Значи и јас да си порачам два, оваа понуда не се пропушта. И јас долго време немав дојдено до каталози, што ми требаше сега оваа беља, само си наоѓам нешто што “не се пропушта“. Ама не знам дали само мене ми се чини или производите им се многу поевтини од порано, имаат повеќе попусти, или само така си се убедувам. Ја разгледав и мини брошурата, ама мене лично не ми остави многу впечаток. Таа важи подолго од тековниот каталог, до 28ми е мислам, така што вие што ја немате видено, ќе има време да дојде во ваши раце . Инаку имам пробано интимен гел од Авон, не ми предизвикал никакви иритации, меѓутоа не сум имала проблеми ниту од други интимни гелови. Мене тоа ми е чудно, како знаете дека баш од гелот имате закачено габична инфекција, а не од некој друг фактор? @Mishela ако мислиш на оваа мат ББ крема , во каталогот што измина вчера беше намалена на 249 денари, или можеби мислиш на таа во црна амбалажа?
девојќи знае ли некој до кога точно трае новиот каталог на авон сеа што излезе ? и некаде погоре прочитав за некоја брошура може ли да се погледне онлине или не ?
Не @sesilija, токму за оваа ББ-крема се работи, баш сакам нешто лесно и симпатично за натаму-наваму колку да не ми здосади Ревлон. Не ја нарачав од минатиот каталог затоа што, реално - и нема да ми биде толку потребна, па си обновив стари залихи од други нешта. Може да падне некоја ББ-крема таму некаде накај Божиќните празници или 8-ми Март, тога верувам дека ќе има многу од она „не се пропушта“. Јас најскромна, ќе поминам и со еден фиксатор. И онака не нанесувам секојдневно, па еден ќе заврши работа додека не фатам пак некоја понуда за НЕ-пропуштање - 1 за 129, 2 за 200.
Инаку заборавив да кажам дека го пробав новиот парфем што го рекламира Каролина и ми се допадна како мириса, плус многу е траен. Се прснав, па се туширав, па вежбав, па пак се туширав и уште го осеќав. Не знам колку пари ќе биде, уште го нема во каталогот, доколку некоја од претставничките знае нека сподели. Редактирам за да пишам околу брошурата. Сега видов дека важи до 19.10. Сигурно ќе ја постават и на веб страната во меѓувреме.
Сакам да прашам некоја од вас ако го има користено бб кремот на авон од solutions тој што е регуларен за нормална кожа и дали е добар за чуствителна кожа сакам да си го порачам ама кожата ми е многу чуствителна од се ми излеваат бубуљици, исто така сакам да прашам за камената пудра на colortrend како сте задоволни од неа?
И јас како повекетто се нешто ми треба и само нарачувам.Навлечена сум на нивните кармини и накит.Последно ми стигна 3д карминот кој остава преубава розеникава боја на усните.А на прв поглед удира на кафеаво светло. Сега порачав дреч фуксија розе и едвај чекам да стигне.
Ако добро сум разбрала парфемот што го рекламира Каролина е Avon Attraction, или грешка сум? Во списанието за претставници е (по демо цена) 590 денари, а редовната цена му е 1450 денари. Инаку кампањата 13 ми е дефинитивно врв, толку многу попусти што не знам што попрво да си порачам. Се мислам за Little Gold Dress да го земам, го има ефтино за 449ден, го има некоја користено? Многу попусти има кај геловите за туширање, спрејчињата, шампоните (одбери 3 за 250 ден). Камената пудра што одамна сакав да си ја порачам ја има сега за 219 ден, морам да ја земам. БАНКРОТ, БАНКРОТ, БАНКРОТ МИ Е ВО НАЈАВА!!!
Миρиса на слатκо голд дρесот и тρаен е онаκа убав паρфем не е лош на благо миρиса.Κамената пудρа на κолоρ тρенд ми е омилена пеρиодов ептен е добρа.Фиκсатоρот е 125 мм и не се тρоши бρгу.Мишела и Сесилија почнавте да се заρазувате со Авон ххх.Неκа е со помин.
Бидејќи никој не ми одговори, еве уште еднаш да си прашам @CirezD ти како претставник можеби знаеш м ?
@IronLady Без двоумење за Daydream, нов е, уште не го користеле поголемата маса на корисници, но мене ми е предобар. За траењето е ист како секој од премиум линијата ТТА, инаку ни е тежок, ни е лесен, нешто измеѓу. Преубав е Инаку да се надоврзам со муабетите погоре за Attraction чие лице е Каролина, трајност - врв, мирис - врв, буквално на моќ мириса парфемот. Предобар е! Сега за упола цена го добиваат претставнциите но ограничена понуда Претпоставувам во мотивациска програма ќе биде во К14 со попусти, конференцијата беше до К13 не знам ништо повеќе за понатака (к14-к17), сега на следна конференција ќе дознаам
Од 3д оваа ја имам На прв поглед е како кафеаво а на усни ептеннн убава мат боја ми дава.Нешто како вишна. А сега чекам овој да ми стигне Нијанса hil-def plum Ја фуксија ја викам Иако може и потемна да излезе
@blady Убави се, ги пробав hot pants, revenge и mauve. Бојата им е одлична, трајноста задоволителна. Ефектот е во ред, даваат дискретен отсјај за визуено "зголемување". Мирисаат преубаво и пријатни се на уста.
Овие Avon Senses спрејчињата за тело трајни се? Ги има во понуда трите за 250 денари, па ако се добри би сакала да си ги порачам.
Претпоставував дека цената ќе му биде над 1000ка. Инаку кога барав слика од парфемот тие што ми се појавија беа вакви-комплет значи со млеко за тело и плик ташна и мини спреј. Дали и кај нас ќе биде вака промото на парфемот, или уште нема информација околу тоа?