Ги имам јас и мене ми оставаат некоја убава природна боја.Не се јаки и не се познава многу сепак се сјајни оставаат сјај.Јас на лето многу ретко ги користев,па за ладни времиња се идеални според мене. Долго ќе ги користиш ако ги користиш ретко,а ако се за секојден пак ќе имаш.
http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/eBrochure.page?index=2&cmpgnYrNr=201513 @sesilija Нема 205 страна а на 105 се креми.Дали си грешка незнам поточно за кои кармини прашуваш види која е страната ?
Винтер, напишав уште во првата реченица дека го коментирам К14, изгледа немаш забележано кога си го читала постот. Јас завршив со порачките од овој што важи до понеделник, и веќе сум ориентирана што да порачам од наредниот Инаку прашував за овие кармини , во К14 се намалени на 139 денари, ги имаш користено?
Не ми текнува која боја ја имам од овој, гледам дека не се сите нијанси тука што ги има во македонскиот авон, сликата ти е од др, странски каталог.Јас го имам, суви кармини се, но хидрантни и долготрајни зависи ако употребиш и моливче за усни плус тоа е поен плус. Меѓутоа во текстура се слични како оние на Golden Rouse Matte само што разликата меѓу нив е што не ја сушат устата. Јас имам еден и план сум уште еден да нарачам.
@sesilija јас го имам Totally twig (иако тука не го гледам) и сум задоволна, за на работа одлично ми се уклопува затоа што е некоја неутрална кафеавкаста нијанса со слаб портокалов подтон. Со втор слој изгледа за нијанса подраматично, но сепак ништо преупадливо. Дека држат 8 часа не би се согласила, но имаат сосема пристојна трајност од неколку часа. Текстурата е баш фина и убаво лизга на усните, го нанесувам со огромна леснотија. Мирисот исто е пријатен иако тоа е нели индивидуално. Мене лично ми се допадна и баш фино што ја сподели информацијава да си порачам уште некоја нијанса. Би ти рекла и ти да пробаш барем еден на оваа цена, сигурно нема да те разочара.
И јас го имам Total Twig, јас со балсам ги користам сите кармини, па не можам да проценам дали овие од Авон се суви Само @sesilija ти препорачувам да не се ослонуваш на нијансите во каталогот, подобро побарај рецензии на интернет, сигурно ќе најдеш за бараната нијанса, има многу блогерки што пишуваат за Авон производи. Јас неколку пати се имам зезнато, од тогаш си барам слики на интернет и сум немала проблем
Јас пред да порачам кармин, обавезно порачувам првен мостра, нив ги има 5 за 60 денари, и така најубо ќе видам каква и нијансата и дали ќе ми стој или не, имам преку 30 мостри
Ја има некоја нијансата Cappuccino од Extra Lasting карминиве? Мене таа најмногу ми се допаѓа, Totally twig ми е темна, а и имам таков речиси ист кармин, па овој капучино ми изгледа ептен привлечно.
Сликата ја ставив за да ја видите амбалажата и да имате претстава за кои кармини зборувам, изморена бев за да барам попрецизна. Инаку ова се сите нијанси кои што се намалени, еве денес на тенане ставам и точни слики. Sunkissed Ginger Vintage Pink Pretty in Pink Cappuccino Кај некои изгледа вака а кај други вака Forever Pink Nude Blush, Pretty in Pink, Pink Peach Totally Twig Fiery Red Eternal Flame Повеќето се летни нијанси па веќе не ми привлекуваат внимание. Се мислам и јас меѓу Капучино, Тотали Твиг и Нјуд Блаш, ама прво ќе ги прогуглам убаво како што ме советуваше Ана, па ќе видам за кој или кои ќе се одлучам. Вака фино ми делуваат.
Мојот избор ќе падне на Капучино, одлично ми стојат вакви тонови, мислам дека ќе немам утка. П.С. Фиксаторот е одличен! Дури и одличен е премногу скромен коментар.
Јас го имам Eternal Flame, мене ми ја многу суши устата кога го користам без балзам. За траење трае по повеќе време, ама 8 часа со сигурност не. За бојата може да кажам дека сум презадоволна, ми се подоги нијансата мада е малку посветол кога се нанесе на уста, не е исти како на сликата но со повеќе слоеви може да се добие таа боја. Сега го има за 139 денари мислам, добра понуда е. Јас го бев земала за над 200 денари.
Devojki dali nekoj go koristel tretmanot protiv fleki od mozolcinja so 2% salicilna kiselina na AVON. Kako ste zadovolni?