Верувај да имав толку живци би сликала. Сепак тука сум на која и да и притреба нешто, слободно прашувајте ме за мислења и цени. Најактивна станав во темава.
Јас не сум ти добар кандидат. Се спремам за пораѓај кај и да е, ќе остане каталогот на пола недосликан. А К 17 не верувам некој да го има, само 15 и 16 може да се најдат на тој начин на нет, со мак цени.
Моρ у болница κе го земеш κе го слиκаш хаха, абе Κамелче побаρај од неκој блисоκ или во фρизеρсκите и κозметичκите салони сеκогаш има неκој.Да имав κе слиκав ама онлајн само оној што важи го има неκа пуштат линκ.
Абе к15 го има на нивната страна, јас не памтам кога последен пат физички католог на Авон и Орифлејм сум фатила
Ааа тогаш не знаеш што е убаво. Ако не превртиш филџан кафе на насловна на каталогот, исто ко да не си нарачала. Озбилно, има луѓе што го користат како подметач за тенџере. Сервиран ручек со шмек. Шала на страна, побарај од претставникот што те опслужува, би требало да се подруди нормално да ти достави и хартиена верзија.
Не бе душо, мене ми е полесно со електронска Не дека не ми нудат. Ама шит е што ги нема наредните, па ќе морам тие хартиени да ги барам. Јас вака гледам на нет што ми се свиѓа и праќам смс на претставничката, после неколку дена бујрум производи и тоа е тоа
Чиста работа. Полесно за сите. Ама незнам дали ќе ти ги дадат новите, затоа што ако има нешто поефтино во новиот каталог, им се намалува заработувачката што би ја имале од сегашниот. Пример, јас само на блиските давам и најнов каталог, ама па и не ми бараат којзнае колку. Ама сепак, јас имам грижа на совест ако не им кажам што кога е е поефтино. Не губиш ништо ако побараш. Ако си и сигурна ,,муштерија,, ќе ти даде гарант.
Епа вака ти можеш да си го разгледуваш каталогот и што ке ти се допадне, да прашаш овде дали во следниот ке се намалени цените.Тоа е тоа.Или да прашаш некој производ дали ке го има во следниот каталог.Јас сум тука за што сум користела да пофалам, ретко имам критики за производите од Авон. Туку сакам да прашам го немам разгледано каталогот еве сега баш ке го отворам, дали во овој или во следниот каталог ТТА класичниот е намален и колку? И базата за сенка.
Во к16 бронзени перли со подарок закосена четка за руменило се 499 денари, така да ќе чекам наредниот месец. @Winter Lady во к16 ТТА today (50 мл) со крем за тело (150 мл), спакувани во кутија, е 1200 ден. Исто, другите тта (together, in bloom, heart, amour)од 30 мл се по 550 ден. Патем, од која нивна маскара сте најзадоволни?
Anew Platinum комплет дневна и ноќна со украсна кеса, 1190 денари, а тие новогодишните купки 129 една. Каталог од 17 немам.
Не да сум сигурна, пари не ми бараат Дур не им се јавам да им дадам не ме бараат, ама па и не правам баш малечки сметки. Башка ако некој производ ми се свиѓа е пр. врзан со некој друг, одма, нема проблем, комбинација се прави Женава што ми носи Авон ми беше чудно што на почетокот ми бараше помали суми него јас што сум пресметала, после сфатив дека некаков ваљда попуст ми дава, не знам И ако пр. имам 2000 нарачка, во просек ќе платам 1700-1800 денари Кој го има к17 колку е комплетот Парисиан Чик? Комплет 78-79 стр.? Палети - четки и во двата каталога? Спреј и коректор - стр. 105 к17? Our story парфем, Dazzling Moments крема, к17? На Планет Спа комплетиве к17 - омилена линија мислам ми се Планет Спа... Винтер Деј и Винтер Најт комплетот? Хелоу Кити производите? Скин Соу Софт (исто предобра линија)? Комплет стр. 227? И за крај, цениве исти ли се? Пр. ако е нештото 10 злоти, тоа се 2.35 евра или околу 150 денари. Да не ве малтретирам вака
Скај од оваа подобра нема. И Сесилија вчера ја пофали даде рецензија мислам побарај назад на страната.Кажа дека сите три чекори што се опишани ги исполнува.Исто и шокот е добар али само ги раздалечува трепките и волумен а не ги издолжува.Исто winget out е добра маскара. Ели не овој, за оној коцката мислев.Ама многу намален овој.Во кој каталог е? @k.frosina Првиот кармин е Fearless Fuchia, 3-Red Velvet. Да прашам ајде гледаме полски каталози ама некој да пише цената, или пример тие 50,00 кај нив колку изнесуват наши пари.Или бугарски каталог дали има.На орифлејм има бугарски.
Ако дилемата ти е помеѓу тие два, дефинитивно Revenge Поубава е бојата а и е иста нијансата како во каталог, додека mad for mauve има една разлика, посветол е на усни за разлика од прикажаното. А кармините како кармини мене ми се преубави