Го разгледав вчера К17 и ништо не ми фати око. Ова ќе ми биде како К15, со порачување на нешто ситно, ради реда, а можеби и нема да направам порачка. Туку овие работиве на 239 страница што ќе бидат на 80% попуст во К1 од 2016 година ептен ме возбудија, сите работи ги сакам, уфф... Сакам само да прашам дали ќе бидат некако врзани, пример за една сума од 950 денари да може да се порача само по една од работите, или оваа сума е доволна за неограничен број на порачки од работите? Пример како кога пишува ова е толку и толку денари ако порачате било кој производ од брошурата, па нели претставникот секако има и други порачки па вие не ни порачувате друг производ, туку секако го земате по таа цена. Дали и овде ќе биде така? Ако претставникот имал порачка од К17, фактички секој ќе може да ги земе работите со тој попуст во К1, се додека ги има на залиха? @CirezD ? Исто сакам да те прашам за лосионите од Avon Care, гледам кај сите пишува дека се за последен пат во брошурата, дали само ќе им ја менуваат амбалажата, или целосно ќе ги повлечат? Мене ми се супер, прекрасен квалитет за многу ниска цена, ептен сум изненадена од ефектот што ми го даваат, и не би сакала да ги снема.
Jа менуваат само амалажата, Сесилиja. Мене @eloves ми кажа, инаку бев падната во депре мууд по кремата од какао.
@sesilija Менуваат амбалажа Инаку, секој кој во К17 ќе има порачка со износ од 950 денари, во К1 - 2016 ќе има право да си порача по еден од производите на 80%, по моја логика, лани имаше иста програма ваква со Планет Спа и од сите по еден можеше, значи на 950 по еден од тие 6, за 12, би требало порачка од 1900ден. Кварталниот конференциски состанок требаше да биде неделава но го поместија за блиска иднина, па немам инфо сигурно. Штом ќе се оствари, ќе имам информации за следниот квартал па ќе ти потврдам за сигурно
Па на 239 страна се лаковите Сесилија.И пишува 50 % попуст Упс за 17 си зборела.Дајте сликајте да видам што има.
Дали кармините се намалени во 17? Некако многу ја наголемив нарачкава со додатоците од Планет Спа, да одмалам нешто па да оставам за нареден месец.
Вака пишува во К1 за таа понуда од 80% : "Со исполнување на еден услов од 950 денари можете да порачате по еден од сите производи ( 1 нијанса од маскарата и 1 нијанса од лакот ) ". Инаку @LivingGlam цената на кармините им се движи околу 200 денари до 250. Зависи од која линија сакаш. Подобра опција ти е сега да купиш кармин него ли во К17..
Да те корегирам да не дојде до забуна, не се Indulgence 2 за 239, туку Extra Lasting во тенкото пакување и тоа за 259 ден. Поточно овие :
Стигнаа конечно Ланчето не ми се свиѓа,т .с приверзокот.Не личи на Е туку на осмица Зедов и сенки од тие по 299 што се но заборавив да ги сликнам.
Знам дека вака некако беа, моја грешка, не е повеќе брошурата кај мене. А ги нарачав. Сликата само ми залича на нив, а имиња не помнам.
Со шампонот нема да згрешиш многу е убав.А онаа од планет спа масло ли е? Од екста ластинг ке чекам да видам како си задоволна.
Тоа од планет спа е пилинг и крема за раце и ракавици Тушот утре за раб ке го пробам и ке пишам колку издржал
Епа само една кутија е, многу мала ми се гледа.Се мислам и јас комплетот да го земам.Ама ракавиците да не се мали или големи, какви се.Стандард ли се.Ако можеш утре сликај ги или денес.Гледам чисти ти излегуваат сликите.Да видам колку се големи.
@Joy те молам, можеш ли да ги сликнеш ракавиците? Тие што ги користам се од пред многу години од Орифлејм, ми е страв овие да не се многу кратки па да ми се вадат навечер. @sesilija фала многу за информацијата, комплетот ќе го одложам.
Само @joy1 нека каже колку милилитри се производите бидејќи пак проверив во каталогот за секој случај да не сум грешка, да не испадне дека сум те излажала и во К16 пишува дека се по 75 мл., а во К17 пишува дека се 30мл., а шифрата за порачка е иста. Значи во еден од каталозите има печатна грешка, ама ми се чини дека на крај ќе испадне дека се 30мл.- мало ми делува кутивчето на сликата што ја прикачи Џој.