Морам да го погалам новиот третман за попоилнување на брчки ању ултимејт,кој го користи мајка ми исто и марамата која ја имаат на подарок.
Девојки имам едно прашање(може смешно е ), се двоумам за овој накит, сакам да го нарачам, ама незнам дали привезоците на ланчето така стојат или се ваѓаат, па ако го има некоја да ми каже, дали испаѓа 3 ланчиња и 3 пара обетки, или 1 ланче и 3 пара обетки.
Па вака еднаш другарка ми ми препорача пудра на авон.Кога ја ставив се беше океј по некое време приметив грутки на лицето лупење на кожата исто така,а и печење и србеж на лицето.Бидејќи бев на училиште си отидов дома и зедов ја исчистив пудрата.Дури тогаш приметив ситен брун на моето лице.Акните беа наполнети со вода,многу беа ситни,а ги имаше многу на моето лице.Тогаш почнав да плачам бидејќи имав мноогу чисто лице,мислев дека пудрата е со поминат рок или нешто слично но се беше океј,можеби тоа било до мојата кожа можеби до пудрата како и да е никогаш повеќе на лицето не би ставила нешто што е авон или орифлејм.
Во новиот каталог маските од Planet Spa се на намаление 199 ден. Дали се наменети за тинејџерса кожа?
Колкава е заработката на преставниците? Пример ќе се зачленам овој месец и ќе имам порачка од 6000 ден? (чисто информативно е ова )
^ Со таа сума ќе имаш заработка околу 1400 од прилика ,со тоа што го постигнуваш највисокото ниво на процент
ЈАС! И презадоволна сум. Лицево ми е чисто како солза. Не прави многу пена, но добро е. Мириса убаво, свежо. А после него лицето ми е меко,чисто и нема потреба од крема. Исто како да си ставила хидратизира. Сигурно ќе бидеш задоволна.
пред една недела си нарачав капа од авон многу е срцкаста таква црвена на намаление од 750 на 339 ден
Јас да си прашам,пудрите добри ли им се,покривни,лесни, и не ги грешат нијансите (шо често се случува со кармините) ?
Зависи која те интересира, Колор Тренд е најлошата пудра некогаш произведена, тешка и грозна, Импалата е кока-кола за неа. Другите две што ги имам користено (и уште ја користам едната) се лесни и не се нешто посебно покривни, за преку ден се ок. Нијансите се утнати ... ако познаваш претставник на Авон, нека ти покаже мостри, па ти ќе си одлучиш која ти одговара. Е сега, не знам која пудра те интересира.
фала ти , ќе те послушам. А дали се прска на цела коса или само на врвовите? Бидејќи многу ми се мрси косата па, да не ми ја измрси дополнително
Јас па ја користев Колор тренд камената летно време, таман ми е,значи да не ја нарачувам течната...а која пудра ја користиш сега,мене ми е битно лесна да е,не мора многу многу да е покривна,не ми е потребно тоа