Ако не му е тешко на некој.. ќе може ли да ми каже која цена се лаковиве и дали се убави? Ми ги пофали една другарка али јас и тука да си прашам Ви благодарам однапред..
Јас го имам но премногу ми ја суши кожата една другарка многу го фали но сепак зависи до кожата. Во овој каталог се 179ден. а дали се убави искрено незнам до сега не сум ги користела али можам да кажам за nailwear pro+ дека се катастрофа уште истиот ден се гребат и ги оштетуваат ноктите.
Вака,зависи и од ноктот,како ги лакираш и што работиш. Нормално ако,нон-стоп,миеш,переш,чистиш,илли се миеш раце,ќе се излупи уште прбиот миг,но и не е само тоа,различен нокт,различно трае лкот.. За мене,од искуство затоа што го имам розевиот е одличне,и трае 2-3 дена без многу да се изгребе,така да за цената да признаам и не е баш тоа што се очекува,179 ден и не се баш малку,за таа цена барам бар 5 дена да не се излупе многу,не велам да мијам и перам постојано,но со просечна работа да истае бар 4 дена без гребнатинка,сепак е добар,во споредба што има лакови се гребат истиот ден,овој ќе потрае уште некој ден..
Најголемата играчка што можеа да ја продаваат Мене ми е ептен по ќејф. Наутро го мијам лицето со него, а некогаш и навечер (ако не заборавам). Убаво ја чисти кожата, не ја иритира плус после полесно ја чувствуваш. Ја хидрира доволно, така да нема потреба да ставаш креми после него
Девојки какви се кармините на авон? Имаат ли добра пигментација? Сакав да си нарачам некои темни бордо или темно лилакови нијанси ама ме интересира пигментацијата каква им е.. Пред некое време порачав од орифлејм ама дефинитивно најкатастрофални кармини што сум ги имала
Во Авон ама буквално сите се тоалетни води. Не сум забележала машки парфем, освен оние најскапите што се, ако не се лажам. И за разлика од женските тоалетни води, машкиве се супер во поглед на долготрајност
Ги добив кремите со новата патентирана молекула А-Ф33 и почнав да ги користам пред неколку дена. Од Корективниот третман против брчки околу очи, очите ми солзат ненормално, како да сецкам најлут кромид! Првата вечер помислив дека кремата ми влегла во око, што и да се случи нели не би требало окото толку да пече и солзи бидејки кремот е за околу очите, не е за пети! Следните две вечери баш внимавав како го ставам кремот и сватив дека окото реагира откако ке се намачкам со кремот и истиот започне да се упива во кожата и испарува. Побарав на кутијата но за жал никаде не пишува дека кремот е офталмолошки тестиран Би ве замолила доколку некоја од вас или вашите мајки ја користи кремава за корекција на брчките околу очи да сподели искуство. Не сум толку чуствителна ама пак се прашувам да не е до мене? Од другиот крем што е за лице и врат до сега немам забележано негативни ефекти.
Во сегашниов каталог има два коректора, а не знам кој е подобар. Би ве замолила тие што имаат каталог да отворат на стр. 47 и да ми кажат кој коректор е подобар
Tea, не знам на кој коректор мислиш (моментално немам каталог), ама јас од минатиот каталог си го купив тој од Колор Тренд колекцијата, како карминче што е. Солиден е за парите, не е за подочници, малку се дели во линии, ама акни и флеки покрива одлично.
Маската и кремот се одлични.За масна кожа е така да ја матира кожата и ја прави чиста и без маснотии.
Мене искрено не ми се нешто посебно,но ми се допаѓаат во тоа што добро ја хидратираат кожата и лесен е кремот.
Дали некој ги има користено дијамантските моливи за очи од Авон ? Го меркам новиот со златен дијамантски сјај.
јас го имав, ама лично не ми се допаѓа ( само што јас синото го имав ) Се троши многу многу брзо, не стои многу (барем на мене не ми стоеше) и многу малку производ има
Здраво феминки да ве прашам има ли некој зачленет од вас во авон? јас сум зачленета но дома го имам само каталогот за 16 кампанја па ме интересира ако го има некој оној од 17 кампанја да ми казе цена за Anew златната крема колку пари е компетот ? и маската за коса на планет спа зеланата од маслиново масло ?
Во тековната брошура тоа е к/15 се вака- 900-златна емлузија,потоа дневен крем 900,третман за околу очи 720,еликсир 1100,гел за чситење лице 400.тонизирачки крем 590 во шише што е,и ноќен крем 690. Овие се на ултимејт 7с. Се надевам помогнав.