Целата козметика ми е речиси од Авон. Особено препаратите за лице. Моментално имам маска од чајно дрво од Натуралс и задоволна сум, ги имам користено и пилинзите.. тој што е со мед и ореви ми е незаменлив го обожавам.. многу допбро го чисти лицето и го остава мазно и чисто. Овие од Планет спа не сум ги користела, сакав прво да слушнам од другите мислења.. ама изгледа ке пробам.
Јас ја имам маската од кал од мртвото море, и гелот од кал од мртво море, и сум преее задоволна, ми го мазни лицето и сум презадоволна, немој да се мислиш ако сакаш да ја порачаш, а и има пријатен мирис
Јас многу сум задоволна од козметиката на Авон најмногу ги користам лосионите за тело,кремите за лице,сенките и сјаевите
Знам дека ова не е за лице,ама дека е темава за Авон,па затоа тука го ставив. Како се користи(треба ли да се остави малце да дејствува,или одма се мие),на колку дена можам да се мијам со него ? И за колку време отприлика има резултати?
^^ Си го користиш најнормално како обична купка за тело. Јас го оставав да делува малку, во пределот на рамениците, околу 5 минутки, додека да го средам и истинтрам остатокот од телото. Најискрено, не забележав некоја којзнае каква промена, ама определен период немав никакви исфрлувања по грбот, кој ми е најпроблематичниот дел, а дали тоа од гелов или од нешто друго немам појма.
Што мислите за кремите од solutions, поконкретно за портокаловите (BEAUTIFUL HYDRATION)? Се мислам да го порачам цел комплет едит: што треба за да станеш претставник на авон? Кои се условите?
Пилинзите за лице и лаковите за нокти ептен им се убави,сега нарачав пудра па ќе видам ако бидам задоволна ќе си зимам и тоа
Ова ми стигна во порачката како подарок и сега нз точно за што служи Го има ли некоја користено и каков ефект има?
И мене ми стигна како подарок ,се користи навечер, на чисто лице и се трие се додека не се впие во кожата , и многу по убаво е лицето кога ја нанесувам и маската од мртво море, таа што е сивата, иста како оваа пакување, лицето го мазни и има сјај, и се нанесува само навечер пред спиење
речиси се имам пробано од авон-козметика за нега(креми, гелови, лосиони, маски) декоративна козметика(кармини, сјаеви, маскари, сенки) и по нешто од аксесорис(чанти, накит, паричници) и да сум задоволна, но од некои производи не сум баш, па комензирам со некои од производите на орифлејм или зиаја козметика-полска 100% природна козметика(кремите за лице се незаменливи) или нешто од парфимерииве(зависи за што станува збор)
Јас ја користам козметиката на Авон многу сум задоволан од лосионите за тело,сјаевите за усни исто и од парфрмите одлични се и долго траат,а најзадоволна сум од маската за лице Planet spa со минерали од Мртово море
Не не се мие, гелот се впива во лицето и чуствуваш мазно и нежно лице, но го триеш се додека не впие во кожата, мене ми е супер
Почнав да го користам овој крем за тело со медитеранско маслиново масло од Авон и сум презадоволна.Кожата ми е многу убава и мека.
Ја имам розевата маска за лице со саке и ориз. Ке ми објасни некој како се користи, како се одлепува....? Еднаш само ја нанесов на суво лице, чекав да се исуши едно 20 минути ама неможев да ја излупам онака, и на крај го измив лицето со вода???
^ Можеби не си ја држела доволно на лице, или си ставила претенок слој - обично кога е претенко размачкана по лице се кине и не се лупи убаво. Наредниот пат пробај со маалку подебел слој. Jас ја оставам и повеќе од дваесет минути, ако на пример за дваесет не се исуши целосно. Најубаво ќе си осетиш дали е за лупење, кога ќе почне да те стега по целото лице (насмеј се, или раздвижи ги мускулите и ќе почне самата да се дели). Јас си ја користам еднаш до два пати неделно, зависи кога како имам време, бидејќи најчесто забравам.
Ова не е козметика, ама од авон е, па да прашам тука незнам каде друго би. Сте ја виделе или пробале новитот на Авон мали и лесни справи за фитнес! Не се мн скапи или јас не се разбирам ич. нека ме подучи некој! И имаат од сега и по некоја ношници и пижами!