СЕКОЈА ВЕЧЕР ЛИ СПИЕШ СО РАКАВИЦИ.И јас оддамна ги меркав ракавиците со незнам каков комплет беа, ама незнам зошто не сум ги нарачала.Колку е комплетот? Ако ти пукаат рацете зимно време и ако ти се грапави и суви,црвенила да имаш има од авон многу добри кремови со глицерин.Мене пред неколку години мислам од тоа ми помина.Веќе зимно време ни ми испукале ни црвенила ни ништо.
@Winter Lady јас мислев на спрејот на Advanced за коса , нешто ми се измеша Инаку имам прегла на Rowenta, идеална за мојата екстра кадрава коса. Грее на 230 , ама другите пегли на истата температура не га постигнуваат тоа греење. Не ја менувам за ништо на свет оти идеална ми ја прави косата. Една од ретките пегли која совршено ми ја исправува косата. А мирисот го маскирам колку можам. Затоа и не можам да зборувам за шампоните оти не сум имала некој конкретен проблем, освен скалпо. Оти никако не ја носам мојата природна коса, ретко кој и знае дека имам кадрици.
Скоро секоја. Бидејќи се памучни не ми пречат, иако некогаш ги вадам во спиење. Комплетот е 310 денари, се исплаќа. Од кремови со глицерин, користам еден со плаво капаче на Еуцерин, ама почесто кокосово. Инаку за егзема се работи, затоа ми е страв со парфимираниве. Еднаш ќе пробам и ако биде биде, ако не - ќе има кој да се шлака.
Многу е поволна понудата, 3 работи за 319 денари, како нема да си ја порачаш. Јас ги имам во друга амбалажа, ама верувам дека се истите производи. Еве сега пак го отворив каталогот да видам, истите работи ги пишува на амбалажата како кај моиве. Дај ѝ шанса на кремата, со ракавици веројатно нема толку да го осеќаш мирисот (ова под претпоставка дека нема да ти биде убав), верувам дека ќе се изненадиш позитивно утредента од состојбата на рацете. Инаку според мене пилингот има поубав и не толку интензивен мирис како кремата, не ми мирисаат со ист интензитет- кремата е многу понападна. @joy1 мислам дека ги порача, па еве и таа нека сподели импресии од негата и мирисот, секако доколку ѝ стасала порачката.
Баш ке прашував дали се 3 работи толку евтини.Уште овие глупости ми фалат.Ама убедена сум дека ке ги порачам .Дај нека го укинат онаа Авон @duffi Епа користи си ја ама пред тоа ставај од капките и спрејот за права коса, јас имам ефект од него.Нека се јави скај па да видиме за што се работи @LivingGlam Епа ако не ти одговара секако дека нема да ги користиш.Незнам не сум користел ни Еуцрин ни кокосово.Ама тоа од Авон многу е добро.
Абе многу активна темава, колку брзо одговарате. Пак ќе дојдам, само да најдам време да го разгледам каталогот малку подетално.
@Winter Lady за овие прашувам: Полесно ми беше да го сликнам каталогот пред мене Значи прашувам за првиот доле во аголот. Пишува третман за зајакнување и заштита на косата кој не се плакне. И потоа мислам на овие шампони, поточно тој што пишува дека е за зајакнување.
Јас стално си имам каталог кај мене, претставничката не ми го бара назад (нешто што го советувам до сите претставници) и еднаш ќе го разгледам ќе си пикирам нешто, по некое време кога паузирам од активности пак ќе го ѕирнам, навечер ако ми е досадно пак нешто ако видам, и ете ти дополнителна порачка, ми се гледа поволно и тоа што на прв поглед не сум го регистрирала. Ете тоа е конзумеризам. Знам дека ги плаќате каталозите, ама подобро потрошете некоја минимална сума на клиентот, ќе ви се врати повеќекратно. Едно е кога се разгледува каталогот на пауза од работа или на факултет, па и на ден или два дома, а сосема друго е кога некој го има кај него каталогот три недели- секако дека ќе порача нешто што претходно воопшто не ни мислел дека му треба.
Веќе почнав јас да размислувам за 17ката. Се мислам што да си порачам.. Прво се мислев за парфемот TTA (today) за 800 денари со подарок крема. Кремата дали е добра за тело? Парфемот бил траен колку што слушнав, па баш ме заинтересира. Се двоумам помеѓи Rare Pearls и TTA па што би ми препорачале?
^^ Мене тие каталози опуштаат. Ништо поубаво од прелистување во мир, со кафе пример. Се ми е убаво, се ми е примамливо
Друго заборавив да прашам: Дали парфемот на 176 страница Parisian Chic е со распрскувач или не? Ми се допаѓа мирисот, многу е евтин, ама ако нема распрскувач- џабе. Едит- сега видов на една слика дека нема. Па добро зошто прават вакви изданија, тотално е непрактично, а не сакам да го претурам во некое друго шишенце. А баш имав надеж дека овој ќе има праспрскувач.
Па убаво да си разгледаш како човек, да си дадеш причини поради кои мораш нешто да купиш. Барем не се чувствувам како крадец низ продавница кога се врткам 3 саати, читам декларации, гледам разгледувам, споредувам и на крај од незгодно излегувам побрзо. А и затоа најубаво ми е кога шетам сама, никој не ме брза ниту пак се осеќам дека на некој (кхмдечкоми и покрај тоа што сум го прашала дали сака да излеземе он вика не) му е досадно додека јас си терам моја работа. И дефинитивно им се различни (барем во интензитет) мирисите на производите Blissfully nourishing, јас ја имам сега маската за коса, на мајка ми и се лошеше од кремата за раце, а маската па и се допаѓа.
@sesilija Јас го имам и оригиналот нели шишенцето што е и овој без распрскувач.Шишето е некако непрактично и јас приметив дека по малку тече по некоја капка ако го ставиш во чанта на пр.И бидејќи е без распрскувач јас зедов мала количина ставив во они шипенцата за точење парфеми.А парфемот за да не се скрши бидејќи може да се лизга од рацете го ставив некаде во стакло и незнам во која соба е.Не сум видела но мислам дека некаде високо го ставив.Е сега лани многу ми се допагаше мирисот, а вчера баш се прснав за по дома на џемперот и сега мириснав мислам од далеку не баш од блиску и пак се осеќа.Ама малце некако како јак ми е.Јас затоа секогаш се прскам од различни парфеми зависи како можам да ги поднесам.Еве пак летото омилен ми беше раре пеарлс а сега почнав инкандесенсот да го користам повеќе и не ми е воопшто јак.Додека порано малку јак ми беше. @x.Daisy.x и јас како тебе ме мрзи да разгледувам по парфимерии бидејќи некои продавачки ако не купиш ништо може и чао да не ти кажат.А некои те убедуваат ако влезеш да купиш нешто, и ако с разгледаш во друго пр.колку пари е или дали е добро, одма те убедуваат да го купиш па ти нудат уште 15 други работи. @Jenniffer Парфемот не да етраен тудејот незаменлив е.Еве јас да кажам еден пример.Се дружам со една личност која повеќе го користи тудејот.Е сега јас освен Авон имам многу малку парфеми други.Амана излегување секогаш ставам од Авон.И сега кога таа личност ке влезе во кола секогаш нејзиниот парфем го осеќам повеќе од мојот.Незнам зошто.Единставено Живанши парфемот ми е појак од нејзиниот а мојот си го осеќам повеќе.Раре пеарлс инкандесенсот исто и нив.Јас бидејќи досега не сум го имала тудејот го порачував ама не ми стигна него би го зела.Ама и раре пеарлсот ич не е лош. @Sky-butterfly Штом пишува дека ја зајакнува косата значи точно е.Јас имам и за права коса не е исто како да сум ја пеглала, но ја исправува.Имам и за заштита и стварно ја заштитува.Нема утка со овие производи.Е сега и овие капките ги имам црвените и имам само еднаш ставено бидејќи овие месеи дали 3 пати ја имам пеглано косата и ги користам зелените, ама добри се.За шампоните сега оној за сјај што е го имам ама уште не ми е отворен.Сум користела од овие шампони и за што пишува дека се, такво дејство имаат.Многу ми се допаѓа мирисот на оној со розево-виолетово што има на него за слаба, сува и оштетена коса мислам дека беше.И за бојадисана коса сум го имала и оној синиот 2 во 1.Е сега ако се капките и спрејовите за заштита и сл.неможе од корен да ни ја променат косата.Ја зајакнуваат и заштитуваат но еве како што рече Дафии погоре 230 степени на не и мирисала косата, а мене не од пеглата но од фигарот да.Неможе воопшто да не се уништи косата.Ама јас кога користам капки, и спреј за заштита кога ја сушев со фен не ми ја гореше вопшто.Сега зависи и од пеглата.Не ми расцветуваше.Инаку го имам спрејпот со кератин оној 7 што има на него.Не сум го користела и него.Некој ако знае нека пише.Го зедов и оној шампон од натуралс од мед пишува за права коса бил.Еднаш и од Орифлејм имаше едни шампони и балсам за права коса и стварно д шампонот косата ми беше многу мека, и права до следно миење.Немам кадрава коса, но некогаш знае да ми биде ко прекршена малку.Не сум видела ама мислам дека веќе го нема тој шампон.И за срамота каталогот од Авон уште го немам разгледано
^ Десно под брошурата и миниброшурата после логирање имаш "порачајте со еден клик", кликни па избери мостри и инструменти за работа, одбери кеси и означи, автоматски ќе бидат додадени во порачката која сакаш да ја започнеш
@eloves може да ми ги кажеш цените на овие? http://prntscr.com/94axho http://prntscr.com/94ay2h http://prntscr.com/94ayak http://prntscr.com/94aysv хеланките дали ги има некој,вредат ли за тие пари?
Сунѓерчето е 299 денари. Саатот е 1299 денари. Хеланките 1299 денари. А балсамчето 89 денари. @delevingne
Во најновиот каталог гледам има понуда за овие мини палетите со 8 сенки, со пристојна цена.. Боите ме привлекуваат ептен бидејќи сеуште сум во потрага по палета со ваква комбинација на бои.. Ги има ли до сега некоја од вас користено да каже искуство? Побарав на гугл блогови но многу малце информации има, да не се зафркнам и да ми останат така како што обично ми се случува со сенките