Devojki moze pomos imam mnogu fleki na liceto e sega doma imam krem anew clinical luminosity za osvetluvanje i anew clinical absolute even za damki i crvenilo. Koj e podobro da go koristam..planiram da ne stavam na celo lice zatoa sto anew neli se za po zrela koza..se izvinuvam za lat
Пa оти во овој каталог се намалени, едниот е 450 другиот 550 и сакам да го фатам попустов. Треба да бирам овој каталог што ќе порачувам мостри или парфеми
Во ред е, но за следен пат да знаеш. Дека пример сега претставничката што ќе праќа порачки од каталог 13 мора да го има и 14 дека така по ред стигнуваат секогаш еден понапред. Можеш да го побараш и 14 да го видиш па ако ти се допадне нешто да си порачаш право мостри.
Некој што има претставник овде сакам да прашам нешто. Сега во К13,К14 и К15 што е за паричникот и чантата мотивационата. За паричникот ми е јасна но за чантата ме буни дали во сите 3кампањи треба да имам минимална од 4000 или пак за сите 3кампањи вкупно соберени да е минимална 4000?
@fff3 во сите 3 кампањи треба да имаш по 4000 значи вкупно 12 илјади и во третата ќе ја порачаш ташната за 149 денари. За паричникот само во две треба да имаш по 2500 и го порачуваш паричникот за 89.
Се мислам за виткачот дали да го земаамм... До сега немам користено но би сакала да пробам, но ми е страв да не си направам проблем да си ги скинам трепкиве па.. Има ли фајде од ова или ? Искуства ве молам !?
@blady Нема да си ги скинеш трепките ако правилно го користиш. А како правилно се користи ќе ти објасни @marama aко сака секако.
Јас секој ден со години користам виткач и никогаш не сум си ги скинала трепките. Се виткаат во близина на коренот, го држиш виткачот благо притиснат неколку секунди. Ако сакаш можеш и некаде на средина да ги навиткаш пак. Еве како се користи бидејќи не си користела.
Одамна читав како е пофален Little Black Dress, го зедов парфемираниот спреј кога беше за 300 ден и сум навистина задоволна, па баш и на времево ми одговара. Сега ја зедов и таа чашата-термос само некако чудно ми мириса (не сум ја користела сеуште) ама тоа пластиката некако, не знам. И за самоостречките моливи за очи-незаменливи ми се!
Искрено 200 денари е многу за виткач, поубаво оди купи си од Голден роуз или од пазар. Јас знам под 100 денари дека се. Ама ако толку сакаш баш овој нема зошто да се мислиш, нема да си ги скинеш трепките.
Јас во локална парфимерија купив извиткувач на трепки за 70 денари, истиот подоцна го видов во Космо за 120-130 денари. Го плаќате името и брендот, а резултатот е ист
Во Авон имаше огроми попусти на некои работи па решив да си порачам, на блогот ставив мини рецензии на некои од производите, за што и да ве интересира рецензија слободно прашајте ке ви пишам или тука или на блогот. Еве линк http://rosee96.blogspot.mk/2015/09/avon-haul.html
Сакам да најдам ваква нијанса од Авон. Некој да има користено ? Некоја си нијанса е измеѓу розево и лилаково, ама ладни тонови. Валгда добро се изразив.
Леле се сакам од новиот каталог, преубави ми се џинс хеланките ама и прескапи за жал... Иначе дали некоја го има користено хроматското моливче за очи . 149 ден мислам дека е во овај каталог одамна го меркам но сепак ме интересира ваше мислење.
@crazylady моливчињата од Авон сите се добри. Користам од нив за очи и за усни, предобри се. А одамна го меркам тоа за веѓи.
Ја има ли пробано некој новата маскара на авон? Бидејќи мајка ми е член на авон ја порачав од Фокусот што е за претставници.Си стои така неотворена бидејќи имам уште од супер шокот, па ме интересираше мислење ако некој ја има пробано