Ми стигнаа производите, конечно. Презадоволна од кремот и путерот за тело. Овие две колекции (Исланд и Русија) ептен го доловуваат мирисот на спа. Сега го сакам путерот за тело од колекцијата Кариби и маската за тело Исланд. Ја користел некој маската? Баш ме интересира каков ефект дава. Уште нешто: има путер или крем од колумбиско кафе? Набрзина го прелистав каталогот и забележав само пилинг за тело и ме привлече, ама сакам да го имам во комбинација со крем/путер за тело. Edit: nevermind, го најдов Ептен набрзина разгледував. Значи колекција, океј. Карминчето во сребрена амбалажа (не знам точно кој вид е) е премногу суво за мој вкус. Другото е одлично. И така, сега ќе ве прашувам за новиот каталог кога ќе имам време да го разгледам. Темава е заразна, што повеќе ве читам толку повеќе производи ми се допаѓаат. Спојлер: Сличе
Mal sovet ako moze napravivme poracki uste minatiot cetvrtoj i uste ne stigaat,dali i na vas vi kasnat? Toa se poracki od k16,dali nekoj moze da mi kaze dali voopato kje stignat,pomosh :/
Девојки, едно прашање: Perceive машкиот парфем - добар е? Нема гребни и помирисај на овој каталог, ама женскиот не изгледа лошо па претпоставувам и машкиот е океј. Во описот, мошус и ѓумбир ми се допаѓаат ко мирисни ноти, ама ова распламтени дрвја ептен ме буни. Не мислам дека брат ми ќе се буни, веројатно ќе му се допадне зашто сака и јаки и свежи парфеми. Само кажете ми дали е траен и дали има задоволни корисници.
Карминот мислам дека ти е од тие 3D што се....а да те прашам гелот дали го проба и дали те бендисва...зошто јјас уште го имам ланскиот дезејн од снешковциве и не сум задоволна
Ајде сега малце вие мене помогнете ми Дали некој од вас ги купил или барем видел обетките од сетот на сликава? Прашањето ми е, дали делчето за закопчување на обетките е како она на обетките на страна 115 во К17 или пак е како она на обетките на страна 116 во К17?
Не го пробав, ама ми се допаѓа како зимски мириса. Инаку, не е гел за туширање туку е купка. Ти зошто не беше задоволна? Патем, купките никогаш не се добри за туширање како со гел, истото важи и за тие огромните амбалажи од Авон. Нивната намена е да прават пена во када, имаат повеќе сапун и не е добро да се користат директно на кожа. Баш со братучетка ми истиов муабет го правевме, цел грб и' се направи со поткожни акни од таква купка.
Ne me bendisuva zato so ne trae mirizbata voopsto...a edna kupka sto imav od golemite, e od nea bev pozadovolna
Денес ги земав мостри кармини од 3д и од матот. Пријатно сум изненадена од 3д . Може на некоја ќе ве интересира какви се боите. Спојлер
^ Слики ги од горе, поубаво да се видат, или настоени.Вака не се гледат, и ако сакаш пиши ги и нијансите право.
Јас прв пат во животот порачав од Авон нешто. Не практикувам да порачвам оти искрено ме мрзи и ми е малтретирање да барам па да порачвам па да чекам ехааа.. Повеќе сакам да излезам одма и да си купам и готово. Ама шта чеш. Ми рекоја повеќе девојки дека овие капките за коса биле многу убави и многу помагале со сувоста бла бла на косата. Дали ги има некој користено и дали е точно дека помагаат?
Сандра јас редовно ги користам и можам да ти кажам дека помагаат да, ги ставам на водена коса и многу полесно ми се расчешлува косата и помека е. Нема да зажалиш Инаку за пудрата и подлогата на Лукс, шта речи не ми се погодени, подлогата ја мислев поинаква. Пудрата најверојатно не одговара на комбинирана кожа и не ми е воопшто покривна, ја мешам со оваа пудра што сега ја користам и доаѓа до некој израз. Следен пат повеќе не порачувсм од Лукс освен маскарата која се покажа и поќе од одлична.
Devojki, gresiv ili pogodiv neznam, ke vidime ama jas go naracav femme parfemot. Kolekcija bese od krema parfem I dezodorans mislam. I kaj drugiot mi ostana mislata ama nekako skap mi e za ovoj period, preterav so kupuvanje Dali ke se pogodit traen ili ne neznam, ke si ja isprobam (ne) srekjata I da za pudrata na Lux ic ne mi se pogodi. Ko krema da stavam a ne pudra.
@Kukla994 И јас жалам за пудрата, очекувањата ми беа многу поголеми, а се разочарав ако нешто мразам то е крем пудра ко ништо да немаш на лице.
Јас ќе ти го кажам моето искуство. Ги користев добри 6-7 месеци ама не ми помогнаа. Имам суви врвови и претежно место да ми помогнат ми одмогнаа. Се користат на мокра ( избришана со пешкир ) коса или на сува коса пред фенирање. И двете опции ги имам пробано и воопшто не ми помогнаа, уште посуви ми ги направија врвовите. Исто така, мрсни ми беа уште пред да ми се исмрсни цела коса ( пред миење ). Јас не би ги купила пак, наместо да бидат мазни како свила врвовите ми беа како метла. Додуша мене повеќе ми помага мароканското масло за коса од Ферги.
Пробај ги, но и покрај нив пробај го и мароканското масло, тоа ја прави косата мека и нежна како свила барем мојата, За ништо не го менувам, го користам добри две-три години. А и ти мириса на убава коса долго време. Искрено да ти кажам за разлика од капките ова го нанесуваш на цела коса.