@eloves фала за предлогот, меѓутоа мене ме интересира само за оваа, неа сакам да ја пробам- само сакав да знам во кој каталог е со најповолна цена за да знам кога да ја порачам. Инаку ја имам користено одамна и Колортренд, ок ми беше нијансираната, транслуцентната не, меѓутоа тоа беше одамна. Римел не е лоша, а тука е со цената со Авон, Максфактор е поскапа, ама и таа беше мислам на попуст во Космо пред некое време. Во глобала приближни се цените на овие брендови, само како да ми е останато во сеќавање дека Стеј мат е повеќе од 10 грама, ама не сум најсигурна. @Mishela и кај тебе ли имаше ист ефект пудрата, без мат финиш како кај @simoncelicius ? Инаку офтопик ама случајно видов на една речиси потрошена камена пудра од Голден Роуз дека пишува без парабени- нешто што навистина ме изненади. Генерално е доста потценет овој бренд, иако има солидни производи меѓутоа ете, попрво би се одлучила да пробам некоја друга пудра отколку да купам од нивната козметика иако ете нема ни парабени. Маркетингот е ептен моќна работа, колку повеќе се форсира нешто, толку луѓето имаат желба да го консумираат истото.
Мене ми се допаѓа мат ефектот на оваа камена пудра - баш е она мат како што сакам, а единствено не ми се допаѓа тупферот кој оди со неа - зема премногу производ и изгледа многу нападно ако натапкаш со него. Со четка изгледа прекрасно, јас користам голема четка на Аура со било која камена пудра.
@joy1 Оваа е во вид на лента што се вади така? Ако е таа, искрено зависи од лицето, јас ја имам не ја користам нешто редовно, еднаш вади, еднаш не вади, и зависи колку митесерите т.е порите ти се длабоки, површинските ги вади 100%, ама нешто што е подлабоко и не баш
Постои ли начин да порачам нешто онлајн преку Авон без дас се зачленувам? Отворив веб страна набрзина ама не видов каталог, можеби дека преку таблет сум.
Мораш преку некој кој е веќе претставник, каталог имаш на страната http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/eBrochure.page?index=1&cmpgnYrNr=201514 А ако сакаш сама и онлајн, мора да си претставник
Женски како сте задоволни од пудрата на Авон Лукс, оваа со дијаманти или обичната? Гледам примамлива понуда во К16. Два Лукс производи за 700ден.
Jas go imam toj plaviot Pur blanca elegance,mirisa svezo,blag leten miris nenapaden.E sega ne e nesto koj znae kolku traen,2-3casa max. Nekogas i pomalku.No ako se zeme predvid cenata i deka e toaletna voda,a ne parfem-ok e! PREPORACUVAM
Фрлав дотрошена козметика, па го најдов руменилово/хајлајтеров. Останат е само по краевите, речиси дотрошен, не знам зошто го чувам, ама најчесто така правам кога нешто многу ми се допаѓа. Беше ретко добар производ од авон, дали го има се уште? Не можам да го отворам каталогот, ми го кочи цел компјутер цела вечер, а многу сум љубопитна. Многу убав ефект дава. Нежно бисерно розе основа и крајниот финиш е златест. Или пак некој алтернативен друг бренд со тој ефект?! Знам дека на буржоа руменилата имаат и такво нешто, но се претврди за мој вкус и избор.
Имаш таков хајлајтер на Аура - #218, Nude Shimmer. Фин е, прашкасто-кремаст и нијансата на прстот е баш идентична.
^ Aко дава и златен финиш ќе бидам пресреќна. За зимски денови дава топлина на тенот, преубаво. Тенкју!
Оди во ДМ и пробај го на рака, многу свежо и фино изгледа што дури и мене ми се допада, а видиш - не сум љубител на вакви златно-розе мешавини. И јас си го замислив како идеален за студено и снежно време, се чека снежец за да блеснам. Лево на прстот е нанесен, ама во живо е уште пофин, ќе видиш.
Мишела, за лонг ластинг кармин зборуваш? Не е пресветла нијанса? Јас се двоумам помеѓу тој и оној од 199 денари на попуст, Ultracolor indulgence (Peach petunia) Го има ли некој, на секоја слика на нетот различно ми делува... Спојлер http://i1273.photobucket.com/albums...von_indulgence_peach_petunia3_zps7bc0f953.jpg
За Екстра Ластинг кармините станува збор, тие што беа по 139 денари. Не е светла нијансата Капучино, баш е есенска и фина, не делувам уморна во лицето - беж нијанса за мерак. Со едно моливче во таква нијанса од Голден Роуз ми е перфекција, а би одговарало и она nude моливче од Есенс. Нејсе, нијансата е супер, ама сликите по Интернет немаат врска со она што навистина е во РЛ. Ќе фотографирам утре на дневно светло па ќе ти пишам ЛП, да видиш штом те интересира.
да, екстра ластинг Значи, беж нијанса е сепак. Штом велиш дека ти одговара верувам дека е убав. Ќе го порачам сепак, убава цена е
Конечно и јас да си ја земам нарачката. Карминот делува јак, ама на уста стои таман. Мицеларната вода ќе видиме како ќе се покаже, денес ја пробав, ама нели од една употреба - ништо. Моливчето беше случајно по грешка пуштено за некоја женичка, па така си го прибрав за мене. Црно со крем, многу ми се свиѓа крем нијансата. Барем на рака преубаво делува. Ќе видиме на око зелено како ќе биде.
Знам постиравте слики од кармини, ама неможам да ги најдам сега. Го гледав 16 каталогот, баш е супер. Прашањето ми е, дали ги има некој пробано новите 3д кармини, дали светат премногу? Ме интересираат нијансите Stolen Kisses i Uptown pink. Некој?
@Eli23 Кармините 3д се одлични, пишував во темава наназад неколку пати за истите. Бојата им е супер, трајноста и мирисот исто, некои нијанси имаат дискретен отсјај, не сите. Баш за овие конкретно не знам, јас ги пробав hot pants, mauve, revenge, divine wine и bitten и на крај се задржав нa revenge зашто е пренајпрекрасен Го меркам stolen kisses некое време и јас.