Баш погоре го коментиравме. Го земав јас пред недела дена. Косата искрено ми е во очајна состојба, ама шампонов ми помага многу. Се расчешлува полесно, дава сјај и мириса многу убаво. Од две миења толку можам да ти кажам.
Мене оддамна 2-3 пати ме праша ама после не.Инаку еве летово истрошив две паковања едно од квасец и јајце едно од алое и камилица од големите 750 мл па многу ми беа супер.Имам други залиха инаку пак ке си порачав.Многу ми се добри.Нека трола нека замара ама исти работи секогаш во секој каталог колку биле спрејовите шампоните.
И јас го пробав ми се допадна многу, убав му е мирисот и ја прави косата многу мека.Нема да с епокаеш ако го земеш сигурно.
Прочитав дека си имала проблем со првот, да го пробаш оној за сите типови на коса против перут од Advanced.
Зелениот? Золва ми го користеше и ми се жалеше дека и ја мрсел косата. И мене ми е мн масна. Ама откако ќе го потрошам овој ББ шампон, може ќе се одлучам за зелениот. Чим имаш позитивно искуство да го пробам.
Не е зелен плав е. Со плаво капаче е. Многу ми помогна,уште со првото миење,а потоа ми се истреби целосно. Редовно го нарачувам,јас имам сува коса и овој ми ја прави мека,нежна. Пробај го,нема да зажалиш.
Devojki,jas sum vo dilema okolu senkite,onie kremastite.si bendisav boi ama gledam deka se od onie kremastite,pa neznam ,ako nekoj ima koristeno da mi kaze kakvi se,denes treba da go vratam katalogot ..tnx
@resenska прво нека ти е среќен роденденот и се најдобро, многу здравје, среќа и љубов ти посакувам Друга работа, мислам дека е строго забрането од Авон производите да се продаваат така со попуст. Тоа е исто како ти да влезеш во продавница за козметика, и да бараш попуст за одредена пудра или шампон само затоа што продавачката ти била комшика. Многу дрско и безобразно од твоја страна, а воедно и смешно да се бламираш за 5 или 10 денари. Ако си голем љубител на Авон производите ете зачлени се, бесплатно е зачленувањето, прави си порачки за себе и така ќе ти дојдат на попуст. Ем давај ги на комшики и другарки со попуст производите ако мислиш дека е океј. Мене лично вакви работи не ми се допаѓаат. А и кога веќе ти дала немораше да се исфалиш овде, молчи си и готово. Не дека јас сум немала прашања за да земат нешто од фокусот, нето понудата или нешто со попуст ама научија веќе дека не давам и толку. Поентата ми е треба ти сама свесна да бидеш, работата со Авон изгледа навидувам лесна си собираш порачки и заработуваш. Ама дали знаеш колку се заработува? Дали знаеш колку може да биде напорно и нервозно на моменти на моменти. Дали знаеш дека се плаќа поштарина до дома, провизија во банка, ако пратиш четврток плус четириесет денари даваш, ако задоцниш плус триста денари даваш, ќесињата исто така се плаќаат. Некому му текнало доцни, некому му текнало се откажува (а производот веќе стигнат), некој несака да го земе еден куп проблеми.
fala mnogu ona mi dava taka i ve molam ne sakam vekje da diskutiram sekoi neka prai kako saka i sto saka i site kje imat mirna glava
Ми го донесоа. Идентично и по состав и по ефект како на Лореал кремот со црни топчиња ( и ова има, само се поситни). Го имам и него и ги споредив пола на пола лице, воопшто, ама воопшто не дава никаква разлика. Ефектот е буквално ист. Не е тоа што мислев и очекував дека е. Ова од Авон мириса посилно на некој парфем, ефектот и намената е иста и сега завршив со два исти производи од различна марка. Нема врска, ќе го подарам,а потрагата ми продолжува.
Кај сте да се пофалите со кармините? Мојот Капучино стигна денес и навистина, не се излажав со помислата дека фино (ќе) ми стои, си се допаднав. За секој ден ми е навистина по вкус, прекрасен!
Јас кармини не купувам бе веќеее.Имам доволно за два животи хаха.Кажав мислам дека е мн добра нијанса капучиното.Што да се фалиме кармините немаат утка ни пак сјаевите овоие последно ги користам
Мишела, ти веднаш си го порачала, со првата порачка, немој случајно да ги снема, м . Јас денес порачав други работи, па до крајот на каталогот планирам здравје да ги порачам и кармините. Го разгледав и наредниот каталог, и таму ќе има доста намалени работи, ќе има и нови производи пример мицеларна вода за 149 денари, гел тушеви Супершок за 199, закосена четка за туш 149 итн.
Јас лани го земав оној крем winter solution и еве за овој период баш таман ми е.90 ДЕН.ГО ЗЕДОВ а добар хидрантен крем супер за во зима и есен.Сесилија ке банкнотираш пази малку еј хаха.
Ма не очекував денес да стигнат, немам поим кога и како им одат нарачките - јас секогаш на почеток на кампањата си правам листа на продукти кои ги сакам, пуштам порачка и чекам да ме известат. Многу дисциплиниран муштерија сум, не дека се фалам.
Ако порачат четврток стигаат во понеделник или вторник леле заборавив веќе хаха, а ако порачат во понеделник стигаат во четврток.Зависи кога ке пратат порачка дали првата недела втората третата од каталогот.Како е снабден со порачки претставникот.