Јас почнав да си ги делам, од страв да не банкротирам како што кажа WinterLady. Сега тоа што ми е најитно и најбитно, после она што не се пропушта, па потоа се префрлам на каталогот од Орифлејм да си го порачам сетот, и после почнува другиот каталог од Авон- сѐ си испланирав. Дефинитивно станав зависна, еве за четката за туш не можев да дочекам К15, замолив да ми ја порачаат од фокусот. Срам ми беше да кажам и за мицеларната вода, ептен без осет ќе беше, а спремна бев да си ја платам разликата во цена од 40ден, само порано да ми стигне.
Ау, јака ти душа. Јас така не. За мене ваквото цепкање на крај станува само непотребен трошок и ништо повеќе. Или на почеток си нарачувам сè што ми треба, или воопшто не нарачувам. Тоа се тие тактики во животов. Па за волја на вистината, секогаш ми биле потребни нарачките колку толку, еве и карминов - одамна сакав да купам некој во таква неутрална нијанса како за секој ден, зашто ми се смачи од mauve нијансите кои ги шлакам периодов.
Чекај, ќе видиме колку ќе функционира оваа нова метода- од денес стапи во сила, демек да си ставам малку контрола. Генерално сум зависна од производи на акција или новитети и секогаш се правдам дека сите работи ми се неопходни и ептен потребни, а реално не е баш така.
Dali si zadovolna od ovie sjaevi,i dali traat otkako ke gi stavis na ustata,poretki se ili gusti?I jas sakav da si poracam nekoj od niv ama od ovaj katalov se odluciv za karminite na color trend
Па Мими јас сум задоволна ги зедов на попуст кога беа 89 ден. за тие пари поевтини здравје.Мене со истиот кармин од колор тренд заедно ми траат саат два ако не јадеш.А овој кармин е долготраен демек 8 часови ама 3 4 секако стои повеќе светките остануваат на крајот секако ако не јадеш пиеш многу. Супер се кармините земи си некој.Инаку Мишела нека пише колку ке о трае карминот капучино.
Мојата мицерална вода е оддамна порачена Сега го очекувам К16. Како што тргнав ќе имам порачки до Нова Година.
Јас си ја нарачав мицералната вода сега, како демо производ. Само уште не сум ги земала, стигнати ми се на претходната адреса (кај мајка ми). И јас имам кармини за фалење хохо. Ама кога ќе си ги земам нормално ќе постирам со слики. Инаку, кога сме кај четките, незнам дали се сеќавате имаше една закосена четка од едниот крај за руменило, а рамна четка од другиот крај за пудра. Околу 350 беше, а сега на нејзино место искочи само закосена четка. Да ви кажам дека нема утка, најубавата четка што сум ја купила некогаш. Претпоставувам и за контуринг ќе биде одлична. Е овие две јас ги имам како една. Ама кратко ја имаше во каталог.
@Mishela и јас се мислев меѓу нијансите cappuccino и vintange pink. Те прочитав дека ќе ја порачаш cappuccinо ама те немаше да пишеш и си реков сигурно уште не ги зела порачките па се решив за другата нијанса. И eternal flame многу ми се допадна ама имам веќе еден таков сличен, па се решив за некоја понежна нијанса. Работата беше во тоа што овој каталог собрав порачки ама за мене не порачав ништо и морав да земам нешто а кармините ми се видеа најдобра опција. Го порачав vintage pink па чекам да ми стигне во среда, мислам таквите нијанси најмногу ми стојат или некоја темно црвена. Немам баш ептен бел тен и покафеавите нијанси не ми стојат. А гледам и во 15 каталог има доста попусти. Од денес решив порачувам строго она што ми треба. Додека не потрошам едно, нема купување залихи. Кремичките за лице од 100 мл за 99 денари се добри ама сепак имам. Коректорот на колортренд го меркам долго па може да размислам за него, дека немам. И парфемираното спрејче на Планет Спа преубаво мириса ама ич не трае. А најмногу се мислам за парфемите pur blanca. 50 ml za 300 денари ич не е скапо, го имам веќе тој едниот со розевата капачка тоест pur blanca blish, а сега го меркам тој со плавата капачка, pur blanca elegance. Ако некој го има користено пишете збор два. Убаво мириса баш по мој вкус, ама трајност?
Ќе имаат одложена испорака и одложена достава ради празникот. Вчера видов известување на веб страната.
Ако сега потпишувате банкрот, врзете ги појасите за К16 и К17 Каталозите се преубави, преполни со понуди и на ненормално намалцени цени, комплетите и во двете кампањи се фокус и ги има премногу. Со оваа брзина, пари ќе видиме, здравје таму февруари, март
Јас го земав виолетовиот Пур Бланка и искрено си кажувам дека ми се гади од парфемот.2-3 ПАТИ СУМ СЕ ПРСНАЛА така си стои.Ни ми се допаѓа за лето ни за зима абе за ништо.Толку ми мириса да не можам да го поднесам а незнам какви ноти има внатре.Многу го фалеа девојките тука ама јас ке морам само на алиштата да ставам од него по малку , на врат нема шанси Синиот е најдобар земи го.Трајноста им е доволна за тие пари.
Немам ич батерија за да ти ги сликнам од нашиот каталог, па затоа вака Цените се: 169 денари лаковите, комплет четки за нокти 319 денари,пудрите 339 денари
@joy1, дали лакчето е Sinful Romance? И јас сакам да го порачам ама мислев дека нијансата е бааги потемна.
Овој пат ги нарачав бронзените бисери, лосионот за тело од какао и маскарата Авон Лукс. Вие што ќе ги земете пред мене лосионот за тело од какао ако некој го земе, нека каже каков е.Кремата многу ми се погоди, се надевам и лосионот.