Mozes da go zemes pink bouquet,potemna nijansa e od karminot mislam deka za ombre usni ke odgovara,jas go imam mi se dopaga
Го имам користено пинк букет, ама сакам некоја поднијанса да има на лилаково. Знам, забегана сум малку. Претежно го користам јас пинк каршир, мн ми е убаво, ама скоро иста нијанса ми е со кармините што претежно ги купувам. Ќе го порачам Мистери мејв, не е некоја голема пара, па ќе пишам после како ми се допаѓа.
Вие мене ептен ме збунувате со ова каталозите. Јас па пред некој ден порачав од каталог 14, сега е веќе тековниот 15 (се уште не го разгледав), а вие зборувате веќе за кампања 17 Јас многу каснам изгледа
@sky-butterflу , таман си до денес тρае, а од утρе 15 и од него κе се поρачува.Ова ние знаеме деκа пρимеρ κога κе стигнат сега поρачκите од 14 нас ни стига κаталог 15 κој што е следен и плус еден κаталог од 16 κој е после тоа.За да знаеме што е на попуст.А со стигната поρачκа од κаталог 13 нас ни стига 14 и 15 . Сеκогаш таκа пρимеρ исто зо пиρачκите од 15 стигнува 16 и 17.А κаκо Циρез што е κооρдинатоρκа, таа ρазгледува 4-5-6 κаталози однапρед.А незнам дали за дома им даваат, ама јас знам во κанцелаρија сеκогаш имаа многу κаталози на масата си стоеја.
Збор два за гел кремот за лице од краставица и зелен чај? Ги видов дека се 99 ден. , па и да се тотално промашување, не е страшно. Ако има некој линк за к16, нека прати наваму. Да видам за што треба да штедам.
@Eli23 Јас го користам mistery mauve со години, не знам колку многу имам потрошено. Интересна нијанса е што може со повеќе бои да се вклопи.На линкот погоре најреална слика е на раката, на сликите од устата е посветол и полилав од реално што е. Еве кај мене на рака, не можам да ја дефинирам нијансата ама мене ми одговара со повеќе кармини.
Мицеларна вода - Авон Состав: Aqua, Hexylene glycol, Glycerin, Polohamer 184, Polysorbate 80, Chlorphenesin, Disodium, Cocoamphodiacetate, Disodium Edta, Lonicera, Caprifolium (Hoenysuckle) Flower Extract, Citrus Acid, Lonicera Japonica ( Honeysuckle ) Flower Extract, PAnthenol, Tocopheryl Acetate, Helianthis, Annuus (Sunflower) Seed Extract, Sapindus Rarak Fruit Extract, Saponaria Officinalis Extract, Maltodextrin, Pouzolzia Pentandra Extract, <1025672-019> Јас не го разбирам воошто составот, ама ако нешто ви значи, еве се потрудив да го препишам. Инаку, после 3 дена редовна употреба, можам да кажам дека сум задоволна од водата. Не ми ја суши кожата, ниту пак ми ја мрси. ( Јас имам комбинирана кожа накај нормална и ми е навистина тешко да си погодам лосион за чистење на лицето). Шминката ја отстранува сосема. Јас употребувам прво влажни марамици, па потоа водава додека тупферот не остане сосема бел. Ми се допаѓа тоа што не горчи потоа лицето. ( Нели има лосиони што горчат, па ако ја оближеш устата ти доаѓа вез везе. Не дека некој ќе си го лиже лицето, ама ете мене ми е тоа плус кај производот. ) Има некој неутрален мирис, според мене можела и поубаво да мириса, ама не е нешо страшно. Може да се чисти и шминка од очи и од уста, нема лутење на очите. Нормално, со сосема мала количина, никој не би сакал да ризикува да му влезе од средството во око. За сите типови на кожа е. Не содржи сапуни, парабени и бои. Погодна е за употреба на чувствителна кожа и е алерго тестирана. Нема потреба од плакнење. Друго не ми текнува што би се интересирало, слободно прашајте. Исто, знам дека 3 дена не е некој долг период за употреба на некој производ, ама гледав да напишам пред да заминам на пораѓај, а да имате време да си ја нарачате во новиот каталог. По подолготрајна употреба ќе пишам дали сум сеуште задоволна.
Винтерка не даваат за дома но ги нема ниту во канцелариите И не ги разгледува секој кородинатор, туку 50-60 топ координатори на ниво на македонија во годината одиме на 4 конференции, две се најбитни, бизнис конференцијата пред квартал 4 т.е преновогодишнава и гала вечерта во Јануари. На тие конференции ни ги пласираат сите програми за клиeнти, претставници и лидери, од таму ги знам Порано ги даваа и во печатена форма за сите по еден, но сега се пласираат програмите само таму и после ги добиваме во електронска форма понудите за цел квартал, како и во печатена но не каталози туку еден водич да го наречам кој ги содржи сите тие.
Ми стигна моите порачки. Овака на прво прскање, парфемот ми е ист како инкандесенс. Не приметувам некоја разлика. До мене ли е или грешка наточен парфем ? Карминчето капуќино мирише прекрасно и боичка е убава. И боја на лакот е убава овака преку шише, naked truth нијанса.
Јас ја имам таа крема. Мене не ми одговара, дека лицето обично откако ќе го измијам му е суво и кремава ми го суши уште толку. Ја имам и онаа од какао, таа ми одговара ама само првите 5 минути потоа пак ми е суво лицето. Ако сакаш, подобро е да ги земеш тие од naturals. Поскапи се за 20 денари ама барем кај мене се покажаа подобри. Ја имам таа од пракса, најдобра ми е. Иако е 75 мл ја користам веќе неколку месеци, пак е до половина. Бавно се троши. Уште подобро, ако стоиш финансиски добро nutra effects се најдобри.
@CirezD Така беше пред едно 4-5 години кога бев прво зачленета, и кога одев во канцеларијата имаше расфрлани по масата 5-6 кампањи.Зборувам за во Струмица, за Скопје незнам.Туку нема многу кординаторки максимус 10 нека се.Порано само 4-5 беа. @Sky-butterfly Комплетот од натуралс како мириса? Карминот капучино ли е, А маската многу е убава.ТТА нели ти е траен? @Sunshine.Sunshine И јас исто како Еловс не сум воопшто задоволна од таа крема, еве ке ја сликај и ке ја ставам сликата сега тука ако можам о телефон да видиш колку е течна.Со Мишела се контрав еднаш дека е ретка формула, но таа ја има од Алое Вера мислам дека беше со оној лосион што има таков и нејзината баш густа беше.Оваа од краставица и матична млеч се вода.Плус треба да ставиш повеќе за да ставиш на цело лице.Нема ни час се губи мирисот, од почеток само малку мекост осекаш нема пола саат лицето ко крем да не си ставил, туку книга мислиш.Го суши да.Онаа од какао барем малку подобра е.Катастрофа.Оние на натуралс се многу подобри ем со мекост, мирис и трајност.А оние на нутра се далеку подобри.Многу траат, башка со малку крема ке го намачкаш цело лице.И убаво мирисаат, а каква мекост даваат да не правиме муабет.
Dali sprejceto mirisa ubavo sakam sega da go poracam i dali parfemot od TTA e traen vo k15 se mnogu namaleni
Има од истата линија и маска јас ја имам дома, баш ја видов и во новиот каталог. Едит: Може и да не било во најновиот, зошто сега гледам дека не е истот од минатиот пат кога гледав, ама сепак маска има таква сигурна сум.
Мирисот на спрејот, гелот и лосионот е убав, на ванила ама не е тежок воопшто како еден комплет ванила со нешто друго, кој го има во идниот каталог. Мене ми се допаѓа. Ќе го подарувам комплетот така да не прснав за да го осетам мирисот туку онака што го "проњушив" Парфемот ТТА го прснав само еднаш на рака и што знам, го чувствував неколку саати сигурно. Генерално овие тта парфеми важат за едни од најтрајните на Авон така да тоа е. Мирисот е сличен како инканденсенс, и за мој вкус е баш за ово и зимно време. На крајна граница е на мојата подносливост за "тежина" на парфем, да се така изразам. Го пробав и пилингот за лице Планет Спа и многу е нежен и неагресивен. Ми се допаѓа многу. Карминчето (capuccino) го нанесов и не ми се допаѓа. Ми ги суши усните и некако е лепљив. Не ми ни изгледа нешто подолготраен од некој сосема обичен кармин.Повеќе нема да порачувам од оваа линија екстра ластинг, претпоставувам формулата е таа и не ми одговара. Лакчето ми е сон. Боја погодена, боја што секогаш морам да ја имам. Ако знае некој да ми предложи некој кармин од авон, нијанса која би одговарала на лакчето (naked truth нијанса) би била благодарна Само не од екстра ластинг линија. Оловка за очи исто ми се допаѓа. Е таа ми изгледа долготрајна и дека нема да се размачкува. Ќе порачам уште некоја. Тоа отприлика набрзина. За овие производи доволно ми е една проба за да знам дал ми одговара нешто или не. Е да кажам дека и јас добив каталог 15 и 16. Во 16 има интересни попусти. Во овој тековен ми привлече внимание карминот лукс и маскарата лукс за 400 и нешто денари. Искуства со маскара и кармини лукс? И луѓе, го мириснав парфемот Christian Lacroix женски и машки, и двата ми се ептен допаѓаат. Ќе морам да ги порачам!
Сите оние што сакате да ги гледате наредните каталози, побарајте на нет пример : avon c16 2015 или avon c17 2015 , avon c01 2016 итн итн.. ќе ви излезат овие брошури или кои и да ги барате, само не од нашава земја туку од незнам си, пример Романија, Бугарија , Русија и сл. ( кои се понапред од нас ). Исти или релативно исти се каталозите, само нормално цените и јазикот не е ист . Така можете да си ги гледате унапред, уште пред да излезат кај нас, наместо да чекате. Ова го имам мислам дека пишано уште мнооогу одамна на темава, ама има и нови членови така да еве пак ќе го кажам за тие што не го знаат ова. Јас вака ги следам каталозите веќе 5-6 години. Еве ви ги каталозите од К16, К17 - 2015 : http://www.traieste-sanatos.org/2015/09/catalog-avon-c16-2015-online-brosura.html http://www.catalog-cosmetice.com/catalog-avon-c17-2015
^ Ама што ќе ми каталог без наши цени и кога ништо не разбирам? Сега да земам да пресметувам во наши цени, не вреди мислам. Кој има време и живци за тоа, браво
^ Па да, али од прилика ќе видите што како би имало нели. Цените во глобала ги знаеме како им се движат не е тоа нешто ново/старо