Јас никогаш не го нанесувам маслото по цела коса - не ми текнало до сега, но мислам дека би било одлично како третман за пред миење, баш ќе пробам некогаш кога ќе имам повеќе време. Ама како ми ја негува косата после миење, тоа не можам да го опишам. Последен пат се шишав во септември, а врвовите не ми се воопшто оштетени, иако понекогаш кога сум во брзање посегам по фен, а се пеглам и доста често. Кога ќе подразмислам подобро, не памтам кога сум ја пеглала целата коса во скоро време - по капење нанесувам од маслото само на врвовите, чешлам убаво и тоа е тоа, косата ми е права како праз.
Си купив јас кокосово. Иначе знам дека убаво е тоа мароканското ама скапо е немам пари баш моментално. Чим имам одма ќе си купам
Јас наминав само да споделам позитивни импресии за жолтиот Luck парфем. Го порачав од К16, денеска прв пат го тестирав. Имам само пофални зборови, сите во друштвото ме прашаа каков парфем имам ставено, еве си дојдов, се пресоблеков, а мирисот уште го осеќам. Кој е во потрага по зимски парфем а од кој сепак не се паѓа во несвест од што е јак, слободно нека се одлучи за овој. Инаку порачав маскара, Биг Даринг мислам беше, не таа со правата четка туку со извитканата. Искуство некој?
Значи Luck дефинитивно им е No.1 парфем. И мене исто ме прашуваа, додуша многу е добар дефинитивно го порачувам повторно. За Биг Дарлинг ќе ти кажам искуство. Ги извиткува трепките, им дава волумен, убава маскара но многу тешко се вади, а и брзо се суши мислам во тубичето. Јас ја имав и мене ми беше големо четчето ама се снаоѓав. Ми се свиѓаше како ми ги прави од мали во големи трепки, но се рони. При долго користење имав и грутчиња. Но, добро јас ја нарачав еднаш и потоа преминав на avon Luxe маскарата.
што мислите за парфемите што се по 30 мл , на последната страна ? освен за little black dress мн сум разочарана од овој парфем бидејки го имам големиот од 50 мл , и не е долготраен како порано
Епа ајде тогаш кажете ми која маскара за волумен освен Лукс што не прави грутчиња, па ако не порачала мојата порачувачка да сменам.
Од к16 фолиите сребрена и златна што беа. Мислим дека во к17 ги нема. Се уште не ги пробав, чекам ноктиве да ми потпораснат. Но, кога ќе пробам, обавезно ќе напишам некој коментар тука. Патем, парфемов Rare Pearls е феноменален Погоден е за овој период. За разлика од ТТА, една нота е полесен. Цела соба мириса (од само две три прскања, а не дека се купам со него ) И во врска со траењето, уште ми трае, само со послаб интензитет, за разлика од тта.
Еве и неколку мои коментари за продуктите кои скоро ги користам: * Пудрата LUXE и камената и течната (таа свиленикавата)- одлични според мене * Парфемот LUCK жолт/златен-незаменлив (веќе го имам пофалено) и уште една тура е на пат * Капките за коса:и зелените, и розовите , и црвениот третман-одлични (но ставам само на врвовите па толку убаво ја мекнеат и обликуваат косава особено кога знае некогаш после миење наредното утро да биде како ЗБРЛОЖЕНА * Шампонот за свиленикава коса исто многу ми се допадна (а ги имам користено и зелениот и црвениот-и за двата пофални зборови) * Нешто што користам 3 години без прекин е балсамот за коса кој не е за измивање (зелениот) и не го менувам за ништо на светов *Маскарата за очи BIG AND FALSE нешто не ми се допаѓа многу и како да има некои влакненца и грутки а толку многу ми ја испофалија И да не спомнувам дека некогаш ми ги слепува трепките *Парфимираниот спреј Little black dress-не е нешто посебно, но не е ни толку лош *Од некои лакови за нокти сум разочарана.... Поздрав
Еј девојки. Што мислите за чудава? Убави ли се парфемиве? Бар еден? Сакав првиов комплет да го порачам ама незнам..ме буни плавион комплет, ми се чини дане е поубав а другарка ми вели лилавиот е поубав. Дали некоја од вас имала искуства со барем еден од трите парфеми и геловите?
оваа понуда е одлична и се наоѓа само еднаш во годината, ако си преставник нарачај мостри да мириснеш или побарај од преставникот од кој порачуваш
Да стварно понудава е кој ти ги дава Незнам дали ќе успеам да дојдам до мостра, затоа сакав да се консултирам со вас. Иначе не сум преставник.