Да ве известам само дека во кампања 16 има прекрасни производи и ненормално многу попусти. Ми се наближува банкрот. Собирајте си парите, ќе ми се заблагодарите кога ќе го разгледате каталогот.
Охх!!! па јас ке банкротирам ако има толку големи попусти ако може да ми каже некој дали има попуст на некоу парфемче по пристојна цена ?
Да не издавам многу, само би кажала дека.. Спојлер Го има Cherish цела колекција (парфем,лосион и гел за туширање) за 900ден. Бисери за лице + четка за 500 ден. Литл блек/ред дресс за 600ден. Две Лукс пудри за 700... И уште многуу многу подобри понуди. Уште сега се мислам што да порачам.
Сега е кампања 15, а тоа што пишав јас е од 16 така да уште не е излезен. Ноемврискиот број е тој, има време.
Јас со задоволна од ваквата маска за лице против црнки. Веднаш се гледа разлика кога ќе се измиеш. Спојлер Јас на кого стигнам го фалам пилингот со чоколадо, кога ќе имаш можност да си го нарачаш, милина е
Охооо мојата порачка во к16 е оддамна направена. Сега го очекувам к17, за кој сигурно ќе треба уште повеќе штедење.
крем геловите се преубави нема да згрешиш кој и да го земеш. лично јас 1 Класичините некако на лето ми мирисаат незнам по освежително ама убави се и тие зависи што мирис сакаш.
Mystery Mauve моливчето за усни го има некој користено? Ме интересира дали нијансата е реално прикажана во каталогот, сакам потемна нијанса од карминот што ми стигна скоро. Тоа ми е најсоодветно. Други нијанси сум користела, за квалитетот воопшто не дискутирам.
Jas go zedov toj prviot sto e na slikata,moze i da se pomirisa.Ubavo mi mirisa,slatko,ne ja susi kozata,mene od drugi gelovi mi perutase kozata.
Повели рецензија од нет. https://myexquisiteworld.wordpress.com/tag/avon-lip-liner/ Фино изгледа, морам да признаам.
Пробај вака: Кога го отвараш каталогот,горе што стои целиот линк смени ги последните две бројки место 15 пиши 16 и стисни ентер и види дали ќе ти излезе.
Сите се многу убави, кој и да го нарачаш нема да згрешиш. Јас го користам моментално. Искрено, посакував нешто како темно лилјаково ама оваа нијанса и не е баш таква, како на кафеаво нешто ми доаѓа. Измеѓу кафеано и лилјаково, незнам како да објаснам. Штета што немам подобра камера, инаку ќе сликав.
И јас барам нешто темно лилаково за омбре усни со овој кармин Спојлер Инаку, се смени ли К 15 кај вас на нет?
@x.Daisy.x Она што си го препорачала на Џои не е маска гел за чистење лице е.Јас сум задоволна иако не го користам редовно.Кожата ја матира, ја омекнува многу ми се допаѓа, посебно што со малку ке се измиеш и не прави пена да не можеш да се исмиеш лесно.Ова со малку вода се мие совршено.А и со малку количина.Ама не гледам јас резултат дека црнките излегуваат. Инаку геловите за туширање сите убаво мирисаат 3 го завршив последно, малку потежок мириса има ама мене совршен ми беше.Првиот незнам како мириса,2 го порачав еднаш не ми стигна и се некако имав залихи па не го порачав повторно иако ПРЕКРАСНО мириса.4 и 5 незнам како мирисаат, јас земав еднаш портокалови ама не беа такви мислам на мандарина ми мирисаа, а од нешто друго беше.6 е толку освежувачки од цитрус и незнам што друго беше, нема да згрешиш и со него.Во главно нема да згрешиш со никој, само 7 не го порачвај некако не ми има убав мирис.Претежок е барем за мене.А и јас како Бубаче некогаш осекам дека ме чеша од нив.