Мене тие пак ми се најубави шампони,преубаво ја чистат косата и ја прават посјајна и пожива,секако и зависи за што е шампонот,за волумен(дава навистина волумен),за пштетена коса(ја штити и обновува косата)И сум презадовлна од колекцијата на нечрлс.
Па во секој случај, не секој шампон има подеднакво исто дејство на две различни коси. Обично не сум пребирлива за шампони, имам квалитетна, права коса, ама овие ептен ми делуваа за никаде. Ќе се измиев и сува, ко дехидрирана, без живост. А на пример, кај цимерката пак и беше ок. Јас лично не сум задоволна од нив. А адванс техникс се добри, само што после долготрајна употреба, самото влакно се заситува од шампонот и го нема веќе истиот ефект. Затоа и се препорачува да се менува шампонот на 6 месеци. Иначе е многу добар
Да, јас имам купувано накит од Авон. Првиот пат купив едни обетки, срценца висечки со камче. Преубави се, какви си беа во каталогот, такви и си ги добив. Вториот пат порачавме со мајка ланче со обетки. Многу е убав комплетот, ама и убави пари го плативме. Боите на камчињата во каталогот беа поживи, а во живо позагасити, ама нормално е тоа - ставаат разни ефекти. Исто и оние малецките обетчиња во интересните кутивчиња се убави, ги имам порачувано за подароци.
Имам користено многу работи од Авон,ама само од Планет спа и Скин соу софт сум презадоволна Од сенките не сум задоволна и од накитот не баш ,а спрејчињата за тело убави се...
Јас пак сум презадоволна од накитот на Авон. Точно дека се поскапи од обично, ама па не предизвикуваат никакви алергиски реакции, барем кај мене. Кога носам бижутерија обавезно се исфрлам, ама со накитот на Авон супер сум. Вреди за сите пари
Jас од Aвон користам и сум задоволна од линијата Naturals кремите и пилинзите за лице,а и лосионите за тело,a исто така и долготрајните кармини Extra lasting навистина имаат убава текстура и траат,не се бришат лесно,а убав е и розовиот лосион за тело Skin so soft
Тоа е тоалетна вода јас го немам користено,но моја другарка го имаше и цела мирисаше,претерано е траен или пак таа се бањаше со него
Мене искрено од парфемов ми се лоши, го нарачав заедно со спреј и кога ги мириснав ми се згади , толку одвратен јак мирис, и ги подарив на мајка ми, одвратен ми е мене
ЌЕ го цитирам тоа што и го одововорив на крејзилејди, И да се дополнам за марамите, имам само една нарачано, и не ја носам толку многу, ама убава е марамата, мека на допир, од убав материјал. Ама пак истото ќе го кажам и за марамите како и за накитот дека им се прескапи, и дефинитивно треба да припазат на цените. И ова важи и за ташните и за накитот и за марамите, ако имате каде или ако некој продукт премногу ви се допадне, замолете ја преставничката да ви го покаже ако го има претходно истиот нарачано(или барајте од некоја поопремена менаџерка која ги има скоро сите продукти нарачано за унрек),затшоа праат екстра оптичка варка со сликите на каталогот и во живо. Или барајте димензии точни во каталогот, зашто во живо голем дел исгледале далеку помали него на каталозите. Ако некој продукт не ви се допадне, т.е не е ист со производот на сликата, рекламирајте, има можност да се врати назад и да се вратат парите. Јас еднаш така направаив со алка една,на сликата излгедаше сосема поразлична, и ја вратив за 3 дена, и следниот месец ми ги вратија парите.
Како сте задоволни од сенките? И тие во четири бои што се, квалитетни се ? Оти гледам во секој каталог различна цена имаат..
Сенките им се преубави ,долготрајни вредат за таа цена јас ги користам и многу сум задоволна. Иначе си го нарачав ова парфимирано спрејче за тело многу е убаво, сладок мирис
Феминки дали некој од вас е зачленет во авон? ако може да ми кажете дали го имавте нарацано цасовникот од 16 брошура со беше 599 ден и дали имаше проблем со фактурата да не бесе фактуриран по таа цна туку поскап?
Па може мда има проблем нели забележа дека има услов да направиш порачка од 2800 ден во к15 и/или 16 и ќе го земеш по 599ден,во спротивно ќе биде фактуриран по редовна цена колку и да му е цената,парите не можат да ти ги вратат,освен ако има проблем за да го рекламираш.
Ако има некој зачленето во Авон може да ми каже која е цифрата за порачување мостра од новата пудра Luxe? Ги отворив на алатки за продажба ама ги има толку мнногу и неможам да разберам кои се цифрите за новите пудри и со кратенки се запишани