Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Авон и нивната козметика

Дискусија во 'Лице' започната од lovely-girl, 15 февруари 2012.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Се повеќе се разочарувам од производите на Авон.
    Пудрата, сенките, ај тоа се помирив дека не е воопшто квалитетно и трајно. Ама во последно време нешто и парфемите не им се како што треба, мислам мирисаат убаво ама не се трајни воопшто. Не знам дали е до мене.
    Ме занима убави ли се кармините? Мислам онака потрајни да се а не за 15 минути како да не си ставил. Вака, нијансите убаво изгледаат, ако се исти како на сликите.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. avongirl

    avongirl Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    14
    Најде ли од каде да порачаш?
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.466
    Допаѓања:
    91.831
    Пол:
    Женски
    Јас сум презадоволна од парфемите. Имам користено два по два пати :lol: и сигурно ќе ги земам пак.
    Моливчињата со светки, оние самоошречките се одлични, траат по цел ден, лесни се за нанесување.
    Имам три кармини, задоволна сум и од боите и од трајноста. Особено од тие 8 часовните, имам праска боја кој не трае баш 8 часа, но посветла е бојата нормално е по некој час да избледи и црвен кој трае повеќе од 8 часа.

    Добри се и кремите, лосионите. Не ги сакам маските, не ми се допаѓаат воопшто.

    Се на се задоволна сум :)
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    До некаде се согласувам, освен за сенките-оние што се 4три во едно се топ,постојано ги користам, и нема некоја ужасно голема разлика со поскапине(додоуша јас и не сум некој експерт за сенки, порано ич не користев, ама од авон овие ги задоволуваат моите основни побарувања кај сенка)
    Кармините се така-така, некои имаат слична нијанса како на каталог, некои се милијарда посто различни.
    А и не се нешто којзнае колку трајни, и мирисот не им чини, на повеќето.
    На римел кармините им се тука со цена а трајност,интензитет на боја и МИРИС пред се, одичен.
    Тоалетните води не држат,скоро ич,парфемиите да(ама парфеми се оние над 1200 обично).
    К.Лакроа им се врв немаат поквалитетен парфем(вилетовиот),и после нив старите добри today,tomorrow, always(и тоа за мене најубав е today, другите не ми се свијаат)
    И планет спа, како докажан квалитет на креми и маски,посебно колекцијата од морска сол(сивите), путерот е нешто најубаво на свет. Скапички се, ама стварно се квалитет #1.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Искрено, од парфемите од Авон не можам да се пожалам дека траат кратко или слично.
    До сега сите што сум ги купувала се покажале доста трајни и нормално убави на мирис.
    Персив, ми е all time favourite! Да можам доживотно ќе се снабдам со залихи од парфемов ]:).

    Инаку и тие дијамантските моливчиња за очи ми се свиѓаат.
    Го имам сивото, го нарачав и синото - утре треба да ми стигне.
    Првенствено ми фатија око затоа што многу лесно се ставаат, плус не се бришат за кратко време.

    А за тој коректорот како карминче што е, имам само ова да го пишам: :Down:
    Поужасно нешто во живот немам користено! Имав паштета изглед неколку дена по ред - додека не си купив нов коректор. Лошо, многу лошо...


    Купките за тело исто ги сакам, имаат убави егзотични мириси..
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629

    Не сеуште, ме избегаваат девојките, незнам зошто, а сакам да порачам!Поздрав.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Презадоволна сум од кармините многу се трајни исто сум задоволна од парфемите не тоалетните води особено го обожавам тудеј, маскарите ми се добри ама брзо се сушат , а лосионот од ванила не го менувам за ништо на свет. АААА да не ги заборавам сенките за очи тие четирите што се прекрасни се и траат, траат...
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.024
    Допаѓања:
    81.368
    Пол:
    Женски
    Балсмамите за усни во тубичка добри ли се?
    Не оние во стик, тие ми се ужасни. Во еден од наредните каталози има еден од оваа колекција, само во тубичка е, со гел-структура.
    [​IMG]
    Имам користено по нешто од колекцијава и убаво мириса, па ме интересира дали чинат таквите балсами за да си го земам и овој. Ефтин е, затоа го сакам. :D
     
  9. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Овој месец си порачав крем за лице, не можев да ви најдам слика, од млеко и мед е, ако некоја го користила дали била задоволна? :?:
     
  10. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Само да те корегирам, сивата колекција е со минерали од мртво море, не со морска сол :) а инаку, путерот за тело од истата колекција е врв, поубав досега немам користено. Јес да е малку скап, ама вреди за сите пари. Лакроа го користам виолетовиот и јас, ама и зелениот е топ, дури и поубав ми е од виолетовиот. Од кармините најдобар за мене до сега се покажа оној во црно - виолетово пакување, со афродизијачки мирис, еве овој на сликата.
    И знај дека најчесто кармините реално се за нијанса потемни отколку на слика во брошурата ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipster и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  11. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Си го порачав овој серум и уште два производи со него,на попуст беа.Дали некој го има користено да ми каже како е задоволен?
     
  12. NoU-NoLove

    NoU-NoLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    151
    Женски,го порачав балсамот за усни од праска и памук,во тубичка што е.Може да ми кажете(доколку некој го користел)дали е добар и дали им обезбедува добра хидратација на усните? :)
     
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Е, баш ми стигна Планет Спа маската за коса која си ја порачав од минатиот број и вечер ќе ја пробам. Па, мислам дека ќе сум задоволна, повеќето ми ја пофалија.

    Инаку парфемите можеби и на мене така да ми се погодуваат, се оние понетрајните да ги порачувам, штознам :?: .
     
  14. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Јас го имам и многу е добар.
    Ги омекнува усните, не ги суши, а и прекрасно мириса.
    Плус, си ставам и на лицето понекогаш, пишува дека е универзален :) .
     
    На NoU-NoLove му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Одличен е серумов за суви врвови, пробано препорачано :D
    Ако сакаш потрајни парфеми јас би ти ги препорачала Incandessence, Rare pearls, Pur Blanca (од поевтиниве :D ) Perceive, Far away Exotic (ама мислам дека веќе го нема овој) ;)
     
    На BlackSwan5 и Mermaid90 им се допаѓа ова.
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498

    Јас го користам веќе година дена уназад - со тенденција за било каква разлика, ама искрено не воочувам нешто посебно да се има десено со косава. Во секој случај барем убав мирис има, и некогаш после пеглање знам да нанесам на врвовите - имам приметено дека подолго ми држи права линија т.е за не толку брзо време ми се витка косата :D.

    БлекСвон, за долготраен парфем јас би ти го препорачала Персивот.
    Го пофалив и во минатиот пост, ептен е добар! Исто можеш да пробаш и од оние ,,потешките'' како Литл Блек Дрес, Incadensence ( никогаш нема името да му го погодам, не е вака :devil: ). И овие се доста трајни.
     
    На BlackSwan5 и Mermaid90 им се допаѓа ова.
  17. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Девојки ај помогнете ми во изборот на нијанса од карминчињава :) Јас се мислам помеѓу Lucky Kiss и Deluxe од линијата на Color Trend. Ако имате испробано некои од овие нијанси препорачајте ми, пошо некако на сликава не можам убаво да ги доловам нијансите како би изгледале во живо :)

    http://www.avonsklep.com.pl/uploads/images/szminka_color.jpg
     
  18. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Јас би Deluxe :) ако веќе сакаш потемни, оти како што кажав најчесто нијансите се малку потемни од овие на слика.
     
    На Cence му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    ^ Јас само да ви кажам дека нијансиве врска немаат со вистинските бои.
    Го имам Pink Holiday, и воопшто не е ваков, не мава на лилаво, туку си е нежна розева боја.
    Amethyst пак, баш е накај лила боја.
    Pink Doll вака на сликава е баш убава сочна розева, ама на уста не е таква, некако пластична никаква е...
    Внимавајте, барајте добри reviews на нет, каде што имаат нијанси на рака или било каде ставено, да ви се долови бојата поубаво. :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Ова е нешто преодобро.Мене ми го препорача пријателка и го зедов,оттогаш секогаш после пеглање или откако ќе ја исушам косата ставам.Само на врвовите :!: Една-две капки и поминувам низ косата.Толку ја прави мека :up:
     
    На Mermaid90 му/ѝ се допаѓа ова.