Претставнички, како ви се допаѓа женскиот часовник во фокусот на 17ката? Намален е ептен, за 600 денари, неверојатна цена. Се мислам дали да го порачам? Го има ли некоја?
@Kukla994 Jas ne ti go preporachvam, go imav i ich ne e traen po nekoe vreme neubo ich mi mirisashe. Poarno zemi si nekoj od serijata na Little black, pink, red dress, ili pa od Pur blanca beliot ili nezno lilav od ovie ti tvrdam deka 100pati se poubaj od Femme.
Јас го имам некна ми стигна во комплет со ласион и дезедоранс. Дезедорансот го продадов. Парфемот е според мене доста нежен и траен. Трае, но доколку нанесеш ласион пред тоа многу повеќе ќе трае. Лично сум задоволна.
@Kukla994, Femme мириса на чисто и нежно, убав дискретен парфем е, ненаметлив но трајноста му е очајна, дали останува 30 мин. од нанесувањето. Јас не би ти го препорачала.
Имам пишувано и порано, и од лично искуство и општо од "муштерии" дека парфемите од Авон зависи кој како ќе ти се погоди. Имав случај со еден парфем 2 пати го земав, првиот пат неверојатно долго мирисаше, вториот пат скоро ич многу брзо ми ветрееше. Исто така другарка моја има случај со спрејчињата, овошните има едно кое по цел ден и трае и алиштата по цел ден и мирисаат, иако знаеме колку траат спрејчињата. Имам истрошено доста над 6-7 спрејчиња и сите ми ветрееа за неполни петнаесет минути. Така да ако си имате среќа, ќе ви се погоди траен парфем.
A be devojki, so da pravam sea neznam. I drugarkite vaka mi vikat, koja vikat zemi go koja ne zemaj go... Inaku vi blagodaram Ima eden drug dosta ubavo mirisat na toa testerot ama nikako da mi tekne kako bese...zolto so crno, kolekcija e sea na novogodisniot e, nee little black..poinaku se vikase ama kako...ha
Ne mila eve go najdov. @Nausicaa A dobro kaj vidov crno ziti se ccc Pozadinata na stranicata izgleda bila crna pa mi se pomesa deka e crno so zlatno.
@Kukla994 Траен е многу фем парфемот.Мене ми трае многу.По 2-3 дена на облеката, еден од најтрајните парфеми на Авон е ич не се мисли.Е сега јас првите 2-3 пати кога го земав ич не ми се допаѓаше, а сега овие денови скоро само од него ставав.Таман за овој период е.
Бронзените бисери да си ги земете без размислување. Ги обожавам, оставаaт боја уште со само едно нанесување. Од друга страна јас ги зедов прошлиот каталог за 250 денари, навистина беа ефтини. Овој каталог ја нарачав подлогата на Luxe, па сакам да ја прашам @Rose96 дали пред подлогата става обична крема за лице или не?
Ти благодарам Дафи за коментарот и за ажурноста, си добив мини рецензија навреме. Овој каталог ќе испадне доста штетен по мојот паричник, на крај ми се собраа доста работи, можеби ќе одложам нешто и за следната кампања. Што ѝ требаше на @LivingGlam да спомне за акцијата 2 работи за 400 денари од Планет спа, го немав видено тоа за чудо, а сега се мислам која комбинација да ја направам, штета е да не се земе нешто по таа цена. Читам го имате спомнато фокусот, ајде ако не ви е тешко ставете линк од него, чисто да ѕирнам што има... Туку сега на насловната страна од сајтот гледам некоја регионална менаџерка на Авон и си мислам да не е некоја од феминките што ни делат овде совети по темите, веднаш мислите ми отидоа на @CirezD , некако најискусно ми делува од авон феминките, баш ко менаџерка...
@sesilija Ти благодарам Јас сум јуниор менаџер на Авон, регионални се 7 во цела Македонија и тоа се нашите менаџери со кои работиме ние сениорите и јуниорите. Не знам која ја гледаш и каде, ама не сум јас