Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Авон и нивната козметика

Дискусија во 'Лице' започната од lovely-girl, 15 февруари 2012.

  1. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Некоја си специфична розева е, не е она типично розево. Само ако испадне оргинал како во каталогот. :makeup:
     
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Маскарата Infinitize од едно пробување можам да кажам дека ми направи ќеиф, не очекував дека е толку голема четката, навистина убави ми ги направи трепките.
    И четката за туш е супер, баш ми се допаѓа.

    Девојки, што е со пилинзите од јагода и чоколадо? Зошто светка сиво за нив? Лично видов дека е така, а во каталогот не пишува дека се за последен пат присутни.
    Сакам да ги порачам, ама никако да ми се отвари таа желба.
     
    На crazylady и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  3. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски
    Во меѓувреме се потрошиле залихите штом е сиво
     
    На Mishela и sesilija им се допаѓа ова.
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ама ова ми е трет пат како не можам да ги порачам, зарем толку се трошат? А црвеното што значи, мислев тоа е дека ги нема на залиха, а сиво дека воопшто нема да ги има?
     
  5. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Со црвено ќе ти стигнат, сиво не.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.789
    Допаѓања:
    325.156
    Пол:
    Женски
    image.jpg , image.jpg
    Овие ми се во план од каталог 15.
    Кога излегува?
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.978
    Допаѓања:
    81.312
    Пол:
    Женски
    На 19.10, овој понеделник што доаѓа. :party:
    Поточно, тогаш завршува тековната брошура, па во вторник доаѓа новата.

    П.С. И јас ја сакам маскарата, ама на толку веќе купени кои чекаат да стигнат на ред, греота ми е да трошам пари. :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и joy1 им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.789
    Допаѓања:
    325.156
    Пол:
    Женски
    Треба да се одвои кеш :rofl:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Џој, од вторник важи, ама во четврток мислам се прават порачките, па додека да ти стаса некој ден- имаш доволно време да одвоиш ќеш :D.
    Мене оваа колекција не ми мириса баш најубаво, претходната што излезе пред некој каталог, со затоплувачки ефект ми мириса многу поубаво, ама тоа е индивидуално нели.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Луѓе во темата парфеми на авон многу се жалат од парфемот на Каролина дека брзо ветреел. Некој поинакво искуство има ли оти мислам дека некој многу го фалеше?
     
  11. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Zenskii,aj pliiiisss,dajte mi nekoj predlog na parfemi sto se dobri i trajni od avon ,sakam da si naracam a nemam idea,odamna nemam zemano parfem od tamu:clap::*
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.978
    Допаѓања:
    81.312
    Пол:
    Женски
    Нарачај мостри, јас пишав дека мене ми е ок и не ми ветрее брзо, ама навистина се двоумам дали да го земам понатака во некоја следна брошура.
     
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Баш ја видов темата за парфеми- само две феминки рекоа дека не им трае а ти веднаш двете ги претставуваш како многу кои се жалат дека брзо ветрее, а некој многу го фалел.
    Како што ти кажа Мишела, а и општо, за тие работи што има тестери, прво пробај си како ќе реагираш, па потоа купи го производот.

    Еве јас бев “некој“ што го спомна, се прснав, помина време, вежбав, се туширав и уште го осеќав.
    Значи кај мене траеше, го напишав моето искуство од една проба.
    Сигурно и другите нема да преувеличуваат ако не им се допаднало, сите овде се трудиме да бидеме објективни за работите, не е ова парфимерија каде што продавачката по некоја случајност ги користи баш тие работи и се преубави, ако сфаќаш што сакам да кажам.

    Еве јас се мислам за дневна и ноќна крема од линијата Anew, ама планирам прво да си порачам тестери, да видам дали ќе ми бидат добри, па потоа да ги купам.
    Подобро да дадам 40денари, отколку да ми пропаднат 800-900.

    За ситни и поевтини работи не правам муабет, ама за вакви покрупни пробувањето е задолжително.

    Сигурна сум дека твојот претставник би ти излегол во пресрет, повеќето го имаат парфемот, за нив имаше ептен поволна понуда, па си можела да го пробаш и без да земеш мостра, а не потоа ако не си задоволна “некој“ да ти биде крив.
     
    На Jenniffer, crazylady, CirezD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски
    ^ Attraction и неговот прво прскање врз мене траеше од вечерта до следното сабајле, најискрено. Убаво кажува @sesilija со примерот парфимерија и продавачка. Го имам и го користам, а ниту клиент ниту претставник до сега се пожалил. А парфем е, не е кармин/крема еден да е задоволен друг не, секако освен за вкусот, ама за трајност, баш е премиум парфем и трае.
     
    На nena2010 и Eli23 им се допаѓа ова.
  15. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    @Mishela Маскарата е многу добра иако мене ми се многу слични со онаа што ти уште ја немаш отворено портокаловата.Само што портокаловата ги издолжува повеќе трепките, а ова повеќе волумен дава.Ама тоа не значи дека и ова не издолжува.Ако би морала да бирам би ја избрала портокаловата ама и оваа не е ич лоша.Имам дома 5 од овие winged out па да ви пратам преку пошта :rofl: и тоа по 2 на тебе и Џои.
    @sesilija Порачки се праќаат понеделник и четврток и тоа било која недела зависи претставникот дали ги собрал на време порачките.
    @bella.s Најтрајни се Тудеј Тумороу,Инкадесенс баш е за оваа време,Фем исто мн.ми се допаѓа,Фар Авеј,Сензуел,Литл Блек и сите од Литл.Пинк Дрес многу слатко мириса фантазија е.
     
    На bella.s, sesilija и Eli23 им се допаѓа ова.
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Фар авеј е баш за ова зимско време што претстои и мене ми беше доста траен, само е доста тежок, нека проба дали ќе и се допадне, мене на крај ми здосади.
    Исто е и со инкандесенс, само кога би бирала јас би му дала предност на фар авеј.

    До понеделник има време да го порача, Тудеј, тумороу ин блум 30мл е намален на цена од 550денари, тој е нетолку тежок мирис, а генерално парфемите од таа линија се трајни.

    Може да го проба и Атракшн, што го зборевме погоре, ама да не биде пак негативно искуство, нека си побара мостри од претставниците.

    Сега гледам дека си го спомнала и Сензуел, мене тој мирис ми е еден од најубавите од Авон, многу нежен, баш сензуален, и беше траен, ама не би рекла дека траеше премногу, така ми останало во сеќавање.
     
    Последна измена: 15 октомври 2015
  17. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    @bella.s
    Incandessencе е доста траен и е така за ово и поладно време.
    Со него свекрва ми редовно ме снабдува, не знам зошто само со тој, ама ќутам :D можеби е често на попуст :D
    Ако ми веруваш дома имам три шишенца од него, неотворени :D

    Јас го порачав вчера today tomorrow always- in bloom, слушнав дека е одличен и не е тежок. Дека на попуст па да го пробам.
    Ама го чекам today tomorrow always, тој првиот што излезе, да го начекам на попуст, ако е можно.

    Perceive го фалат, имам едно мини спрејче од него исто така, убав е, мириса на чисто :).се зависи каков ти сакаш, какви ноти преферираш :)

    Тоа е моето искуство со Авон парфемите, и јас слабо ги порачував, не знам зошто, вероватно бидејќи свекрва ми ме затрпа со овој :^):rofl:
     
    На bella.s, crazylady и sesilija им се допаѓа ова.
  18. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Добро бе, прашав некој друг дали има искуство. Ни те навредив тебе ни другите за мислењето. Што толку ја тупиш со тие НЕКОЈ и МНОГУ па што пет пати си ги спомнала во мислењето? Кој тој НЕКОЈ сега ми е крив што сум порачала кај спомнав такво нешто? Сакам само повеќе мислења!
    Човек да се плаши да напише нешто треба сто пати да го препрочита за тоа кој како ќе си го сфати одма се вртат работиве на карање и осудување и човек да се мисли дали да врати или да игнорира ваков испад... Обично ги прекутував ама веќе неможам се качувате на глава со ќутење!
    Благодарам на мислењето, но веќе го имаш ти дадено и да тебе ти се допаѓа да дозволиме други да се изјаснат.
    За мостра не ми е потребна имаше фолија со мирис во каталогот за дали ми се допаѓа, а неможам да го оценам колку трае. Цената му е доста висока и не верував дека некои ќе се жалат за трајноста...
    И да чекам мостра неможам треба ја нарачам од овој каталог а од следниот парфемот доколку ми се допаѓа, а со тоа не го фаќам попустот. Капиш?
     
  19. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram winter,i ajde uste ova da prasam,mislenje za parfemite rare ,konkretno za rare pearls,beliot,ako go ima vo nasite katalozi,ovde e kako novitet??dobar li e?
     
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    А зошто мислиш дека се карам, само не сакам да се користат вакви зборови како многу, кога се две феминки, или некој и да се индицира дека прво бил фален, а сега испаѓа дека не е добар, подобро да кажеш многу феминки го фалеа, или ако се сеќаваш кои или која да ја/ги спомнеш, а не да пишуваш некој, или некои, лошо изгледа, како да те зафркнале.
    Затоа толку пати ги спомнав зборовите, да ти потенцирам како имаше пишано, и тоа во две теми.

    И нема потреба да се плашиш да пишеш, баш си дискутираме за козметиката, никој нити се кара, нити осудува, значи ако некој ти врати на пост со спротивно мислење не се кара со тебе, само си прави муабет.

    Фолијата го покажува мирисот, ама не и трајноста, а мостри претставниците најчесто имаат на лагер, посебно од ваквите долго најавувани демо производи, затоа реков си можела да најдеш начин да се прснеш од него пред да го порачаш, кога веќе велиш дека нема време да ти стигне мострата, за што не се согласувам бидејќи каталогот трае три недели, во тоа време има право претставникот да порачува шест пати, можело да ти стигне мострата, па да го порачаш парфемот, но добро, тука е недоволната комуникација меѓу тебе и претставникот.

    Јас добро капирам, капирај малку и ти, и без нервози.:f:
     
    На eloves и ocicka2014 им се допаѓа ова.