Од авон 4ти пат порачувам кармин и бојата ја утнувам. Па луѓе мои бојата на каталогот и онаа во живо е неспоредлива. Катастрофа!
12 да не е ? така мислам дека е 12 љубопитна сум што има во новиот каталог ...тековниот над 100 пати го прелистав
Пред да порачаш кармин -природна боја на усни игра улога, еден ист кармин не е ист на две лица -провери ја во водичот нијансата (10 пати подобра слика) -пробај мостри па порачај Моментално 10 е тековен каталог.
Сегаа видов 10 е бил у теκ , @ocicka2014 κаκва боја на κаρмин пρефеρиρаш и од κои κаρмини , имам дома неκолκу κаρмини и баш после κе ставам слиκа сеκој κаκо стои па и дρугиве ќе можат да видат аκо неκој им се допаѓа инаκу циρез зависи и до усните ама во κаталогот сите κаρмини ги има и посебно слиκани не само на уста , нивна гρешκа е што не ги даваат κаκо што си се
@Winter Lady Не можеш да споредиш хартија и кожа, во ниеден случај. Уште помалце па да очекуваш дека ќе биде иста бојата. 50% од кармините од Авон се идентични како што сум очекувала, ама другите не се, кој ми е крив што не сум ги пробала пред да ги купам? Стално на луѓе кои сакаат кармин да порачаат им нудам мостра прво, за да не доаѓаат до вакви ситуации да платат за нешто што нема да го очекуваат.
Јас за кармините секогаш барам рецензии на интернет, досега за сите што сум ги барала сум нашла. Има блогерки што пишуваат одлични рецензии, детални описи, а има и слики. Многу пати сум се предомислила за нијансите, зашто во каталогот делува како една боја, ама на интернет кога ќе видам изгледа поинаку. Со каталогот неколку пати сум се зезнала, ама со рецензиите никогаш. Секогаш ми стигнува нијанса каква што очекувам.
Јас имам предлог баш според ова прашање, да отвориме тема и да постираме swatch-еви од кармини, сенки, пудри итн. Не мора да биде само од Авон, може од било што, а и те како ќе биде корисна кај нијансите на течните пудри. Многу често и од другите брендови бараме како изгледа одредена нијанса, еве само отворете во темата за течните пудри или темата за кармините и маскарите, мислам дека ќе ни биде корисна ама како сакате, се плашев дека нема да има голем интерес.
Се согласувам со тебе мишелче ,, ајде кој ке отвори баш ептен ќе ни биде од корист ќе има и тоа каков интерес ке има
Девојки, имате прирачник за шминка 2014/2015 год кој можете на го нарачате и во него ги имате сите нијанси со боја која е баш реална како карминот, сенките или пудрите. Во прилог е линкот од новата брошура к10 http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/eBrochure.page?index=1&cmpgnYrNr=201510
Само напред .. па и да не се изјаснат сега кога ке ја видат темата секако ке биде мн. активна отколку многуте дупли теми и што тролаат Фали таква тема на форумот
пред да порачам сенки,кармини,лакови...ќе отворам на google images и ќе одлучам дали ќе го купам или не..во тековниот каталог си порачав 5 лака
Порачај си тестерчиња. Пред некое време беа 5 за 60 ден. Што мислам дека треба да си го плати таа што продава ама ако сакаш плати си ти.
Не за сите возρасти е немај гајле еловс , е аκо таа си ги плати и нејзини κе си бидат нема на тебе да ти ги даде може само да ги пρобаш или видиш
И мене ми текна на тоа со тестерите. Но, кога начекувам на попуст сакам да го земам по таа цена а не по редовната која ќе биде дупла во наредниот каталог. А, инаку нијансите немаат врска од она на каталогот се приметува уште на отварањето на карминот а не кога го ставам на устата. Нарачувам бледо розова во каталогот, ми стасува розево-корално. Разлика милион!
Епа затоа најубаво е во парфимерија, одиш гледаш ако ти се допаѓа го земаш. Јас затоа не сакам да порачувам од Авон/Орифлејм, не е исто на хартија и во живо. Па и ако имаш буџет, ехее не сакам да ми пропаднат пари.