Go imate li koristeno mlekoto za telo so cocoa butter,dali ja hidrira i omeknuva kozata i dali mirisot e traen i koja e podobra maskara big false lash ili big darling
@mimi**** Јас би ти ја препорачала Big false lash мене преубаво ми ги прави трепките не се рони и водоотпорна е.
Дефинитивно Big false lash. Морам да ја пофалам маската за коса од планет спа во зелено пакување. Значи преубава е. Малце јако мириса ама косата е преубава после. Еве некое време ја користам и многу сум задоволна. Од како ќе ја измијам ми е премека, ми се чини во рацете ќе ми се распадне. За оваа зборувам.
И јас имам ептен светол тен и преубаво стои Revenge (од 3D кармините), дури и забите ми ги прави визуелно побели. Кај мене на уста изгледаше и попигментиран и со подлабока боја од кај блогеркава:
Земи си мостра! Нијансата е навистина темна и дефинитивно е мноооогу потемна отколку на сликата^. Бојата како боја е убава и баш е есенска ама прво види си дали ќе си се свиѓаш со толку темен кармин, да не ги даваш парите за џабе. Имај во предвид дека магичната има дискретни светки во себе и важи како пудра наменета за сува кожа. Не е многу покривна, односно има лесна до средна покривност и треба да користиш коректор ако имаш несовршености но од друга страна, на лице делува многу природно и дава убав, здрав сјај-јас имам сува и чувствителна кожа и бев одушевена какво ми го направи лицето. Млекото го немам пробано, но ги имам користено и путерот и кремата (таа од 400мл) и сум ептен задоволна. Кожата ја прават мека и нежна, а и мирисаат прекрасно
Џој не се мат и не се сушат,јас имам две нијанси,лани ова време ги порачував и затоа што имам чувство дека ми се разлеваат не ги користаммногу често. Предноста е што се меки и лесно се нанесуваат. Трајноста не ми е тестирана за да ти кажам точно колку,ама на чаша веднаш се отсликува. Мислам дека за таа цена има и подобри кармини.
Има ли некоја од вас користено од маскарите на Luxe? Конкретно ме интересира онаа од комплетот на 49та страна,што оди маскара со парфем и спреј на Luxe
Јас ја имам маскарата. Мене ми е добра, не се роне но не ми се допаѓа баш ефектот кој го остава кај трепките, не ми ги подига доволно. Исто така лесно се брише, барем со тоа си немам проблеми.
Значи лесно се вади. А се суши брзо? Не сакам да остава траги при трепкањето на капако од окото и под него
Јас ја имам и оваа ми е второ пакување, јас сум задоволна, брзо се суши и не остава траги при трепкање. Е сега ако збориме за истата има една во виолетово паковање па една во златно. Е јас ја имам таа во златно.
Некој кој што ја има користено палетата со 8 сенки true color да ми каже како е задоволен? Ја порачав starry nights. Oд авон сенките имам користено само quart палета mocha latte и задоволна сум па сакам да ве прашам дали се исти и овие?