Мишелке, јас го имам користено кремов пред извесно време, и искрено воопшто не ми се допаѓаше. И јас имам комбинирана кожа и светнував брзо откако ќе го нанесев. Лесен крем е, лесно се размачкува и го омекнува лицето, но не е тоа поентата кога за брзо светнуваш :^) Да ти кажам, на почетокот многу ми беше убав, ама после 2-3 недели почна да си го покажува вистинското лице :evil:

    Друга работа, мирисот :tmi: Благо речено, ужасен. Вака кога ќе го мириснеш во кутивчето и не мириса толку лошо, ама штом го ставиш на лице, т.е. штом дојде во допир со кожата :o се претвора во нешто одвратно :^)

    Тоа е моето лично искуство, и искрено после кремава, завршив со Авон. Мене всушност ништо од Авон што сум порачала досега (дали декоративна или препаративна козметика) не ми одговарало :^) Си купувам само производи што можам да ги видам, да ги пробам од тестер и така :) Авон и Орифлејм заминаа во неповрат :lol:

    А, уште нешто. Ако ја немаш пробано, можеш да ја пробаш Нивеата за масна и комбинирана кожа, таа со зелено капаче. Не е дека кога ќе ја ставиш нема да засветиш цел ден, ама е далеку подобра од кремава од Авон.

    [​IMG]
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Имам користено некој од производите на солушнс и воглавно ми се допаѓаат.Е сега проблем е за каков тип на кожа ти треба?
    За тмурна и дехидрирана кожа е оној првиот (портокаловиот),за хидратација и сите типови на кожа е вториот(синиот значи број 2 е на страна 106),за масна и комбинирана кожа е третиот(зелениот),за на 40 години е четвртиот(црвениот) и последниот е за чуствителна кожа(светло синиот):..
    За каков тип на кожа ти треба таков ќе си одбереш,нема најдобар,ако го користиш погредно никој не е добар..
     
    На Emma89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Јас дома го имам пилингот со четкичка за чистење лице и зелениот гел за секојдневно миење. Мене ми се ок. Јас имам комбинирана кожа и со едниот се мијам пред спиење, а со другиот или наутро или попладне кога ќе се вратам од работа.
     
  6. kolache.99

    kolache.99 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Кој е подобар од овие два производи на авон за црнки што се?
    или
     

    Прикачени фајлови:

    • 337079.jpg
      337079.jpg
      Големина на фајлот:
      3,7 KB
      Прегледи:
      216
    • prod_1086094.jpg
      prod_1086094.jpg
      Големина на фајлот:
      15,4 KB
      Прегледи:
      216
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    81.365
    Пол:
    Женски
    Првото е тоник, а второто ако не се лажам е пилингот и мислам дека повеќе ќе ти помогне и поубаво ќе ги исчисти црнките.
    Малку ми е чудно пакувањето, јас одамна го немам нарачано, ама подобро ако ти е конкретно за црнките, да си го земеш пилингот. :)
     
    На kolache.99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Колку што знам кремава е за раце, не за лице.
    Јас ја имав розевата, и ми се чинеше премногу силиконска.
    Пр. си ги мачкам рацете и после 2 саата ако ги измијам уште се осеќаше кремата, лизгаво меѓу рацете, што значи дека воопшто не била впиена во кожата.
     
  9. kolache.99

    kolache.99 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Второто е гел за чистење на црнки, се одлучив и него ќе го нарачам, ти благодарам за мислењето :*
     
  10. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    За лице е. Можно е да има некоја слична крема за раце ама оваа е за лице.
    Него поџабе е претходниот пост ама неможам да го избришам сега :tmi: Безвезе кренав узбуна. Си ја користам сега скоро секој ден. Преубаво мириса, значи пре-у-ба-во!!! Веднаш се упива и убаво го хидрира лицето :)
     
  11. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    да ве прашам го има некој користено тушов и каков е ?
     

    Прикачени фајлови:

  12. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    ^ Убав е тушот. Има нежни светки ненападни,конкретно за црниот не е многу темен и пигментиран. Повеќе на сиво ми мава барем мене..
    А плавиов како повеќе пигмент да има,и поубав е некако.. Еве ти го плавиот како изгледа:

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886

    Колаче, јас го имам гелот. Не го користам буквално секој ден, но ете и тие малку црнки на носот што ги имам - не се исчезнати. Единствено нешто кое го гледам како позитивно, е тоа што по нанесувањето и оплакнувањето со вода делот околу Т зоната ми е мазен. Ја осеќам разликата пошто мрсничка ми е малку кожата на носот, а со гелов одлична.
    Така да, драстични промени нема.
     
    На kolache.99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    фала многу и баш ќе си го порачам
     
  15. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Ова моливче го има користено некој? И дали е самоштречко или како сите моливчиња?
    [​IMG]
     
  16. sweety-m

    sweety-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    52
    ^^ Јас го имам пробано црното вакво моливче и ептен е убаво, сакам да кажам дека убаво црта (а не да треба окото да си го откорниш дури да нацрта) така да за квалитет е супер, а колку што памтам не е самооштречко, туку обично :)
     
  17. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Да и јас го имам користено ова и е преубаво како гелно е,мислам како гел повеќе иде не е суво помрсно е,и не е самооштречко.
     
  18. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.692
    Допаѓања:
    8.392
    Пол:
    Женски
    Јас сум задоволна од производите на Авон, барем од тие што ги имам порачувано. Имам користено шампон за сува коса, силиконските капки редовно ги порачувам,некои сјаеви, лаковите за таа цена и не се којзнае колку квалитетни, млеко/лосиони за тело.
     
  19. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Ај некој што е член нека ми пише ЛП,ми треба нешто :$
     
  20. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Пилинг маската од краставичка и чајно дрво убава е?
    И за што служи, мислам дека е за комбинирана и мрсна кожа, аа ако грешам исправете ме. И ако не е таа добра има некоја подобра од линијава од натуралс?