Девојки, ајде ве молам некоја од вас што го има дома новиот каталог, да отвори на 101 стр. каде што е пудрата и да ми каже неколку збора за неа? Дали е добра? Сакам да си ја порачам мат. Немам каталог моментално, иначе ќе ви кажев како се вика, само стр. ја запамтив.
Јас ја користам моментално таа со матирачки ефект и е една од подобрите пудри што сум ги користела. Не го суши лицето, има некој пријатен мирис и средна покривност. Течна е и ептен лесно се нанесува, не го суши лицето. Препорачувам.
Мн убаво мириса но не е баш трајно.Има некоја мешавина не е чиста ванила.Повеке ми личи на зимски мирис него ли на летно освежително Два дена го имам па неможам да донесам кој знае каков заклучок.
Истото сакав да прашам и јас. Го имам розевиот blush и вака океј ми е, сега сакам да го пробам плавиот.
Девојки а од тоа што го имате ставено линкот за панорамата, може да се порачува или само за претставници е? Да знам дали да барам некого, си ги пикирав закосената четкичка за туш и тушот како гелче што е. Веќе си порачав четка за руменило онаа закосената, и од тие карминчињата по 140 денари, ме зарази @sesilija со нијансите што ги постираше и баш првите две си ги порачав, ама сеуште не ми се стигнати.
Делот фокус за претставници е само за претставници и имаат право да порачаат само по еден примерок од производите. Производите во фокусот се новитети кои ќе излезат во следниот каталог, па ова е демек претставниците да ги имаат први производите, да се запознаат со нив за подобро да им ги препорачаат на корисниците. Можеш да прашаш дали ќе сакаат да ти ги порачаат, еве мене претставничката ми ја порача четката бидејќи таа не планирала да ја порача. Сакав да го пробам кафениот туш, ама не е каков што го замислував, посветол е затоа не го порачав и него. Ама и да не ги порачаш сега од фокусот ќе си ги земеш од каталогот, не се нешто толку поскапи (50денари е разликата и кај четката и кај тушот) посебно со споредба со четките и гел тушевите што се нудат на пазарот. Туку @CirezD спомна за драстични намалувања во К16 и К17 па сакам да прашам дали можеби перлите и овие кармините што ги зборевме таму ќе бидат поевтини, иако не верувам бидејќи сега се многу намалени. Исто ме интересира и камената пудра за невидливо покривање во црна амбалажа со огледалце, претходниот каталог беше 50% намалена само 220 денари, ама не ја земав, сега и во следниот е мислам 320-350 денари, па да знам дали да чекам во тие каталози или да си купам во меѓувреме некоја друга од парфимерија.
@sesilija Не сум дома, ама знам дека перлите ќе бидат во комплет со четката и украсна кесичка мислам, пак доаѓа негде приближно исто како моментално што се, ќе ѕирнам дома и ќе те известам
^ @sesilija бисери+четка+украсна кеса 499 денари (80 денари плус ти доаѓа од тековниве цени) камени пудри во к16: матирачка за 279 и лукс ја има, лукс цела колекција ќе биде на понуда било кои две за 699 и со порачување на било кои две Лукс има несесер златен за 200 денари
Фала ти на одговорот. Инаку на оваа мислев, таа ли ќе биде 279денари? А во К17 колку ќе биде? Многу ме привлекува и дефинитивно ќе си ја земам, само прашањето е кога.
@sesilija Да оваа е, само во празнично пакување е За во К17 не можам сигурно да ти кажам, го разлиставме сите каталогот на конференција ама не се сеќавам баш на ова која е точната цена, а го немам кај мене за да проверам
Не знам дали си ја користела, ама солидна е пудрава. Само немој да ја нанесуваш со тоа тупферчето, туку со четка. Кога ја земав ја ставав со него и лицето ми изгледаше како прашкасто, буквално како некој да му дувнал во лице со неа. Ама со четка ептен убаво делува, не се ни приметува. Е сеа мене не ми беше воопшто покривна, туку ја ставав над течната пудра, и ептен убав природен изглед добивав. Само да напоменам не матира, не ја држи мрсната кожа под контрола во смисла да не светне. Како и да е ако е таа цена тогаш дефинитивно вреди да се земе. Е сега ме интересира споредба помеѓу оваа и онаа на римел, Stay Matte па ако може @Mishela да се уфрли на помош. Се мислам помеѓу нив две, ми здосади веќе онаа на Bourjois, healthy balance.
Еве како е опишана- беспрекорен мат финиш од секој агол, свиленкаста формула која се приспособува на кожата и ја зацврстува течната пудра, практично пакување со огледалце и сунѓерче. Јас камените ги нанесувам со четка за пудра од орифлејм , и секогаш над течна, ама сега ме замисли дека не дава мат изглед, очекував да не светам од неа. Не е лоша таа од Римел, можеш да ја земеш. Јас сакам во иднина да ја пробам камената од Максфактор, исто е доста фалена. Оваа од Авон и вака не е многу скапа во споредба со другите на пазарот, ама откако беше 220 сега ми е тешко да дадам над 300 за неа, јас и моите issues.
@sesilija камената пудра од колортренд е исто така многу добра. Бев малку скептична во врска со нејзе, дека е наменета за тинејџерска кожа, не само пудрата туку и општо сите производи од колортренд и не очекував којзнае колку, но се покажа доста добра. Ти ја препорачувам, не е многу скапа околу 200 се движи.
Мене Stay Matte ми е подобра и од Healthy Balance на Bourjois и од оваа од Авон. Таа од Авон е прекрасна за тие пари, иако јас би додала уште стотка плус и би ја купила пудрата на Rimmel. Не ми се допаѓа ниту онаа на Макс Фактор, ме прави премногу бела иако не е translucent нијансата. Оваа од Авон е многу фина, мене ми се допаѓа и мат финишот и завршницата, ја потрошив пред скоро и пак си купив Стеј Мат.