Па искрено Авон имале и подобри каталози, мене ништо посебно. Кремите за раце се намалени на 69, водичката за лице со роза е исто така 69. Една убава ем интересна понуда ми се виде (се сеќавам и лани ја имаше) парфемите summer white заедно со гел за туширање за 299 денари. Интересна понуда. Двострани моливчиња за очи од колортренд од кои лично сум многу задоволна, се по 99 денари. Препорачувам. Парфемот cherish e 399 денари. ББ кремите се по 299 денари. Моливчињата за очи се 119 денари. Маскарите superchock и intinitize се 179 денари. Пудирте calming effects 279. Aко ве интересира нешто плус, слободно пршувајте.
Мене ме интересира како се со трајност парфимираните води- знам дека нема шанси да траат како парфемите, меѓутоа ме интересира дали се толку нетрајни како овошните спрејчиња за тело? Еве сега гледам машкиот парфем Фулспид има таква верзија од 75мл за 299 денари, многу поволно ми делува, меѓутоа ако ветрее после 0,5 или 1 час ќе испадне онаа народната, дека сиромавиот два пати плаќа. Ако имала некоја од вас искуство, било со женските верзии, било со машките- нека сподели.
Освен неколку парфеми, претежно се во каталогот е парфемирана вода. Конкретно Фулспид многу ми го нарачувале, обавезно кога е на попуст ми купувале по 3-4 колекции во една порачка. За женските тоалетни води можам да гарантирам дека се далеку потрајни од спрејчињата. Јас од нивниот квалитет и трајност сум задоволна.
Ти благодарам Ели за брзиот одговор. Пафемот знам дека е многу траен и дека е еден од најпорачуваните, меѓутоа да не настане недоразбирање, за оваа верзија прашувам , не сфатив најдобро дали и ти мислеше на истите .
Ne da traat jas plaviot go imam i lani bas zimata go koristev mene mirisot mi e mnogu ubav,neznam kako da go opisam.Jak se prskav na alistata poveke deka jak e i sleden pat i posle nedela dena primer se osekase ili pisle 2 3 dena se oseka isto kako sega da si se prsnal.So drugi skapi parfemi od Avon ne mi se slucuvwlo taka dq traat Omilen mi beae lani, nekako em jako em na svezo mi mirisa a go zemav sp gel za tusiranje 300 den.Gelot go prodadev posle.Preporacuvam10/10
Не се брзам воопшто, секако од овој каталог досега помина само една порачка, има простор да се праќаат уште. Инаку немам земено сѐ уште К17- се немам видено со претставничката деновиве, ама вака како што ве читам речиси истите работи се намалени и во овој и во К17.
Девојки, а за Advance tehnique за коса што ќе кажете? Конкретно мислам на спреј што не се плакне, за зајакнување и заштита, па ако е добро да си порачам право и шампон и балсам од истата линија? Јас немам користено за коса ништо од авон , па не знам што да очекувам. Денеска сакам да пуштам порачка, па да знам. Фала
Мнооогу убаво мирисаат. Е сега, не можеш да ги споредиш со некои шампони од висока класа, ама од оние Сајос, Гарние, Нивеа и слични што ги купуваме од продавница мислам дека се подобри. Јас сакам да прашам дали некој ги користел производите од комплетот од шеа путер што е на акција (крем и пилинг за раце/стапала). Ми се допадна комплетот зашто има ракавици а моите се веќе оштетени, ама ми е страв да не ми се иритира кожата на рацете (ми се лупи од преагресивни креми). Јас секако ќе го порачам па ќе го дадам на мајка ми ако не ми одговара, ама ако некој има негативно искуство нека предупреди. Инаку, многу работи ми се допаѓаат од моменталниот каталог, не знам кај да застанам.
Скај јас освен убавиот мирис не видов друг благодет. Капките со зеленото капаче ми се малку поодобри, барем ми ја смируваат косата. Е сега имај во предвид дека косата ја пеглам на 230степени, па може и тоа влијае. Мирисот кој ми останува од пеглата на косата, ретко со што можам да го замаскирам. Ама колку за пријатно да ја чувствуваш косата не се лоши. Едит: Разбрав дека прашуваш за спрејчето Инаку шампоните ми се добри. Не ми го иритираат скалпот, што кај мене често се случува. Зелениот ми се допаќа најмногу. Го користев паралелно со капките , за подолго да ми се задржи мирисот.
Ако мислиш на она Blissfully nourishing јас кремата за раце ја имав, сега не знам колку е добра зошто моите раце немаат некоја потреба од којзнае што, само после миење некогаш ми се затегнати, ама ми беше добра и вршеше работа. Инаку ако не сакаш мирис благ, како на колаче баш, не ти ја препорачувам. Долго време се задржува на рацете, и дури се наоѓав во ситуација да се прашувам што ми мириса толку убаво низ куќа. Се мислам се мислам, ама не знам како да ти го доловам мирисот освен со зборот благ и колаче.
Јас го имам пилингот и кремата за раце, лакти и стапала. Многу негуваат, баш како што си пишува на нив blissfully nourishing . Пилингот е со појаки, т.е. погруби гранули, ама не верувам дека би ти ја лупел кожата на рацете. Јас го користам при педикир, ама кога правам педикир секако потоа ги поминувам и рацете и баш нежни ми ги прави. Кремата е ептен богата, со густа текстура, масна-доволно е ептен мала количина за да осетиш хидратација. Само види дали ќе ти одговара мирисот, доста е интензивен. Мене лично не ми смета, ама ѝ дадов на другарка да си стави од кремата, толку тешко ѝ мирисаше веднаш отиде да си ги измие рацете. Исто на една роднина- се намачка, и цело време си ги душкаше рацете, ама без онаа блажена фаца што ја правиме кога ни мириса нешто убаво, туку баш напротив. На крај ѝ реков- ама тебе не ти се допаѓа кремата и цела зачудена од каде знаеш? Ѝ велам ајде оди ако сакаш измиј ја, не се мачи, цело време си ги мирисаш рацете .
Изгледа ќе оди кај мајка ми или само на нозе. А не ми дава срце да не го нарачам комплетов, за ракавиците ми е. Еве сега ги перев моите, греотичка се. Ставам кокосово навечер и спијам со такви памучни ракавици, па знам дека барем нив ќе ги искористам. А за пилингот сум прилично љубопитна.
@Sky-butterfly кој спреј поточно? @duffi Мене пеглата за коса не ми ствара мирис на изгорено, незнам каква имаш но смени ја.Јас ја имам на вицко 8 години и презадоволна сум.Никогаш ми нема мирисано косата дека е пеглана.Додека лани купив сет фигар со 3 делови и онаа бранви и од него ми мириса косата, дали дека нема да се регулира температурата незнам.Како и да е јас од шампоните сум задоволна го имам оној од арганово масло спрејот, а капките се многу добри.Ама од натуралс шампоните ми се врв и пенат и се.Омилени ми се, а убав мириса спрејот од праска и оној од малина.Стави слика да видам дали нам за кој се работи или за оној во златест прав прашуваш.