девојки кажете ми од број 17 , колку се четките за шминкање? палетите сенки за очи ? и кремите ББ? патем и од 2016/1 -колку се четките за шминкање ?
Неколку збора да ми кажите за пудрата и подлогата на Лукс си ги порачав два за 700. Ги имате користено??
Путерот за тело со исландски минерали добар ли е ? Се двоумам меѓу него или прочистувачката маска за лице со минерали од Мртво море? Дефинитвно ќе го нарачам многу фалениот Гел за чистење со бел чај само не знам плус кој друг производ . Па ако може некоја препорака
Феминки јас ги сакам бронзените писери од авон .. За лице... Обично се 400 до 500 денари поефтини не сум ги начекала.. Ако може да ми кажете во наредните каталози колку ќе бидат.. ? Ви благодарам
I da.., ja probav denes pudrata I kako sto mi kaza @buba4e89 , tecna e malce I ne tolku pokrivna, i taka i mi ispadna, ama mene. Drugarka mi isto takva naraca I na neja bas I e dobra, imat nekoi crvenki na liceto taa i nad tecnata stavi kamena isto taka od luks I mu pokri se zivo, epten I e dobra. Se zavisit od kozha do kozha.
Мислам дека во овој или во К17 се за 500 денари со закосената четка и украсна кесичка. Разлистај ја брошурата на интернет, мислам дека се на некоја акција во моментов. Јас ги начекав пред два броја за 259 - подобра зделка во животот не се сеќавам дека сум направила.
Биле и поефтини, околу 250 денари неколку пати беа на попуст. Си ги пропуштила веројатно Инаку, во К17 се 380 денари, а во К1 се 450 денари.
За пудрата незнам, ама подлогата одговара само на мрсна кожа, барем според мене. Сестра ми има нормална и не и одговара, како струготинки и се прават. Јас имам мрсна и таман ми е. Ама нема некоја разлика дали си ставила подлога или не. Барем кај мене ништо не менува.
@sesilija Се јавувам на рапорт за машкиот спреј Фул Спид Првиор коментар на мојот беше дека баш сум го погодила , сум го вратила во студентските денови, тогаш му бил омилен. Мене пред се ми се допаѓа како мириса, го нема онај типичен машки мирис, кој мене искрено ме пресекува. Моето сетило за мирис е премногу осетливо. И што е најбитно не мириса на ефтин парфем. Синоќа го натерав да се шприцне , да ја тестирам трајноста. И за чудо изненадена сум, сабајле кошулата мирисаше сеуште, нели не со исти инзитет како синоќа , но сепак мирисот се чувствува. Се на се мене ми се допаѓа, со оглед на цената и милитражата е сосема солиден. @ANGIE1 До К1 , заклучно со неа, не се намалени. цените се 450 и 499. Јас пред некој месец ги земав за 249 со четката за 169. Ако не ти се брза исчекај ги, иако ретко ги намалуват. Кога сум тука да ја пофалам и пудрата на Лукс. Вака од неколку користења ми е одлична. Незнам зошто велите дека не е покривна. Според мене покривноста е сосема солидна. Ми беше страв да не ја утнам нијансата ама сосема сум ја погодила. За сува и нормална кожа е супер. За мрсна не верувам, ми стои дека брзо ќе светнува. Со оглед на цената по која ја земав 350ден е предобра.
Ако не ти се итни би ти рекла да почекаш. Обично ги намалуваат, како што рече Мишела на неколку каталози на 259 денари. Да дополнам нешто, мене од почетокот бронзените бисери воопшто не ми оставаа некоја боја. Минував и по 3-4 пати со четката ама ништо. Потоа го земав сјајните кои не ми одговараа ама сепак ги измешав со бронзените и неколку од нив ги изронив, прав ги направив па сега се добри, да ги пофалам. Инаку се покајав што не ја земав четката ко беше 159 денари. Слушав многу пофалби за нејзе. Имам една јас ама за ништо не чини, морам да ја менам прашање на време е кога. Воедно да искористам прилика и да прашам за овој парфем, дали е убав и дали трае?
Morav da gi pofalam novite dijamantski sjaevi sto se vo malo kutivce.Se iznenadiv kolku se trajni,gusti i so intenzivna boja.Jas go imam crystalised coral i mi e preubav,ke stavam i slika da ja videte bojata.Me interesira ako moze da mi kazete kolku ke bidat vo k17 sakam uste edna boja da si poracam
@eloves Мене лично многу ми се бендисва, го имам мириснато и солиден е и траен. Цимерката знам ги имаше цела соба мирисаше на него. Кој и да го избереш на Today && Tomorrow нема да згрешиш, мене барем сите ми се убави. Бтв Чекам да ми стигнат пудрата и подлогата на Лукс па ќе ви пишам рецензија