Од првата страна се убави од праска мед зелени маслинки и краставица , другите две ги немам пробано. Премногу ми се мене добри убаво хидрираат и прекрасно мирисаат ги имам помирисано и другите две.Малку се потечни и од многу малку се нанесува на цело лице ептен споро се трошат и лицето го освежуваат и мн.го омекнуваат.Мирисот трае неколку часа.Од втората слика оној витаминскиот исто добар е погуст е тој мириса исто како гелот за миење лице , го прави нежно лицето.Другите ги имам од матична млеч и краставица но не сум задоволна мн.се течни ама воопшто не се трајни и ефикасни како првите.Мирисот за 1 час им се губи и не ми се допаѓа лицето од нив.Инаку тој последниот од алое има убав мирис.Првите ти ги препорачувам повеќе. @***nekoja*** Не те разбрав за кој крем мислиш ?
Многу се течни, ќе се намачкам на лице и после тоа лицето ми свети како со зејтин да се мачкам, а имав комбинарана кожа и мислев ќе ми одговарат. Јас не би ги купилa, не се добри за лице, барем според мене.
Мене кремата со алое и витамин Е ( од Avon Care линијата) ми е одлична, а сум ја имала одамна и таа со екстракт од краставичка. Имам комбинирана кожа, па не знам дали тоа има врска или не, но имам другарка која има сува кожа и со години ја користи кремата со мед/пчелин восок, со што и да е онаа жолтата. Мислам на овие креми. Оние другите уште од слика ми делуваат премногу водесто и не би ставила таква крема на лице.
Сте го пробале путерот од кафе? Другиве горе доле сум ги пробала и знам дека Планет Спа се квалитетни, ама путеров сакам за затегнување да го земам после пораѓај. Мислам, не очекувам чудо од путерот, ама доволно е да си го направи тоа што го има во описот во каталогот. А инаку во миниброшурата какви ствари има боли глава. Таа ташната со буф, штета шо не сум тинејџерка иначе одма ја земав. Сега не ми ја личи на гардеробата баш.
Преслатка е. А имам дома премногу ташни од Авон земано и си ветив дека нема веќе да купувам ташни. Само ја меркам со шо да ја искомбинирам. Ама се додржувам, си викам ќе требаат пари за бебе.
@Mishela Знам деκа го имаш лосионот за κρемата незнам ама таа е потечна од лосионот не им е иста стρуκтуρата.Аκо овие ти се допаѓаат на натуρалс повеќе κе ти се допаднат бидејќи имаат погуста фоρмула.Жолтата е од матична млеч. @Eli23 Јас го имам сеρумот за вρат и деκолте од κафе, миρиса убаво ама само двапати го имам κоρистено за да κажам дали има ефеκт.
Нема врска тоа дека е потечна, кажувам затоа што ги имам и кремата и лосионот, напоменав и претходно во постот дека зборувам за кремата за лице. Кремата повеќе наликува на оние креми со поцврста и навидум гел конзистенција, а лосионот се разлева по раце кога го истиснувам, додека кремата не.
Ако е обичниот Perceive (бидејќи малку ме буни бојата овде- виолетова ми делува, а тој е сина боја), мене не ми е воопшто тежок, баш ми е нежен. Сум го користела и Incandessence и доколку правам споредба меѓу двата можам слободно да кажам дека вториот е многу потежок, Perceive ме асоцира на нежно, на чисто и сум добивала многу комплименти за него. Cherish го имаш во стандардна амбалажа на почетокот од каталогот- можеш да го мириснеш, исто и Perceive.
Пишав(ме) на претходните страници за него, можеш да видиш. Многу е траен и многу убаво мириса. Штета што не важи за овој регион понудата со плик ташната, така ептен ќе ме убедеа да си го порачам.
Епа океј ако е убав..да си го земам пошто плик онаков јас веќе имам од порано хехе и не ми е мака појќе сум по парфемчено загрејана Сепак фала ти
Аκо не ти е тешκо стави слиκа баш од κρемата да си ја поρачам , бидејќи ги имам од матична млеч и κρаставица и не се тρајни ем се течни.И миρисот им се губи за еден час ни убаво не го хидρиρаат лицето.
Овој е виолетов Perceive, нов е. Јас сум за Incandessence, многу ми се допаѓа како мириса и колку трае. Освен Perceive, другите два ги имам пробано така да нема да згрешиш кој и да избереш.
Од првата слика ја имам од праска таа што е првата по ред и ми се покажа предобра. Имам и од какао од тие како на втората слика ама го нема баш на оваа страна и да кажам не сум задоволна. Ако веќе земаш со оглед на тоа што цената им е иста земи си од првата слика од тие креми, мислам дека се предобри. Исто така да ја пофалам и кремата таа од мед. Ова не се спрејчиња туку нешто како ептен течни креми. Го имам розевкото и убаво е како крема за раце си го користам мириса како некое растение ама ич не трае дали пет минути мириса и толку. Cherish земи го, нема да згрешиш. Преубав мирис има.
Луѓе, јас ве читам редовно, ама пишувам поретко. Со Авон работам 5-6 години и многу производи сум пробала, скоро сите ми се чини. Важи правилото колку пари, толку музика. Неможе да очекувате спреј за тело од 100 денари или крем за лице и раце од 100 денари да трае мирисот. Поготово што кремите за лице и раце се понежна формула, не се наменети да мирисаме цел ден на нив. И пудрите за лице, колку и да се скапи не мирисаат цело време. Разбирам парфемот да е траен, а кремата да хидратира. Не обратно. Најмногу колешки на работа обично ми замерувале ако нијасната на кармините не им се погодела или ако карминот бил сув премногу, а го порачале карминот од Color Trend кога биле 69 или 79 денари. Сеа ем не им се троши, ем сакаат квалитет. Јас им викам за тие пари, кармин на пазар. Јас ниту имам корист некоја од тој кармин, (како што објаснуваше некоја погоре со попуст 8 денари поефтино ). Кога ДДВ ќе се додаде не знам ни толку дали има искрено. А која е маката јас да се маткам да го рекламирам карминот, да го враќам во канцеларија. @Jeniffer Little Gold dress мириса преубаво, за парите нема да погрешиш, особено ако сакаш појаки парфеми. Јас го имам дома и сум презадоволна. Траен е. Од спрејчињата за тело мене не ми се задоволни муштериите, валгда очекувале нешто безбојно. @MayDiamonds сите парфемчиња би требало да се убави. Ги имам користено Incandence и Little Black Dress, другите 2 не, ама сите се со ист квалитет, мирисаат долго. Нема да погрешиш кој и да го земеш. Incandence е јак парфем, некако летен ми е мене, ( ми мириса на сонце колку и чудно да звучи ова ), Perceivot e понежен мирис, ама не сум го користела. Инаку новиот парфем на Каролина не сум го помирисала сеуште, некако не ја обожавам неа и не сум мн.возбудена. @joy1 А карминиве, ги обожавам едноставно. Мрснички се и нема утка со нив. Било кој кармин де од поскапите. Само оној со црвена паковка шо бил траен си го утнав во нијансата. Едини проблем ми е со карминиве што неможам да си ја погодам нијансата каква што сакам, па претежно користам само светло розеви.
Имам повреда на раката, не можам да фотографирам и да направам swatch истовремено, а и немам кој да ми помогне во моментов. Ориентационо - кремата не се разлева и не протекува кога ќе го навалиш кутивчето или кога ќе ставиш на рака, а лосионот за тело веднаш се растекува по кожата. Не знам зошто очекуваш да мириса долго време, крема за лице е. Кога ќе ставам пудра над неа, не ми е воопшто битно дали мириса на зумбули или не. Дури и кога останувам само по кремата - тотално ми е небитно дали ќе мириса убаво цел ден или дваесет минути, сè додека ми ствара пријатно чувство на кожата.
Хаха нема врска не мораше на раката можело едноставно само кутивчето , како и да е нека ти помине побргу раката .Не ставам крем пред пудра , а ако веќе таа од натуралс мириса околу 5-6 часа зошто да не мириса и таа.Туку ајде јас сум си за натуралс. @Eli23 Нема врска тоа дека колку пари толку музика.Еве на пример кармините на колор тренд мене ми се 5 пати поубави од оние на Лукс.А лукс ко демек скапи и ептен се убави.Како да не.И еве како што кажав тие од натуралс кремите се трајни за тие пари.Исто и спрејчињата за тело и лосионите , тие се евтини ако веќе зборуваме дека евтиното не може да е трајно.Поздрав