@ocicka2014 за траење на некој парфем ако се става на кожа кај секој различно ќе трае нормално. И од кожата зависи. Мене лично и поефтините парфеми од авон ми траеле долго, ама поради главоболките од мирис ги прскам на алишта и тоа назад, да не го чувствувам јас. А алиштата потоа ми мирисаат. Мене омилен зимски ми е city rush, го користам само за во зима. Го има уште?
Скај не е често на попуст уствари не ни памтам кога бил на попуст веројатно многу и неа и се допаѓа па затоа.Или незнам.Сензуел мене ми е многу океј ме асоцира некако на топло,убаво незнам ептен ми е убав.Траен ми е мене.За т.т.блум имам читано овде дека го фалат белиот беше така? Фар авеј го мирисав кога го имаше во каталогот и на ролон го имав помирисано и многу ми се допадна.Инаку и јас од почетокот не ми се допаѓаше.Имам залиха од може 20 парфеми од Авон нема шанси уште 2 3 години па ги потрошам па кога ке имам потреба или ако е на голем попуст ке си го земам.Ако ве интересира за некој парфем што го имам прашајте.Упп голем упсс @bella.s го заборавив Rare Pearls.Цело лето го користев него иако е тежок парфем мене омилен ми е.Како можев да го заборавам е сега јас сум таква брзо ми здосадува се ист да користам, па така си имам многу дома па каков ке ми текне во моментот таков се прскам.Најтрајни мислам дека се Раре Пеарлс,Инкандесенс и Т.Т. И лИТЛ дРЕС. Сити Раш го имаше лани во оној листот со попуст 450 беше.
Имаше август-септември 2 за 1200денари, па потоа беше 730 денари, може тогаш ги земала. Како и да е, се пресмеав за свекрвата, јака ти душа @Sky-butterfly со толку вакви тешки парфеми. Биди фина, речи си да си земе еден од твоите, исто да мирисате, само така можеш да намалиш од залихите.
Не бре фрли еден накај мене, мене не ми е тежок баш некако ме освежува.Па види Сесилке 2 за 1200 и баш не е некој голем попуст ако се без ролон и мини-спреј.Хаха.Ааа и заборавив за Персивот да дадам коментар, парфемот е исто многу јак има нота од црн бибер и е малку потежок.Не секогаш можам да го користам.Некогаш сум многу гадлива и неможам секогаш да го користам.Инаку кога не ми се гади многу ми е убав.Лосионот е онака понежен и може да се каже дека ми е еден од омилените. Туку @joy1 дади коментар за колекцијата што ја зема од Планет Спа.Минатата сина што беше.
Па така и ќе биде најдобро, да ги подарам. Еден имам дадено веќе. Што ќе им правам на тие, рок ќе им мине. Патем, навистина до кога им е рокот? А и она има, од сите. Таму кај неа на работа кој што прави, жените со Авон бизнис вртат. Сигурно и велат: ајде земи, израдувај ја снашката Ќе ви пишам за блумот. Не знам како бел? Има на шишенце некое бело цвеќе ако на тоа мислиш
3 години имаат рок, затоа јас изнакупував.Да минеше рокот лесно ќе се трескав од земја Да да на тој мислам.Јас за овој мислев http://www.avonkosmetika.eu/data/product/467_868.jpg Видов Цирезка фо фалела па нека каже дали е нежен јак.
Јас го имам користено парфемов, не е воопшто јак, ама не е ни многу нежен, таман си е. Е да, и многу трае, барем на мене ми траеше. Се на се мислам дека не си згрешила што си го порачала,
@Winter Lady Не разбрав најдобро, за ТТА In bloom дека сум го фалела или? Ако да, сум го користела неколку пати, мене тој парфем ми е преубав. Не е тежок, не е нежен. Нешто измеѓу му доаѓа, како да се изразам да ви доловам, премиум парфем за мали пари. А за траен, трае и може да се користи и во ладни периоди и во топли делови од годината
Лелее и јас сум за city rush ако случајно го има понатаму во каталозите пишете тука да си го порачам под најитна постапка заљубена сум во парфемот
Дали некој го пробал тушов, па да сподели искуство? Гледам дека е нов, го немаше во минатите каталози или пак ја не сум заприметила.
Јас го порачав од Focus ама уште не ми е пристигнат. Кај и да е деновиве ќе стигне па ќе видиме каков е..
Тушов е ист како и сите предходни години што го имаа. Буквално ист. Па дури и амбалажата не му е сменета Ако го имате користено од порано ( година/две ) истиот е да знаете.
Што ми беше од работа да го отворам к15. Сакам да порачам некоја потемна нијанса на кармин од Колортренд. Но, во овој каталог сите нијанси се прилично светли и несоодветни за есен/зима. Дали во некој од следните каталози има можност да ги има нијансите: Deluxe, Coco Kiss или Lucky Kiss? Некое мислење за ultra glazewear сјајот?
Овие нијанси ги нема одамна веќе, нема ни да ги има во скоро време. А моментално најтемна нијанса на колотренд во К15 ти е Intimate Мене искрено не ми е темен, посебно за периодов како што бараш. Али еве ти го на слика :
Јас се испозаљубив, прва ми е на листа, бојава ме мислеше ама морам да ја земам, многу ми се свиѓа со извадени ќошови