Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Авон и нивната козметика

Дискусија во 'Лице' започната од lovely-girl, 15 февруари 2012.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    http://www.femina.mk/новости/занимл...-нуди-неограничен-потенцијал-за-заработувачка
    Еве, само што го прочитав и ми падна во очи дека највисоката порачка во една кампања ѝ изнесувала 230 000 денари. И после не сме биле фрикови по козметика ние жените, не не:makeup:.
     
    На Mishela, Jordanovska-K и CirezD им се допаѓа ова.
  2. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Елена е една од најглавните од Македонија за Авон и е Струмичанка.Е сега незнам како толку порачки собира, ама изгледа и од претставниците и кординаторите и се собираат заедно толку.
     
  3. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски
    Зетова е жена за пример, @Winter Lady нема најглавни, оние се зонални и работат со сениорс и јуниорс, ние работиме со координатори, а сите работиме исто со претставници :)
    Инаку, за сумата 230,000 е сума во една кампања, не е со координаторите и претставниците зошто би се запрепастиле да знаете колкави суми прави една зона (зборам за милиони денари), така да ова 230К сигурно е за лична порачка по опуси или нешто налик тоа.
    Како и да е, супер интервју од Елена, фала ти @sesilija
     
    На Eli23, Jenniffer и sesilija им се допаѓа ова.
  4. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски
    ^ Аааа се извинувам, не и била порачката 230,000 денари туку заработувачката за една кампања. Е така има повеќе логика :))
     
  5. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Па тоа се пари. :o
    Ќе мора малку повредно да работам и јас. :rofl:
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Не дадовте линк од фокусот за К17:?:
     
  7. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Мислев има и на македонски, знам имавте објавувано и таков во темата, си имам порачувано работи од него, ама веројатно уште е рано за да го објават.
     
  9. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    На Nausicaa и sesilija им се допаѓа ова.
  10. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Мене не ми мириса баш убаво и не е траен.
     
    На Kukla994 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.218
    Допаѓања:
    56.888
    Пол:
    Женски
    @sesilija па стварно греота е да одбиеш таква понуда. :D

    На сите ви го препорачувам маслото од колекцијата Исланд, препрепрекрасно е. Ставам во када, ја полнам само со вода и уживам. Мирисот е супер, а после тоа кожата останува свилена. Добро е и за масажа, а и за тело после туширање. :inlove:
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Мене премногу ми се допаѓа мирисот на исландската колекција, додека тој рускиот не баш, а те читав дека многу ти се допаднал.
    Ама мислам кај тебе таа линија има дополнителни симпатии бидејќи го содржи во себе зборот Русија:P.

    Се мислам да ја земам маската за тело Исланд, да се телепортирам покрај нивните гејзери(poolparty) и некој пилинг за лице.
    Сакам некој со погруби гранули, некако изборот ми оди накај тој од колекцијата од Мртво Море.

    Ако ги имате користено кажете кој е подобар, т.е. поефикасен- женшен, бел чај, или Мртво Море?

    @Beauchamp ти благодарам многу, го отвара линкот.

    Има интересни работи, а сега кога ја видов сликата на гелот за туширање од црвени бобинки- морам да кажам дека го мириснав во К17 и ме освои, ептен убаво ми мириса.
    Планирав да го земам, меѓутоа сега ми мати вода тој со чоколадо и портокал- ја обожавам и оваа комбинација.
    Треба да има и помали пакувања, вака секој гел по 500мл. знам дека ќе ми здосадат ако ги земам и двата.
     
    Последна измена: 23 ноември 2015
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.218
    Допаѓања:
    56.888
    Пол:
    Женски
    Мирисот ме потсеќа на турска парна бања, ама веројатно и руските слично мирисаат. :D Ќе земам брезови гранки да се мавам кога ќе се обвијам со мирисот. :lol:

    [​IMG]
     
    На Winter Lady и sesilija им се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.789
    Допаѓања:
    325.181
    Пол:
    Женски
    Пробав конечно и прекрасни е мал збор.
    Пилингот не е преагресивен таман е ,со крупни зрнца .Кремата има фантастичен зимски мирис кој трае и трае.А кожата е нежна ко на бебче :)
    Штета грамажата е премала за тие пари
     
    На sesilija и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.218
    Допаѓања:
    56.888
    Пол:
    Женски
    :hug:
    Тенкјууу! Го оставив јас сетчето за наредната нарачка, некако многу ми дојде овој пат со кармини и спа. Ама дефинитивно го нарачувам.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Порачав една преубава црвена чанта, незнам какви се со квалитет имате некоја порачано и како сте задоволни? :)
    Само што ќе ја добијам ке ставам слики на блогот и ќе напишам што мислам за квалитетот. :)
     
  17. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски
    Да не е Kameron? :)
    Јас имам Авон чанти повеќе дома, ти гарантирам за квалитетот, најстарата ми е сигурно повеќе од 4-5 години, освен што е делумно омекната поради секојдневно носење, сепак е здрава.
    Конкретно новава, камерон, што ја зборам не сум ја испробала за повеќе освен за до канцеларија, но изгледа цврсто и рачките се многу убаво сошиени за самата чанта.
    Плик чантите се без мана, убедливо прекрасни :)
    Иако наидувам на коментари дека после 6 месеца и се скинала а носела 12кг во неа, ама добро :D :D
     
    На betty boop му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    @CirezD Да мислам дека е нова, и црвена е прекрасно изгледа, битно ми е да изгледа квалитетно, нема да носам нешто многу работи во неа само паричникот и по некој кармин.
    Мило ми е што е добра, ептем со мерак ја порачав едвај чекам да ми стигне. Незнам зошто не можам да најдам слика на интернет. :)
     
    На Eli23 и CirezD им се допаѓа ова.
  19. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    @Beauchamp @CirezD
    Само што го разгледав фокусот и ме интересира за УВ спрејот за заштита на бојата на косата дали е добар? Дали е точно ова што го пишува
    Новиот спреј помага бојата да трае и до 3 месеци бидејќи бојата издржува до 45 миења.
     
  20. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски
    Не знам мила а и штом е во Фокус нов е никој не го користел па нема да ти дадат мислење од искуство