Да ве прашам дали е добро она моливчето за очи од авон со четкичка од позади за задимен изглед? Се мислам дали него да го нарачам или било кое друго по истата цена
Циа, јас оваа ја користам: Лесна е ко што кажав, за покривноста не можам нешто многу да кажам, но за преку ден е таман. И оваа ја имам користено: Може да кажам дека истиот ефект се постигнува и со оваа пудра, јас користев нијанса Алмонд пошто имам светол тен, па ми се изедначува со пудрата.
го има ли некоја пробано спрејов за заштита од топлина ? сакам да си го порачам, ве молам за совет [/quote] Преубав е спрејот јас го користев до пред некој месец одличен е и не ја масти косата,напротив мене ми траеше 5 дена а ми се мрсеше на 3-4 дена.
Сакам за мажето да земам некој парфем од Авон (ги гледам во тековниот каталог се на попуст), кој од овие би ми препорачале (само да не е јак или нападен)? Спојлер
Јас му го купив Урбан едџ ,многу е убав ,бидејќи не сакаме јаки парфеми .Јас би ти го препорачала тој
Aртемишн,моја препорака да ти кажам и какви се парфемите Урбанедџ - го користи дечко ми моментално. И мене ми е најубав од сите три што ги имаш постирано. Парфемот е јак,она баш машки парфем. Не јак во смисла на one million,или 212 VIP во никој случај не е на нивно ниво. Има измешано ноти на свежо и јако,мене секси ми е ептен парфемчево ! Сигнаџр - јас лично ич не го сакам парфемов ама па дечко ми го обожава. Спаѓа во категорија на зачинети мириси,и има мирис баш на бибер и останати зачинки .Ако сака вакви типови на мирис,овој ќе биде совршен. Инфинитивмомент - е просечен како да кажам.. Ништо посебно во мирисот,имам мириснато вакви милиони слични парфеми. И не ми остави голем впечаток,незнам како да ти го опишам..малце остро мириса Описиве ми се ужас.. се надевам доби некоја претстава какви би биле И моја топла препорака ти е Урбанедџ,многу добро парфемче. Посебно па колку трае,дечко ми многу малце става а мириса ептен! Ако имаш некој близок претставник,да ти даде и мостри од парфемчиња тогаш супер би било Едит: сеа видов дека си редактирала. Имаш доста парфемчиња кои се свежи,вака овие ми текнуваат : Blue individual,Just Play,Full Speed,Pure 02.. Aма не траат овие баш
Женски ви благодарам многу на советите, до некаде се поклопивме со мислењата само што мојата селекција беше по пат на убавина и звучност на име (немам никој близок во Авон за да мириснам мостри од парфемиве моментално). По некоја си моја логика... Првиот Infinite Moment ми делува некако женски и евтино. Не знам зошто мислам дека и него нема овој да му се допадне, така да - Не! Вториот Urban Edge според името ми одговара, делува секси плус сакам скоро проѕирни парфеми. Најверојатно зошто ги замислувам како полајт и им давам секогаш предност - Да! Третиот Signature не ми фаќаше окце заради жолтата боја не знам зошто... Вака на изглед ми делува како појак и потежок мирис, али изглед/боја може да лаже, така да велам - Можеби! Јас и мојот начин на селекција од слика, смешно е знам Во секој случај ми помогнавте во одлуката, мислам дека се решив.
Како сте задоволни со маскарите од Авон?Се двоумам дали да земам.Има еден како попуст римел+лосион за отстранување на шминка мислам Еве ваква беше едната
Атермишн и јас сум за урбанедџ,овој сигнатур го имаше дедо ми порачано од кај мене,и беше ужас,навистина мене на тутун ми мириса,незнам кои му се нотите ама на тутун бре човече гнасен беше многу,инфинитмомент женскиот го имам и е одличен па според тоа претпоставувам дека и овој е добар,Ако сеуште не си се одлучила и јас гласам за урбанедџ. :up:
Ако си од прилеп можам јас,зачленета сум во авон можам да ти порачам или побарај претставник на страната на авон-www.avoncosmetics.com
Цаци, најверојатно си направила збунка. Да не мислеше на оваа маскара ? Мене ми се допаѓа, ја имам користено, ама ако сакаш убави трепки со еден или два слоја, не знам колку ќе ти ги задоволи очекувањата. Мене вака ниту една маскара не ми е по ќеф - секогаш ставам повеќе слоеви за да го добијам посакуваниот ефект. Ама сепак, убава е.
Јас вчера ја пробав новата Лилавата Drama Queen мене искрено ужасна ми беше, ич не дава волумен, не ми ги ни крена трепките воопшто исто ко ништо да немав на трепките, ич не сум задоволна
Можеш на тсраната на авон да побараш претставник од твојот регион,и ќе можеш преку претставникот да порачаш,и подоцна ќе ти го достават дома или може директно од мсгацинот да го земеш.
Изгледа оваа била,бидејки има иста боја ме збунила И плус доаѓа со некое млеко мислам за отстранување на шминка Исто и мене,бидејки имам мали трепки и колку и да ставам како џабе е Треба да пробам со тие вештачките иако имам чуено негативни критики за нив
Signature е ептен тежок парфем, дури е тужен оти е толку ружен. Јас не го поднесувам, некоја комбинација на дрво и ракија ми е, бучкуруш што би се рекло. Другиве што ги наброја не ги знам. Видов дека другите се во колекција, е од нив имаш поголем и подобар избор.